Дијаспора

ВИКТОР БИВЕЛ ОД СИДНЕЈ – ДОБИТНИК НА ПРИЗНАНИЕТО „ЗЛАТЕН КЛАС ЗА МАКЕДОНСКИ ВОЗНЕС“ НА ПЕЛАГОНСКИТЕ СРЕДБИ

1vi123

1vi123

ВИКТОР БИВЕЛ Е ГОЛЕМ БРАНИТЕЛ И АФИРМАТОР НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА ВО АВСТРАЛИЈА 

Советот на Пелагонските средби на чело со претседателот д-р Весна Калпаковска на својата седница на 17 мај 2022 година одлучи да му го додели признанието  „Златен клас за македонски вознес“  на Виктор Бивел од Сиднеј, познат автор кој со своето творештво го афирмираат македонскиот јазик и култура во странство. Официјално наградата ќе му биде врачено на традиционалните Пелагонски средби во октомври 2022 година.

Виктор Бивел е Австралијанец од македонско потекло кој својот живот го посветува на македонското иселеништво на Македонија и македонскиот народ со посебна нагласка на настаните во Егејска Македонија. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во Австралија и меѓу македонските иселеници во целиот свет. Тој е познат новинар значаен издавач, уредник и публицист. Неговиот портал „Политекон“ е огледало за вистината на културата, историјата и борбата за основните човекови права на Македонците во Грција.

Семејството на Виктор Бивел е од Нерет, од егејскиот дел на Македонија. Неговите  дедовци Никола Биволчев и Ване Мечкаров пристигнале во Австралија меѓу првите доселеници од Македонија, во 1926 и 1937 година, а неговиот родители Ристо и Фанија Биволчев се преселиле во 1955 година. Виктор е првиот во неговото семејство кој е роден во Австралија.

Виктор Бивел е роден на 20 мај во 1957 година во Манџимап, Западна Австралија, а пораснал во Перт. Тој се школувал на Универзитет од Западна Австралија и Универзитетот Кертин, на групата за уметност и англиски јазик. Виктор e оженет со Жаклина, која дипломирала на правни науки и е адвокат. Жаклина и Виктор имаат три наследници.

Тој како интелектуалец е дел од националното, духовното, културното, црковното и семакедонското живеење во дијаспората и во етничка Македонија, кој има потекло од селото Нерет (Полипотамос), Леринско, во Егејска Македонија. Виктор како личност која има своја  вера, љубов, надеж и која има свој христијански дух претставува значаен дел од минатото, сегашноста и иднината на вистина и трагичната судбина на Македонците во Беломорска Македонија.

Австралијанецот со македонско потекло Виктор Бивел со голема љубов е посветен на дедовскиот праг во Егејска Македонија како дел од етничка Македонија која денес е во состав на Република Грција, се радува, тагува и го споменува родниот крај на  своите претци кои го напуштиле за на век. Виктор е пренесувач и афирматор на македонската вистината во Австралија и во светот.

1vi1234

Виктор Бивел својот живот го посветува на македонското иселеништво на Македонија и македонскиот народ со посебна нагласка на настаните во Егејска Македонија. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во Австралија и во целиот свет. Неговиот портал „Политекон“ е огледало за вистината на културата, историјата и борбата за основните човекови права на Македонците во Грција.

Тој има направено неколку проекти за објавување преку Интернет. Овие изданија вклучуваат онлајн препечатување на првиот македонскиот весник „Македонска  искра“ што се печатеше во Австралија од 1946 до 1957 година. Постојат нешто повеќе од 100 изданија. Во 2004 година ги направи делата  „Македонските заедници низ целиот свет“, што е прва компилација на бројни имиња што можеше да ги најде за градовите и селата низ целиот свет каде има македонски населби, а ги има околу 3.000.

Друг проект му беше под наслов „Договори и правни случаи“. Ова се копии во целост на многуте меѓународни договори што ја поделија Македонија, како што е Договорот од Букурешт во 1913 година, плус некои од националните и меѓународните правни случаи што ја зафатија Македонија и Македонците. Има дел од вистината и животот во Егејска Македонија каде објавува оригинални статии за луѓето, политиката, културата, историјата и дијаспората на Македонците во тој дел на Македонија

Неговиот последен проект е „Бесплатни електронски книги“, каде што става достапни бесплатни копии на книги за македонските човекови права, политика, историја, дијаспора, јазик, економија и други области. Досега има над  320 бесплатни книги на веб-страницата, меѓу кои и 60 публикации и 150 текстови претежно за Егејска Македонија на авторот на овој текст Славе Катин. Сите 320 бесплатни електронски книги можат да се видат и прочитаат на веб-страницата на Виктор Бивел, www.pollitecon.com

Порталот „Политекон“(Pollitecon www.pollitecon.com ) е формиран во 1992 година, чија цел е следната: За читатечите да обезбедат квалитетни информации на англиски јазик за етничките Македонци во светот, особено во Грција, да им помогнат на етничките Македонци да постигнат признавање и човекови права и да и’ помогнат на Грција да престане со својата политика на асимилација и да биде со толерантно и мултикултурно општество .

Во биографските податоци на Виктор Бивел е забележано дека тој е уредник, издавач, новинар, публицист и чувар на македонското име, на Македонија, а е вљубеник во Егејска Македонија. Тој е уредник и новинар на списание од 1987 година и уредник на книги и издавач од 1992 година.

Во 1984 година Виктор со семејството се преселил од Перт во Сиднеј, а во 1987 година бил вработен како уредник на списание во Издавачката куќа „Томсон“. Во оваа улога тој беше уредник на ФЕН, производствено списание за инженери што го уредувал пет години; и БПН, списание за градежни производи што го уредувал истовремено со ФЕН за една година.

1vi1235

Во 1992 година Виктор ги напушти изданијата на „Томсон“ за да основа сопствен издавачки бизнис – публикации, веб-страницата „Политекон“. Политекон обработува три значајни теми: политика, литература и економија. Во него Виктор бјавува македонски теми на англиски јазик. Публикацијата „Политекон“започна со работа во 1992 година и досега има објавено  14 книги. Повеќето се фактички книги за животот во Егејска Македонија, но ги објави и првите преводи на англиски јазик на романите „Црно семе“, „Големата вода“ и „Пиреј“.

Виктор како интелектуалец е дел од националното, духовното, културното, црковното и семакедонското живеење во дијаспората и во етничка Македонија, кој има потекло од селото Нерет (Полипотамос), Леринско, во Егејска Македонија. Тој како личност која има своја  вера, љубов, надеж и која има свој христијански дух претставува значаен дел од минатото, сегашноста и иднината на вистина и трагичната судбина на Македонците во Беломорска Македонија.

Тој со голема љубов е посветен на дедовскиот праг во Егејска Македонија како дел од етничка Македонија која денес е во состав на Република Грција, се радува, тагува и го споменува родниот крај на  своите претци кои го напуштиле за на век. Виктор е пренесувач и афирматор на македонската вистината во Австралија и во светот.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

To top