Среда, 20 Ноември 2019   
РАДА ВИДИНОВСКА ОД ТОРОНТО И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (3)

zivoj1

ОБРАЗОВНИТЕ И КУЛТУРНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СЕЛОТО ЖИВОЈНО

Со образованието и за другите карактеристики на образовните и културните процеси во село Живојно бевме запознати од Ѓорѓи Лазаревски, кој повеќе години беше учител во Германија испратен од Министерството за образование на Република Македонија, чие познанство со авторот на овие редови Славе Николовскии-Катин трае токму од Елвангел, Германија

Тој е, исто така, и почитувач на ликот и делото на поетесата Рада КрстевскаВидиновска. Тој како претседател на  Советот на Пелагонските културно-научни средби на својата седница одржана на 12 септември 2018 година се одлучи признанието „Златен клас за македонски вознес“ да ѝ биде доделено на поетесата Рада Видиновска, која со своето поетско творештво има особен придонес за афирмација на македонскиот јазик и литература во странство.

Во врска со образованието и образовните процеси во селото Живојно, учителот (како авторот на овие редови гонарекува) Ѓорѓи Лазаревски, беше љубезен и нè информираше дека уште во минатото дедото на  генералот Панде Петровски и други деца од село Живојно учеле на грчки јазик. Учител им бил селскиот свештеник. Подоцна, во 1913 година, со поделбата на Македонија , наставата се изведувала на српски или бугарски јазик во зависност од власта која била воспоставена во ова село.

Наставата на мајчин македонски јазик започнала еден месец по ослободувањето на градот Битола, односно на 4 декември 1945 година. Прва учителка на мајчин македонски јазик била Олга Ѓорѓиевска. Потоа во разни периоди се менувале учителите, од кои од Живојно била учителката Татјана Талевска.

zivojno2

На Илинден во Живојно

Во 1952 година во Живојноимало 110 ученици; во 1953 година 121 ученик, а во 1954 година 114 ученици. Во овој период биле ангажирани 2 учитела за одделенска настава. Во периодот од 1964 и неколкуте години потоа во село Живојно работеле 4 чисти паралелки со 4 наставници: Ангелко Попоски, Глигур Николовски, Ѓорѓи Јакчулев и Тихомир Груевски. Сите тие беа вредни млади момчиња и со особена почит кон учениците и родителите. По некоја година заминаа на отслужување на воениот рок во тогашната Југословенска народна армија. На нивното свечено испраќање со музика, беше присутно речиси целото село. Потоа почна да се намалува бројот на учениците и паралелките.

Инаку, Ѓорѓи Лазаревски кој беше испратен за учител беше поканет од наставничката Лепа Петровска, на 28 декември 2015 година да присуствува на  приредбата на учениците посветена на дочекот на Новата 2016 година. На свеченоста беше поканет и градоначалникот на Општина Новаци, господин Лазар Котевски како и многу други.

Покрај одделенскиот наставник Лепа Петровска, во оваа паралелка настава изведуваат и други наставници по одделни предмети: по природни науки Роза Минчевска, по англиски јазик Елена Шијакова и техничко образование Марина Лавчанска. Во наредната учебна година беше извршена замена на професорката по англиски јазик Елена Шијакова, а на нејзино место наставата по англиски јазик ја реализираше професорката Марија Ганчевска.

Приредбата на учениците, заедно со родителите и многу гости, беше вешто осмислена со содржини од животот и работата на учениците, од историското минато, но и од сегашноста. А сегашноста натежнала од многу страни.

Додека ние овде читаме и пишуваме на наш мајчин македонски јазик, нашите другарчиња преку ридот, во соседна Грција, иако се исти како нас, оддалечени само неколку километри, немаат право да зборуваат, читаат и пишуваат на мајчин македонски јазик.

Пред 90 години за нив беше подготвен  Букварот наречен АБЕЦЕДАР кој иако отпечатен со дозвола на тогашните власти во Грција, учениците никогаш не го зедоа во своите раце. Зборовите во тој Буквар се чисто наши македонски со акцент на третиот слог одназад, исто онака како што е акцентот на современиот македонски литературен јазик.

Македонците од овие населени места јасно и гласно кажаа дека не се Бугари, ниту Срби, туку се Македонци, па затоа и Букварот не е напишан ниту на бугарски, ниту на српски јазик, туку на македонски јазик со хрватска латиница, бидејки во тоа време немавме своја македонска азбука. На празникот Илинден во 2014, 2015 и 2016 година, поголема група на пензионери од село Кравари и Бистрица, со автобус, го посетивме соседното село Овчарани. Истиот Буквар го има и денес и тој се продава слободно, но во тамошните училишта не смее да се користи. 

Образованието на населението во село Живојно ги даде своите вистински резултати. Со текот на времето, речиси сите беа описменети. Покрај основното, голем број завршија и средно образование во Битола, а потоа многу од нив завршија факултети и се стекнаа со видни позиции во општеството. Нивните имиња не сме во можност да ги споменеме зошто тие се многу, а постои можност и некого да заборавиме. Но, сите тие со своето знаење залагање и работа се достојни синови и ќерки на ова славно моштенско село Живојно, кое како и сите други моштенски села, со својата  богата историја, традиција и минато, ќе останат да живеат во летописните страници и паметењата одолевајќи  на многуте  предизвици и  небиднини.

zivojno3 

Ученици од Живојно                                             

Наставничката Лепа Петровска со своите ученици ни подготви творби од учениците кои на еден  многу впечатлив, прекрасен настап, презентираа дел од  низа настани, врвици, случувања и знајни личности, од убавото и гордо Живојно. 

Овие сега мали творци, утре ќе бидат големи луѓе и со гордост ќе се сеќаваат на своето родно село Живојно и деновите поминати во училишните клупи.

Исто така, со право се вели дека игрите и песните од село Живојно ќе останат запишани со златни букви во аналите на Илинден, на Мариово во двете држави Македонија и Грција и на Македонците во дијаспората.

Илинден таа епопеја на генерациите, е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија. Тој е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Живојно да е најубаво, највесело и најпривлечно село. На Илинден се игра и се пее, тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што се присутни во ова питорексно место  во јужните поли на татковината.

На Илинден во Живојно се собираат голем број иселеници од прекуокеанските континенти и од европските земји, Мариовци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од Егејскиот дел на Македонија што век векуваат ширум светот, гости и иселеници од другите села, како и голем број повратници од Битолско, Преспа, Охридско, Леринско и од Мала Преспа...

Запишано и запаметено е дека токму на Илинден живојчани со гордост го истакнуваат своето бурно минато исполнето со непокор и борба за слобода, за опстој и еден поинаков животек. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Живојно било едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија.

Фолклорните средби во Живојно некогаш имале карактер на еден вид панаѓурска прослава, но, како одминувало времето манифестацијата прераснуваше во значајна илинденска прослава и печалбарска средба на роднокрајните вљубеници...

Игрите и песните од село Живојно како дел од илинденските печалбарски средби се доживуваат свечено и празнично во сите куќи и кај сите посетители. На Илинден Живојно добива свечен празничен лик. Тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај домаќините и гостите, кај сите оние што доаѓаат на визита и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познаници...

Така, овде иселеничките игри и песните од село Живојно покрај убавите егејски ора и другарувањата во родното место, со невидена сила ги привлекува иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На денот на игрите се паметат прекрасната атмосфера и моментот кога селото е преполно со народ, кога е живо како во поранешните времиња. Сите присутни се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родните села Живојно и Мариово.

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.