Среда, 03 Февруари 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (4)

1sad1

СЕМЕЈНОТО СТЕБЛО НА ФАМИЛИЈАТА СТАМЕВЦИ 

Светозар-Светле Стамевски  е исклучително доблестен, комуникативен и полн со позитивна енергија Македонец, Затоа, за подобро да го портретираме неговиот лик и воопшто неговиот животек ќе се вратиме многу децении наназад

Семејната приказна на Светле (Стив) Стамевские интересна и уникатна, Затоа ќе ја почнам сагата за семејството Стамевци од селото Одри, од дедо-прадедо, од оние времиња кои се вгнездени во незаборавот, од имињата кои се столбот на оваа прекрасна тетовска, одриска, детроитска фамилија.

Според информациите што ги добив од Светле во разговорот што го водевме во неговиот дом во Детроит,  неговиот прадедо се викал Димо и тој бил од семејството Цареви од селото Лешок. Ka­ко што бивало во тоа време, отишол домазет во Вратница. Таму и ја бендисал прабабата на Свето, убавата Менка, со која и се оженил и така почнале да се градат темелите на неговата  фамилија.

И Димо и Менка, биле скромни, биле многу вредни луѓе. За да се знае дека тука во Вратница го почнале својот заеднички живот, прадедото Димо засадил во дворот маслиново дрво, кое им донело касмет на Стамевци, и ете и ден-денес тие наследниците како Светле и неговите деца, ја продолжуваат оваа интересна приказна за самите себе.

Инаку, селото Вратница е сместено во областа Полог во подножјето на планинскиот врв Љуботен. Во близина на селото се наоѓа и реката Ракита која се влева во Вардар. Селото се наоѓа на магистралниот пат кој води од градот Тетово до граничниот премин Јажинце, денес на македонско-косовската граница. Од градот Тетово е оддалечено 22 километри и е на само 5 километри од Јажинце.

Порано, селото претставувало општинско средиште на истоимената општина, во која влегувале и селата ЈажинцеРогачевоСтаро СелоБеловиште и Орашје, додека денес селото е дел од проширената Општина Јегуновце.

Димо и Менка силно ќе им се израдуваат и на својата втора машка рожба, на дедото на Светле, Крсте (1898 - 1976). Да се роди син, и тоа уште еден, во фамилијата значело многу, бидејќи тоа, тогаш било гаранција дека ќе се продолжи семејната лоза.

Како што се сеќава денес Светле (Стив) Стамевски, дедо му Крсте бил со среден раст, но многу добро граден, и како што вели, цврст човек. Ама, сите го паметат како многу личен. Судбината била сурова кон него. Уште како мало детенце на тригодишна возраст, дедо му Крсте останал сирак. Татко му настрадал, погинал, и немајќи друг избор за да може да преживее, мајка му се премажува во скопското село Свиларе. Таму ги носи со себе од Вратница и постариот син Ристо и секако, помалечкиот Крсте

1sad11

1sad111 

Реката Ракита крај селото Вратница 

Очувот прави се’ што може за да бидат добро згрижени двете дојденчиња, неговите присинови, и секако нивната мајка Менка. Тој дури и на грбот по реката Вратничка ги носел тие кревки дечиња, на кои им бил далек и напорен патот од Свиларе до Вратница, кога требало да одат на визита за празник или делник.

Арно ама, повторно, се случува трагедија. Сега веќе кобна за малите братчиња. Само по нецела година, умира нивната мајчичка, која толку многу ce трудела да ја најде својата и среката на двете нејзини синчиња. Кога веќе така се случило, и кога немал од што да живее и да го прехрани семејството, тогаш очувот ги зема нив и ги враќа назад во Вратница.

