Среда, 13 Ноември 2019   
РАДА ВИДИНОВСКА ОД ТОРОНТО И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (2)

radav1

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА ЖИВОЈНО

Да се пишува за минатото и сегашноста на село Живојно - Битолско, за Македонците – моштенци од поделена Македонија, за семејството Крстевски од каде потекнува поетесата Рада Крстевска–Видиновска, е многу одговорна задача, но истовремено причинува и големо задоволство. Но, селото Живојно како и сите други моштенски села, со својата богата историја и традиција ќе живеат вечно и ќе одолеат на сите небиднини.

Тоа се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, на територијата на поранешната Општина Бач, во непосредна близина на македонско-грчката граница. Сега тоа припаѓа на Општина Новаци. Од Битола е оддалечено 38 км.

Селото Живојно е родното место на Рада Крстевска–Видиновска, каде таа ги поминала своите младешки години, исполнети со весели моменти на радост и среќа. Името на селото било: Живино, Живоино, а подоцна Живојно. Потекнува од личното име Живан или Живуш за кој се смета дека бил прв жител на ова место заедно со својата многубројна фамилија.

Според пишаните документи за ова село се вели дека жителите на Живојно со векови опстојувале на овие простори. Воспоставиле бројни родовски врски со соседните и подалечни моштенски села, од кои поголемиот дел од нив се наоѓаат во Република Грција. Најголем број од населението емигрирало во Битола, Скопје, Австралија, Канада, Швајцарија, Шведска и на други места. 

Кон крајот на XVIII век во Живојно се доселиле Турци – коњари. До 1912 година имало околу 50 семејства кои живееле во долниот дел на селото,  околу џамијата. Македонците, пак, живееле во горните делови на селото. По Балканските војни и Првата светска војна Турците почнале да се иселуваат најмногу во Турција до 1925 година, а земјата им ја продавале на Македонците.

radav2 

Живојно

Од 1996 до 2005 година Живојно припаѓаше во Општината Бач. Со новата територијална поделба на државата, селото Бач доби статус на седиште на општина, па во тој период Живојно припадна во таа Општина. Тогаш Општината Бач беше мала општина со само девет села и тоа: Бач, Гермијан, Живојно, Добровени, Брод, Велесело, Слицица, Полог и Скочивир. Оваа поранешна македонска општина се наоѓа на крајниот дел на пространата Пелагониска Котлина, која преку Бач се поврзува со Леринското Поле како една голема природна целина.

Овој дел на Република Македонија припаѓа на сливното подрачје на Црна Река, која таму свртува на север во Скочивирската Клисура. Има правец на протегање исток – запад, каде на исток просторот се издига до сртот на планината Ниџе. Тука е државната гранична линија со Грција, каде, за жал, не води некој поглавен пат, туку има само неколку локални патишта, кои се сведоци на изминатото време и состојбите.

Од 2006 година, пак, Живојно влезе во состав на Општината Новаци. Територијата на оваа Општината се наоѓа во јужниот дел на Пелагониската Котлина, поточно во источниот дел на Битолското Поле и припаѓа на сливното подрачје на Црна Река. Всушност, источниот дел на Општината, каде се откриени големи наоѓалишта на јаглен и каде е изградена големата термоелектрана РЕК „Битола“, се издига до сртот на Селечката Планина.

Дел од просторот на Општината ја зафаќа алувијалната рамнина на Црна Река и има рамничарски карактер. Таа се граничи со општините: Старавина, Добрушево, на тесен дел со Могила и Битола. Преку неа водат локални и регионални патишта. Позначаен регионален пат е оној кој води од Новаци за Маково и натаму за битолскиот дел на Мариово. Еден локален пат води на север кон Општината Добрушево, а другиот кон Бач. Во рамките на Општината Новаци припаѓаат 28  населби, меѓу кои и Живојно.

radav3 radav4

Во близина на селото има рудник за јаглен - јамски коп. Јагленот се копал од рудникот и со воз на тесен колосек се транспортирал до Кременица, а потоа до Битола. Во 1934 година во Живојно работела термоцентрала за осветлување на селото и рударската населба „Пелагонија“. Централата работела сè додека работел и рудникот до 1952 година. Живојно повторно е електрифицирано во 1961 година, а водоводот е изграден во 1980 година.

Интересно за Живојно е да се спомене дека тоа е забележано во турските пописни дефтери од 1468 година, кога во Живојно живееле 86 христијански семејства, на кои им служел свештено лице, поп Веле. Во 1885 година христијаните од Живојно го изградиле храмот посветен на „Свето Вознесение Христово“, а селска слава им била Спасовден. Над селото се наоѓа манастир „Свети Илија“, околу кој има гробови. Исто така, во селото Турците изградиле џамија, која е во руинирана состојба. Времето на градба на тој верски објек не е познато.

