Среда, 13 Ноември 2019   
БАБА БЕГАЛКА

baba begalka 4

Во Сиднеј премиера на театарска продукција БАБА БЕГАЛКА

Минатата недела на 3 ноември во театарот St George Bank Auditorium во Когра (предградие на Сиднеј) Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со австралискиот хор Georges River Voices успешно на сцена ја постави двојазичната музичка комедија „Баба бегалка“ од драматургот Душан Ристевски. Режијата беше на Душан Ристевски и Лара Мабеи, а музички директор и аражманот на хорските песни беше на Мари Ле Брун.

baba begalka 1

Македонската и австралјанската публика имаа можност да видат една квалитетна двојазична продукција: драма пропратена со традиционални македонски песни во хорска изведба. Не само квалитетот што беше на високо ниво туку и се види иноваторството кое се одвиваше на сцената како сплет на некоја добра орска кореографија. Преку комичните сцени, авторот успеа не само да не насмее туку и да ни пренесе некои важни пораки од животот на сите тие што се наоѓаа на сцена (на луѓето од одминатите години) преку изведбата, дијалогот и наративот на Хелен, директорката на домот за старци. Ова беше една грандиозна театарска изведба со екипа од 24 уметници, прикажана со голема страст со врвни актери и хорска изведба на Georges River Voices. Се потврди она што се рекламираше дека драмата Баба бегалка е оригинална музичка театарска изведба преку која се експлоатираат аспектите на животот во старски дом, животот и љубовта во изминатите години на животот.

baba begalka 2

Покрај тоа што повеќето од улогите ги толкуваа Македонци, некои улоги покрај хорската изведба им беа доделени и на Австралјанци кои така умешно се вкломија со македонскиот тим. Хорската изведба на „Јовано Јованке“, „Македонско девојче“ „Не се бели Маре море“ ја воодушеви публиката, поготово што изведбата беше од австралјанци кои покажаа дека она што е убаво треба да се негува. Целата хорска и театарска изведбата беше на високо ниво, посебно водена од актерите Лара Мабеи, Јаворка Котевска, Никола Апостоловски и на помладите Антонио Нешковски и Стефани Тодоровски како и на дебитантите Рубин Нешковски и Елена Домазетовска. Покрај нив другите улоги ги толкуваа Дана Сампат, Сали Билијамс, Гоце Јовановски, Александар Стојковски, Спасија Огненовска, Стефан Нешковски, Сара Хајд, Сандра Шилсон, Аманда Лу, Ингрид Гелисен, Македонка Наневска, Карен Винцент Спенса, Розмари Купа, Лаура Харта, Сузан Милгат, Ѓорѓи Стојчевски, Тоде Пашовски, како и кучето Ахил.

baba begalka 3

Како што сум информиран од Театарот, вечерта публиката го искажа својот глас и за најдобар актер ја избра Јаворка Котевска која ќе го добие признанието Александар Македонски за глума. Честитки до Јаворка и сите членови на двата тимови како и на авторот Душан Ристевски кој заедно со Лара Мабеи дебитираа со режијата и покажаа дека ваквите соработки можат да дадат врвни плодови на македонскиот културен план во македонската заедница во Австралија.

baba begalka 5

Театарот до последно место беше исполнет и поради побарувачката на публиката, Театарот одлучи драмата повторно да ја прикаже на 1 декември со почеток во 5 часот во театар St George Bank Auditorium во Когра. Убаво е да се спомне дека на театарската претстава на местото на градоначалникот на Georges River City Council присуствуваше градскиот советник Луи Коњарски, кој е од македонско потекло.

 Ivan Trposki

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.