Но, бабата Менка која била најмала, немала брат, а сите сестри и биле омажени, па дечињата и немале каде да одат. Тогаш некој ги земал и ги донел во селото Одри, каде всушност и почнува да се плете приказната на семејството Стамевски. Во големата фамилија на Јанковски, кои биле седум-осум браќа, бил земен Крсте. Тие имале надимак Патроњари, додека пак кај Крстиќи бил посинет Ристо. Дедо му на Крстета кај Јанковци се викал Ѓоро, а баба му Коцана. Од Старо Село, во Одри бил дојден прадедото Стаме каде и бил посинет. Но, посинет бил од тетката Трпка која со својот маж Јанко, решиле да го земат Стамета.

Инаку, сопругата на Јанко била од попска фамилија од Давошник а тој бил од Одри. Стаме дошол од Старо Село во Одри. Тоа значи дека Стаме му е притатко на Крстета, кога веќе татко му Димо умрел а мајка му само што се премажила, па и таа умрела. Крсте бил човек кој, исто така, минал низ доста тешки години од својата најрана возраст. Тој живеел во Одри, но, веќе во детство морал да замине во Романија.

Инаку, од памтивек влашката земја била “ветена земја” за голем број Македонци, особено од западниот дел на Македонија, кои со торбата на рамо, тргнале по белиот свет да спечалат и пак да се вратат во Македонија на дедовските корени. Таквите печалбарски движења, според некои пишувани документи и од комуникацијата со бројни раскажувачи, може да се каже дека биле прилично интензивни и оставиле свој белег врз историјата на македонскиот народ.

1sad1111Црквата во Одри

Се знае дека по неколку илјади Македонци од Галичник, Кичевско, Струшко, Тетовско, Мијачијата, Маврово, и од други делови на Македонија оделе на гурбет во Влашко. Таму се занимавале со различни занимања и живееле претежно групирани во тајфи, односно групи, с# со цел полесно да го организираат животот и подобро да се снајдат во новата средина. Таквиот печалбарски живот оставил траги во историјата, културата, обичаите и црковното живеење на македонскиот печалбар. Затоа, не случајно се испеани бројни песни за одењето, живеењето и враќањето на печалбарите од Влашко.

Таква била и судбината на дедото на Стив -  Крсте. Уште во 1909 година, Крсте, трнал на печалба во Романија. Таму, тој како детенце, некако се снаоѓал за да придонесе во заработувачката на фамилијата. Продавал ѓевреци и сладоледи и за време од двете години колку што бил во Романија, него веќе почнал да го челичи животот.

He му било лесно. Ама и дома, откако си дошол, по три години бил собран од тогашните џандари и бил испратен на фронтот не како македонски, туку, како српски војник во балканските војни. Каква голгота преживеал, само тој знаел бидејќи тешките лузни во душата никогаш не биле избришани. Co самото тоа што од петнаесет илјадна војска само околу девет илјади Бог ги спасил за да се вратат живи дома, најилустративно зборува за сета таа мрачна страница на Крстета.

Ама тоа било само почеток. Зашто, тој морал пак аскер да замине со сила, сега, во Првата светска војна. Повторно поминува низ пеколот, ама пак Бог го дочувал. Си доаѓа назад дома во Одри. Решил да се жени. Избраничката на неговото срце е личната мома Наца од Јалошник. Но, само што се израдувал на првите брачни заеднички дни, Крсте морал да го нарами торбулето и повторно преку Србија и Дунав да замине на печалба во Романија, каде што веќе бил појден татко и’ на баба му на Светле Стамевски и тоа со целата фамилија, и така отишол и тој кај нив. Меѓутоа, не за долго. Некако, работите не му тргнале како што планирал. He нашле разбирање со нив, и еден ден решава да се врати назад дома во Одри.

Си дошол во Одри. Ама како да се преживее? Како да се одгледаат жена и деца? Сите тие дилеми му ја корнеле душата и тој морал пак да бара некое чаре. Долго разговарале со сопругата и со брат му Ристо, кој ли пат да го фатат и каде да тргнат по заработка и опстанок на семејството? Затоа, се одлучил друго чаре да бара за доброто на неговата фамилија.

Продолжува 

1slave Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.