Македонскиот народ во својата борба за слобода минал и сé уште мине низ бројни искушенија. Сите тие имале своја тежина и значење зависно од местото, времето и условите. Во тој поглед и жителите на село Живојно  не биле поштедени. Тие активно учествувале речиси во сите војни.

Од селото Живојно активно учествувале повеќе комити во Илинденското востание и во отпорот по Востанието. Меѓу многуте ќе ги споменеме: Трајко Атанасовски кој бил комита во четата на Дедо Кољо Добровенски, а потоа војвода на селската чета од Живојно. Други познати комити се: Коста Босов, Петре Чанкуло и Лазо (Ѕоле) Стојчевски. Отпорот против турското ропство постојано се зголемувал. Во тој отпор против насилниците, често страдале и невини луѓе, кои немале ништо заедничко со насилството на власта, но, сепак, во одредени случаи биле жртви на отпорот.

Населението, чиј број според пописот во 2002 година изнесувал 214 жители, додека, пак, во 1953 година живееле 942 житела, кои се занимавале со земјоделство и сточарство и ги одгледувале речиси сите житни култури. Некои семејства одгледувале тутун, а некои овци и крави. Во периодот додека работел рудникот за јаглен голем број на жители биле вработени во рудникот.

Живојно во поранешните пет-шест децении од ХХ век вриело од живот. Новата рударска населба „Пелагонија“ лоцирана пред влезот на Рудникот за јаглен, имала електрично осветлување многу години порано отколку сите други села.

Во населбата, лево од патот, биле изградени десетина плански куќи за семејствата на вработените рудари или други службеници. По престанувањето со работа на рудникот во 1952 година, во овие згради биле сместени бегалците од Граѓанската војна во Грција. Додека за еден дел од вработените рудари во рудникот во село Живојно биле направени неколку куќи во непосредна близина до влезот во рудникот. Во куќите имало електрично осветлување и вода од локален водовод.

Од десната страна на патот имало изградено убава голема трпезарија со кујна во која се хранеле вработените рудари во рудникот. Трпезаријата се користела и за разни свечености во село Живојно. По повод големите државни празници на поранешна Југославија во оваа сала често се одржувале приредби на кои настапувале учениците од село Бач и Живојно. Нешто подолу од салата, од десната страна на патот, биле изградени и две станбени згради за воените старешини на поранешната заедничка држава Југославија.

Меѓу зградите на воените старешини и салата била изградена фурна за печење леб за потребите на војската од пограничните караули како и леб за потребите на кујната на рудникот. Во годините по ослободувањето, многу сиромашни семејства добивале по некој сомун леб од војничката фурна иако тоа со закон не било предвидено.

На влезот во селото Живојно, во непосредна близина на џамијата,  сé уште постои зградата во која бил сместен Штабот на воената команда на пограничните караули. Постоела голема поврзаност на многу полиња помеѓу војниците, старешините и месното население. Жителите на пограничните села биле поголеми чувари на границата и од самите војници.

radav5

Ридникот во Живојно

За жал, во периодот на големото емигрирање на населението од сите населени места, започнала реката на емигранти од село Живојно. Бројот на семејствата станувал сѐ помал. Современата населба наречена „Пелагонија“ се испразнила, а во времето од 1968 до 1970 година останала без жители. Најпрво почнале да ги ограбуваат зградите, а потоа населбата била целосно разурната.

Денес, од новата населба нема ниту трага. Животот како да застанал на едно место и не се поместува. Но живојчани се оптимисти и се надеваат на подобра иднина.

Исто така, Живојно е интересно по тоа што тоа е македонски рудник на јаглен, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пелагонискиот басен, на север е ограничен со Црна Река, а на југ со Македонско-грчката граница.

Според научните истражувања во базалната формација на наоѓалиштето се развиени две јагленосни формации: подинска јагленосна формација и продуктивна јагленосна формација. Посебен интерес за експлоатација има продуктивната јагленосна формација, која е развиена на простор од 30 километри квадратни, а детално е истражена во наоѓалиштето Живојно. Главниот јагленов слој има моќност од 4 до 8 метри. Се појавуваат и повеќе подински слоеви кои немаат континуитет на поголем простор. Јагленот е од типот на меки кафеацијави јаглени –лигнит. Вкупните геолошки резерви на јаглен во Живојно изнесуваат 105 х 106 тони.

Исто така, Живојно е познато по значајните личности кои потекнуваат од ова село, а тоа се: Драган  Христовски, познат борец и функционер во Република Македонија; Панде Петровски, македонски армиски генерал; Љубо Петковски, универзитетски професор; Лазар Гилевски, македонски борец и други, како и со познатата иселеничка Рада Видиновска, македонска поетеса во Канада, која при секое доаѓање во Македонија го посетува своето родно село. Особено Рада со својот сопруг Борче Видиновски се присутни во текот на Илинденските празнувања во Живојно. 

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН     

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.