Среда, 23 Септември 2020   
БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

4.0.6

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Во делото „Македонски вознес”, посебно место е посветено на  Макакедонија, која е историско и географско подрачје чие име потекнува од памтивека. Таа е спомената како земја на неколку места и во Библијата. Многумина патеписци ја имаат доживеано како библиска земја. Сите кои ја опишале Македонија во поодминатата и во поновата историја, се фасцинирани од неа

Македонија како географски регион зазема дел о д Балканскиот Полуостров кој на север се граничи со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осоговските и со Рилските планини; на исток се шири до западниот дел на Родопите и до реката Места. на југ до Егејското Mope и до реката Бистрица, а на запад се граничи со планините Кораб, Јабланица, Мокра и Пинд. Нејзината вкупна територија изнесува 67 741 квадратни км., од кои на 25.441 квадратни км. се простира Република Македонија, додека Егејска и Пиринска Македонија се наоѓаат во рамките на Грција и на Бугарија, а мал дел е под Албанија.

Дури и во подалечното минато, Македонија беше место каде што се сретнаа различни цивилизации и религии. Нејзината единствена географска и стратешка позиција, која заземаше широк појас од Егејското Mope и раскрсниците на важни меѓународни патишта, доведе до рано потпаѓање на Македонија под влијание на развиениот медитерански базен. Во исто време, примајќи различно влијание, тоа подрачје го ширеше и своето влијание над поширокиот регион од Средоземјето. Значајно е, на пример, дека христијанството тука се појавува многу рано.

Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавина, земја на мистерии каде силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Александар Македонски, преку римските и византиските владеења и преку големите миграции на Словените на југ, Македонија била раскрсница на цивилизации, култури, јазици и на народи.

4.0.7 

Карта на Македонската Империја на Александар

Секој камен, секоја грутка црна земја зборува за оваабурна историја, која сеуште во себе крие иногу тајни од минатото. Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името наоваа земјазанераздвоен дел на нивниот идентитет - древните Македонци и Македонците денес, а ова прави силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата земја.

Пред доаѓањето на Турците во XIV век, Македонија беше земја во преродба, со фасцинантна уметност, богата средновековна литература, еден симбол на цивилизација. Отоманските Турци го уназадија временското движење и затоа почна долга борба за опстанок. Така, во духот на ограбувањата на Турците, долго време ширената исламизација, суровиот феудален систем, нивните најразлични завојувачки походи, тешкотиите и страдањата предизвикани од тоа, ќе остават длабок и болен белег на духовниот пејзаж на Македонија и на Балканот, правејќи ги место каде што се вкрстуваат Запад и Исток.

Балканските војни (1912-1913) ќе гоодбележатослободувањето на Македонија од турскиот јарем, но тие исто така ќе ја одбележат трагичната поделба на Македонија од страна на Грција, Бугарија и Србија, и подоцна од Албанија. поради што ќе следат уште погруби услови и дискриминација врз македонскиот народ. Македонскиот јазик беше забранет дури и за домашна употреба во Егејска Македонија и се применуваа строги казни за оние кои се осмелуваа да го зборуваат.

Во Србија, која подоцна ќе прерасне во Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, во југословенската монархија, Македонија беше колонизирана, на Македонците им беше негиран својот национален идентитет, а нивниотјазик потиснат. Во Бугарија, во Пиринска Македонија, како и меѓу бројните македонски политички емигранти кои се преселиле таму по бурните историски настани, имало малку простор за развој на македонскиот јазик.

Само преку активното учество во антифашистичката борба за време на Втората светска војна, Македонците ќе стекнат слобода и тоа само во еден дел од својата територија, Вардарска Македонија, која ќе се конституира како Народна Република Македонија, подоцна Социјалистичка Република Македонија, а од1991 година Република Македонија.

4.0.2 

По долговековната потчинетост, народот мораше цврсто да зачекори на сцената на XX век. Кај македонскиот јазик доаѓа до кулминација процесот на стандардизација и стана официјален јазик на Република Македонија. Се развива литературата, која ќе го привлече вниманието на европската и на светската литературна сцена.

Во деловите на Македонија, кои се уште се во состаѕот на Грција и на Бугарија, се уште е доминантен ставот на негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Се случија преселби, означувајќи еден од поголемите, егзодуси на XX век, кои ќе ги раселат Македонците низ светот - од Анадолија до Австралија, од земјите во Источна Европа до Узбекистан и од Германија и Шведска до САД и Канада.

Меѓутоа, треба да се нагласи дека голем број досегашни историски и археолошки наоди потврдиле голем број факти од балканско, европско и светско значење на коишто изворите им се од Македонија и за кои ние Македонците треба да бидеме горди.

Меѓу бројните карактеристики за Македонија се следните:

•  Античка Македонија била првата организирана држава на Балканот и пошироко која имала утврдени граници;

• Филип II Македонски и Александар III Македонски (Велики), први ги вовеле војничките родови: пешадија, коњица и морнарица;

• Македонската фаланга била најдисциплинирана и најобучена војска и била  наоружана со дотогаш непознатото долго копје. Таа војувала неколку децении, често во битки со неколкукратно побројни војски, меѓутоа не изгубила битка;

• Античка Македонија како прва европска империја воспоставила специфични цели и однесувања со потчинетите народи, како: почитување  на  културите  на покорените, неприменување насилство и грабежи на оние кои доброволно се согласиле да се приклучат кон Империјата, утврдување карактеристични државни обележја и организирање посебна одбрана на териториите;

•  Македонците биле првите во Европа кои го прифатиле христијанството како религија   и преку кои се проширило во Еврпа и Азија;

• Од Македонија потекнуваат браќата свети Кирил и свети Методиј кои ги превеле црковните христијански книги на посебно славјанско писмо (старомакедонското), со корени од Македонија;

1MK

• Во Охрид е отворен првиот словенски универзитет, од кој, покрај христијанството се формирала и ширела посебната славјанска култура;

• Во Македонија е нацртана првата ренесансна слика која и денес стои во манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, Скоп-ско;

•  Кокино кај Куманово е една од ретките неолитски опсерватории во светот;

•   Македонија е една од ретките територии  со карпести уметности;

•  Алшарот е еден од ретките минерали, преку кој науката може да ги открие тајните на постанокот на вселената;

•  Во Македонија е роден Аександар III Македонски (Велики), кој заедно со својот татко Филип II Македонски претставува меѓник на историјата на војувањето, такти- ката и досега е ненадминат војсководец;

•  Во Македонија е роден Аристотел, „таткото“ на науката и филозофијата;

•  Од македонско потекло е и најпознатата жена во историјата на човештво- то – кралицата на Египет – Клеопатра;

• Во селото Таор, Скопско е роден и најпознатиот   византиски   владетел   Јустинијан, чии правни одредби се учат и денес во сите светски универзитети;

•   Во  Македонија  е  роден  свети  Димитрија, познат христијански маченик;

•  Во Македонија е роден „таткото“ на современа Турција, Кемал Ататурк;

•   Во  Скопје  е  родена  Света Мајка  Тереза,  една  од  најхуманите жени во светот.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.