Среда, 08 Април 2020   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (26)

117

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА 

Атанас Близнаков, заедно со својата сопруга Славка ги мина сите тегоби и нагорнини на човек што живеел далеку од родната земја. Стана богат и угледен граѓанин со достоинство и име. Затоа тој стана и добитник на бројни признанија и награди

Уште со доаѓањето во Македонија, Матицата на иселениците од Македонија, на 15.12.1976 година на роденденот на Атанас Близнаков му врачи Плакета со Благодарница за неговото активно учество и придонес во афирмирањето на Македонија и на македонската нација меѓу иселеништвото.

По повод 10-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” од која се стипендираат студенти што покажуваат особени резултати, а немаат свои средства за школување, на 13 мај 1987 година во Ректоратот на Скопскиот универзитет се одржа свечена седница на Советот на Фондацијата. Во присуство на голем број истакнати политички, општествени и културни работници на градот и Републиката, во знак на признание и благодарност за востановувањето на Фондацијата и стипендирањето на студентите, ректорот проф. д-р Тодор Џунов му врачи на Близнаков Плакета на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”.

115 116 

На свеченоста особено беше потенциран досегашниот придонес и беше речено дека во изминатите десет години  од основањето на Фондацијата, со помош на овие стипендии досега дипломирале 15 студенти на медицина, филологија, историја на уметноста, новинарство, математика, ликовна уметност, земјоделски науки и македонски јазик, а сега стипендија користат уште 140 студенти по рударство, електро-техника, македонски јазик, национална историја, етнологија и друго. Од оваа Фондација во иднина стипендија ќе можат да добијат повеќе од 250 редовни студенти.

На 11 јуни 1981 година, пак, во ректоратот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, свечено му беше врачено високо одликување од Претседателството на СФРЈ – Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда.

На овој истакнат македонски иселеник и основач на истоимената Фондација за стипендирање на одлични студенти на Скопскиот универзитет, ова високо одликување му беше доделено за неговите заслуги и постигнати успеси во работата од значење за социјалистичката изградба на земјата. Во присуство на истакнати научни работници, претставници на Македонската православна црква и  студенти, одликувањето му го врачи ректорот на Универзитетот проф. д-р Јован Стојановски.

118 119 

Во своето излагање ректорот д-р Јован Стојановски се обрати до добитникот на наградата и до присутните со пригодни зборови, при што рече дека му причинува голема чест и задоволство да го прочита Указот бр. 95/80 од Претседателството на СФРЈ со кој го одликува Атанас Близнаков со Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, кој тоа навистина го  заслужува.

Исто така, во 1990 година Атанас Близнаков стана добитник и на највисокото републичко признание, наградата ,,11 Октомври”. По тој повод за списанието ,,Македонија” бр. 452/декември 1990 година господинот Близнаков изјави:

,,Мојата сопруга Славка и јас, во овие денови напразнување, кога јас ја добив наградата ,,11 Октомври” поради овој настан двајцата бевме горди и сме исполнети со чувство на радост, љубов и задоволство. Наши млади Македончиња, со наша помош, нека го продолжат своето образование за да  станат вистински луѓе на својата родна земја. Немаме поголема радост од тоа што го направивме за време на нашиот живот.

И, би сакале, нашиот пример да го следат други наши Македонци од странство, својот имот и углед да му го вратат на своето родно огниште, на својата родна земја Македонија со што ќе направат забележлив и траен патриотски гест достоен за почит и паметување”.

120

Атанас Близнаков е добитник и на Плакета од Одборот на децата бегалци од Егејска Македонија, за особен придонес.

Во новите услови кога Република Македонија се конституира како независна, суверена и самостојна  држава, Атанас Близнаков имаше средби со бројни претставници од државниот врв, ана 9 мај 1992 година беше примен од претседателот Киро Глигоров.

Во оваа прилика треба да се одбележи дека, уште со доаѓањето во Македонија, во 1976 година, брачната двојка Славка и Атанас Близнакови беа прогласени за граѓани на главниот град на Република Македонија – Скопје. Со тоа тие станаа граѓани на СР Македонија и на СФР Југославија. Како резлутат на тоа им беа дадени патни исправи – лични карти, кои тие ги користеа, а со тоа ги уживаа сите права како и другите граѓани на Федерацијата.

121 122

Меѓутоа, со осамостојувањето на Република Македонија како независна, суверена и демократска држава Славка и Атанас Близнакови, добија македонско државјанство што за нив беше голема чест и гордост. Со тоа тие беа граѓани и на Соединетите Американски Држави и на Република Македонија, за што Атанас Близнаков зборуваше со одбрани зборови. Често тој велеше дека двете државјанства не значат само припадност на двете држави, туку и придобивка, гордост, обврска и израз на љубов кон двата народа и двете држави – Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Продолжува

 KatS 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Новата лажна нормалност на Заев носи нови црни биланси

Неодговорноста на Заев и неговата лажна нормалност ја претвораат Македонија во балканска Ломбардиј...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.