Среда, 02 Јуни 2021   
ЉУБОЈНО - РАСАДНИК НА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ - ДЕЛ II (10)

1lju123Голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката, дипломатијата, културата, публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општестени заслуги, затоа, одреден број од нив се опфатени во овој дел на текстовите во продолжение. Меѓу нив се:

Проф.д-рБисеркаЈовковска-Ќаевае ќерка на Јовко Јовковски од Љубојно и е родена во Ресен во 1953 година. Се школувала во Скопје каде завршила и медицински факултет. За вонреден професор е избрана во 2002 година. Нејзин посебен предмет на интгерес се болестите на плеврата и превларниот излив, област која е и нејзината докторска десертација.

Работи во единицата за инвазивна дијагностика во Одделот за ултразвук чии почетоци на работа директно поврзани со нејзиното директно ангажирање на набавка на опрема и воведување на ултразвукот во дијагностиката, следење и лекување на болните во преврални изливи и периферни сенки во белите дробови

Остварила повеќекратни научно-стручни престои во земјата и во странство и презентирала бројни трудови од својата област. Автор и коавтор е на поголем број научни трудови, учебници и друга медицинска литература како на делото „Совррмена дијагностика и терапија во медицината“ (2000), „Учебник по интерна медицина“ (2003), „Практикум за вежби по интерна медицина“ (2004) и „Учебник по предевтика“ (2004). Чле е на Македонското и на Европското респираторно здружение.

Поф. Д-р Елизабета Србиновска – Костовска е професор по интерна медицина на Медицинскиот факултет-Скопје, а е вработена како лекар специјалист интернист-кардиолог на Клиниката за кардиологија-Скопје. Таа е родена 1961 година во Скопје, каде завршила основно и средно образование. На медицинскиот факултет дипломирала во 1984 година. За помлад  асистент по предметот Интерна медицина е избрана во 1988 година, а за редовен асистент во 1991 година.

1lju1234Центарот на Љубојно

Посдипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје завршила 1990 година и стана магистер на медицински науки. Докторска дисертација на тема „Проценка на валвуларните протези, резултати и компликаци по валвуларен репласман“ ја одбрани 1995 година. Во фебруари 1997 година е избрана за научен соработник по предметот Интерна медицина од кога е вклучена во наставата за студенти, лекари на специјаизација и постдипломски студии. Во декември 2001 година избрана е за професор.

Активно учествува во научно-стручната работа на Клиниката за кардиочогија и има изработено над 200 научно-стручни трудови кои се презентирани на голем број национални и интернационални симпозиуми и конгреси (Шпанија, Египет). Автор и коавтор е на делата „Современа дијагностика и терапија во медицината“(2000), „Валвуларе реплеисмент  на срцето“ (2002). Делови во учебниците „Интерна медицина“и „Интерна пропедефтика“ на Медицинскиот факултет во Скопје.

Проф д-р Кристина Василевска, епидемиолог во Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика. Таа е родена во Битола во 1952 година и е ќерка на д-р Владо Туџаров од Љубојно. Со основно и средно образование се стекнала во Битола, а Медицински факултет завршила во Скопје во 1976 година. Својата работна кариера ја започнала во Медицинскиот центар „Трифун Пановски“ во Битола, а во 1982 година,  a од 1982 година е од во новоформираниот Институт за епидемологија на Медицинскиот факултет во Скопје.

Во 1988 година го одбрани докторскиот труд „Епидемиолошки карактеристики на ракот на дојката во Република Македонија, а потоа се здоби со наставните звања, доцент, вонреден и редовен професор на катедрата на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика.

Таа е член на повеќе стручни и научни здруѓенија, а во 2000 година со колеги од Филозофскиот факултет и Катедрата за дефектологија учествува во формирањето на „Македонското научно здружение за аутизам“. Била соработник на Министерството за здравство на Република Македонија, во Светската здравствена организација, притоа работејќи како активен учесник и презентер на ставовите на Министерството за здравство. Била учестик на бројни семинари, проекти и научни во земјата и странство.

Проф. Д-р Кристина Василевска учествувала во сосзавање на учебници и научни студии од сверата на  дејностите на Катедрата за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика и тоа: Брза проценка на состојбата во здравството (2001), Биостатистика,  Практикум во биостатистика и јавно здравство (2006), Општа епидемиологија (2007), Алергиските болести во Република Македонија (2008) и Специјална епидемиологија (2009).

Д-р. Дијана Костов – Шерденковски, дипломиран фармаколог, д-р по фармакологија, BCPS, BCOP, работи како клинички фармацевт-специјалист во одделението за хематологија/ онкологија и на Институтот за рак „Џозефина Форд“ при Болницата „Хенри Форд“ во Детроит, Мичиген. Дипломирала и докторирала за фармацевт на Државниот универзитет „Вејн“. По дипломирањето д-р Костов продолжува со напредно специјализантско специјализирање во Болницата „Хенри Форд“, а своето стажирање за онколошка фармација го завршила кај д кај д-р Андерсон во Хјустон, Тексас. Таа, исто така, е специјалист за фармакотерапија и онкологија.

