Среда, 20 Јануари 2021   
ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

1Vasington 1

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Бевме сведоци на масовните протести пред парламентот на САД во Вашингтон организирани од подржувачите на претседателот Доналд Трамп за да го искажат незадоволството од нелегалните (фалсификувани во корист на Демократите и Џо Бајден) избори.

1Vasington 2

Секако од мировен протест се направи револтиран и агресивен протест посебно што се илфиртрираа лица од познатата Антифа кои направија огромна штета во сенаторските простории. Секако ова за демократите беше добредојдено и го окривија Трамп за организирање на овој „пуч“ и се побара импичмент – недоверливост на неговата должност како претседател и негово оцрнување и отстранување. Овој настан се пренесуваше низ сите медиуми (контролирани од левицата на Демократите) како црна дамка на американската демократија каде животот го загубија неколку лица со стотици повредени. За да се „покаже силата на демократијата“ Фејс бук и Месинџа го исклучија Трамп и тотално го изолираа од комуницирање со неговите 80 милиони следбеници и подржувачи. Ете, тоа ти е „силата“ на демократијата каде силата на големите корпорации и алигорите победува – тие ќе владеат со новиот поредок на длабоката држава. 

140645691

Зградата на Американскиот Конгрес ме потсети на еден друг настан каде Обединетата Македонска Дијаспора одржа 3-та конференција во ближниот Марион хотел во 2011 година, а секако беа гости и кај неколку конгресмени подржувачи на македонските национални права. Претставник од Австралија и Литературното друштво „Григор Прличев“ беше писателот Иван Трпоски при што ми даде повод да го запрашам и присетам за тој важен настан во Вашингтон – лулката на демократијата.

Делегатите на ОМД лобира во конгресменскиот Парламент во Вашингтон 2011

Иван забележа: „Да бидам искрен никогаш нема да го заборавам тој национален собир на кој учествуваа десетици македонски активисти од повеќе градови во светот. Како претставници на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј отпатувавме со публицистот Виктор Бивел и со уште неколкумина активисти  од австралиските друштва и асоцијации. Хотелот Мариот беше закитен со повеќе македонски симболи меѓу кои и шеснаесет кракото сонце од Кутлеш, а на ТВ екраните почесто се прикажуваше програмата на ОМД која требаше да се одржи во одредениот дводневен период“.  

Кажи нешто за лобирањето во Конгресменскиот парламент?

„Овој настан на кој почесто се сеќавам и го имам прераскажувано повеќе пати ми прави немир и неспокој во душава. Со автобус отпатувавме од хотелот Марион до вратите на најпознатата зграда во светот – Конгресменскиот парламент во Вашингтон. Отидовме во оваа зграда со единствена цел да лобираме за името на нашата татковина Република Македонија. Бевме одредени по групи за да одиме низ бескрајните коридори и да се разминуваме со мноштво од народ кој исто така допатувал во ова најомразена бастилија за да бара финасиски или национален спас за земјата, да бара милост од овие американски, сенаторски гангстери.  При средбите кои обично беа многу кратки бевме пречекувани со кисел насмев, а испраќани со нежно тупкање по рамена и ветување дека повторно ќе се видиме... Одев замаен по колегите и пренесен во емоција, со насолзени очи и гласен липаж си повторував: дали е можно јас да бидам во оваа зграда, дојден како селанче од моето Волино со изминати 20.000 км до втората татковина Австралија, а оттаму и уште толку илјади км да дојдам во ова најбогата земја и да го бранам името на својата прва татковина!?  Но тоа се случи, само останаа горчливи спомени во моите мемории, зашто луѓето кои ја раководат Македонија за пари и популарност го продадоа нејзиното достоинство. Го сменија името, знамето, уставот, сега се токмат тоа да го направат и со историјата, јазикот и нашиот национален идентитет“.

А што да очекуваме понатаму, Иване?

„Америка е Америка, за неа важат едни демократски аршини, а за кутрата наша Македонија други. Се прашувам дали овој сегашен упад во Конгресменскиот парламент во Вашингтон  не е сличен или ист на оној во Скопје во кој упаднаа во Парламентот навредени граѓани на Македонија, во кој насилно се променуваше Уставот и името на државата, се интонираше туѓа химна... Дали има сличности во гласачкиот фалсификат во Македонија и Америка, каде со  притисокот на едно копче се менува влада и иднината на Државата? Дали навистина ние учиме за демократија од Американците  или тие учат од нас Македонците? Но едно е важно Америка е богата земја и таа безболно ќе го продолжи својот пат кон „демократијата“, а Македонија е сиромашна земја и управувана од изроди и арамии, подлижувачи на надворешни политики, па ќе и треба долго, долго време да се демократизира“.

Душан Ристевски

 

На прво место

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.