Д-р Костова ја посветува својата фармацевска кариера на обезбедување максимална фармацевска грижа на ците нејзини пациенти, така што таа претставува ресурс за информации за лекарите и медицинските сестри, едуцирајќи ги студентите по фармација на Државниот универзитет „Вејн“ и постдипломците – стажанти во Болница „Хенри Форд“, Оддел за фармација како и спроведувајќи  клинички истражувања.

Д-р Костов е член на повеќе комисии при Болницата „Хенри Форд“ и автор на институционални политики и директиви ки се користат во целиот систем. Покрај тоа има објавено и презентирано истражувања на национални и регионални средби и има и има напишано поглавја за фармакотерапија за една книга по физиологија.

Своите постигнувања д-р Костов – Шерденковска ги посветува на фармацијата, поддржувајќи го и сакајќи го своето семејство. Таа е 20 години во брак со сопругот Златко и имаат три сина – Александар, Метју и Димитри. Д-р костова е првата генерација македонска Американка. Нејзите родители се Владо и Елица Шерденковски по потекло од Љубојно.

Д-р Петре Лубаровски e роден на 10. 02. 1935 година во Љубојно, каде го завршил основното образование во училиштето ”Димитар Влахов”. Во тие немирни воени години во првото одделение учел на албански, италијански и македонски јазик. Потоа, по ослободувањето на Република Македонија, образованието до осмо одделение го продолжил на македонски јазик. во ОУ” Димитар Влахов”. кое беше првото училиште на македонски јазик во Преспа, а второ во Македонија. Средното образование го продолжил во Гимназијата “Јосип Броз Тито” во Битола, а потоа се запишал и го завршил Медицински факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Како студент бил извесно време на меѓународна размена  на студенти во Париз, Франција.

Неколку години по завршување на своето образование на Медицинскиот факултет и работата во Скопје, патот го однел меѓу печалбарите од Љубојно во Детроит, Мичиген. Таму живеел и работел како лекар во периодот од 1967 до 1972 година. Меѓутоа, неговиот животен сопатник, сопругата Д-р Стојанка Лубаровска (родена Димовска) и трите ќерки, Кристина, Наташа и Билјана со своите семејства го вратија назад во неговата родна земја Македонија. По враќањето од Соединетите Американски Држави во 1973 година, својот работен ангажман го продолжил во Алкалоид – Скопје, од каде и се пензионира во 2000 година.

1lju1235Детроит 

Д-р Петре Лубаровски до крај на својот живот останал доследен со љубовта кон Македонија, кон зачувувањето и напредокот на родното Љубојно, особено за возобновувањето на Основното училиште „Димитар Влахов“  кое е оставено на забот на времето. Тој, заедно со поголем број љубанци во Македонија и во иселеништвото собираше помош и го актуализираше проблемот за училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно Притоа, оставил аманет на семејството со зборовите: “Кога ќе починам да ме погребате во моето родно Љубојно, сакам со главата да бидам свртен кон Езерото, а за Илинден да ми палите свеќа“ Тој почина на 23.09.2015 година на 80 годишна возраст, а неговото вечно почивалиште е во неговото родно Љубојно. 

Проф. Д-р Мајкл Симов кој беше  директор на Клиниката за бронхоскопија и интервентна пулмологија во состав на болницата „Хенри Форд“ во Детроит, САД има љубанско потекло. Имено, тој и неговата сопруга Евона се од македонско потекло и се активни членови на православната црква „Св. Климент“ во Детроит.

Д-р Симов е втора генерација македонски Американец. Неговиот татко Џејмс е роден во Лореин. Охајо. Д-р Мајк Симов, пак,  живел со сопругата Евона во Нортвил, Мичиген и двајцата се многу активни поборници и симпатизери на науката и на спортото. Неговите родители имаат корените од Љубојно од семејството Мартиновци и од Битола. Мајката на д-р Симов (Илинка) е од Породин, Битолско.

По дипломирањето на Универзитетот во Беин д-р Мајк Симов својот живот го посветува на медицински истражувања и е вклучен во развојот на важните пионерски третмани за рак на белите дробови и други болести на градите и белите дробови.

Д-р Симов ги има изработено наставните планови во областа на напредната технологија на болницата „Хенри Форд“, на државниот универзитет „Вејн“ и на Американската асоција за бронхологија и интервентна пулмологија. Има патувано во Европа и Азија да обучува лекари за најновите иновации во медицината.

Д-р Мајк Симов е автор на бројни публикации и е именуван за еден од „Најдобрите лекари на Америка“ и „Американски врвни лекари“ во период од пет години. Тој е член на директори на Институтот  за рак „Џозефина Форд“ и на болницата „Хенри Форд“.

Љубојно се гордее со горенаведените личности во повеќе продолженија, но исто така се гордее и со голем број интелектуалци и врвни стручнаци во медицината на Република Македонија и ширум светот, кои имаат потекло од Љубојно,  меѓу кои, ќе ги споменеме: д-р Благој Сековски, д-р Наум Карапашовски, д-р Јосиф  и д-р Стерјо Кондовски и д-р Љуба Ничевска, во Соединетите Американски Држави.

Продолжува 

1slaveПишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.