Среда, 16 Октомври 2019   
КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Intervju so Lara 1Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баба бегалка“

Повод на разговорот е Лара Мабеи, која ја толкува главната улога и ко-режира во најновата драмска продукција  „Баба бегалка“ на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во соработка со хорот Georges River Voices.

Лара Мабеи пристигна во Австралија во 2009 година. Во 2016 година се вклучи во Австралиско македонскиот театар од Сиднеј каде толкуваше неколку улоги во драмите „Баба се мажи“ и „Последниот Македонец“. Родена е во Скопје. Дипломира двапати на универзитетот „Св Кирил и Методиј“, во 2005 год. на Факултетот за Политички Студии и во 2008 год. на Правениот Факултет  во Скопје. По доаѓањето во Австралија во 2004 година дипломира на Австралискиот Национален Универзитет во Канбера на одделот за Миграционо право по што стана Агент за миграциони работи и ја основа фирмата Omnis Migration.

Во Македонија активно бевте вклучена во АКУД „Мирче Ацев“. Каков впечаток носите со себе од ова дружење?

Мојата љубов за сцената се разви откако се приклучив на Академското Културно Уметничко Друштво од Скопје во 1984 година. Од тогаш па се до средината на 2008 година бев активен член на друштвото. Играта и песната ми ја полнат душата со среќа и ми овозможуваат да ја изразам мојата креативност.  Меѓутоа, да се биде дел од една група на креативни луѓе содржи и други позитивности како социјализирањето и пријателствата кои беа оформени додека бев член на друштвото. За жал, во Скопје немав можност да глумам и покрај тоа што желбата постоеше уште од најмлади години.

Intervju so Lara 2

Како ја започнавте својата кариера во Театарот во Сиднеј?

Мојата љубовна врска со театарот започна случајно додека се поставуваше драмата „Баба се мажи“ во 2016 година. Дојдов на една од пробите да разговарм со Душан Ристевски за на кој начин би можела да станам спонзор на театарот и бидејќи еден од редовните глумци беше отсутен ме замолија да ја читам улогата на таа личност. Можам да кажам Душан и останатите членови ги бендисаа моите глумачки квалитети и ми беше понудена малата улага на Цеца пеачката. Потоа глумев во големата продукција „Последниот Македонец“ во улогата на Марија, сестрата на главниот лик.

Кој од карактерите ви беше најинтересен или најпровокативен посебно за вашата креативност?

Тоа ќе мора да биде пеачката Цеца во драмата „Баба се мажи“. Овој лик беше напишан за мене и претсавуваше вистински предизвик. Јас немав текст во улогата туку требаше да го претставам моментот на публиката со мимии и пеење. Улогата ги спои трите работи кои најмногу ги сакам во еден момент. Глумењето, пеењето и сцената заедно станаа мои омилени активности.

„Баба бегалка“ е најнова продукција на АМТС во неа ја играте главната улога на Хелен

Карактерот на Хелен е интересен и поинаков од другите карактери кои досега го играв. Хелен е Австралијанка која го посветува својот живот да им помага на другите и верувам дека на некој начин се поклопува со мојот карактер во вистинскиот живот. Оваа продукција ми претставува нови предизвици бидејќи јас исто така и режирам заедно со Душан Ристевски а тоа е нешто што не сум го правела досега. Тоа исто ме поттикнува да размислувам повеќе време да посветам и на режијата што секако ќе биде посебен предизвик.

Оваа продукција се работи со хорот Georges River Voices во кој вие имате водечка улога. Како ја гледате оваа соработка и на што поконкретно хорот работи?

Хорот Georges River Voicesе нов хор кој беше основан во јули 2019 година. Членовите на хорот беа дел од друг хор кој престана да постои во крајот на месец мај оваа година и ние дојдовме на идеа да основаме нов хор во кој истата група на луѓе ќе продолжи да членува. Бидејќи хорот а на некој начин ново основан, јас видов одлична можност да се промовира хорот доколку се вклучи со театарот во една ваква продукција каде хорот ќе биде дел од сценската изведба и во исто време ќе пее неколку македонски традиционални песни. Невероватниот предизвик лежи во тоа што освем мене, сите други членови се Австралијани и сепак ќе пејат на македонски јазик. Исто така во моментот хорот работи на песните на познатат група Queen и ќе одржи концерт на 25 октомври на фестивалот Discovery во Хрствил. Се надевам дека нашата соработка ќе продолже преку песната да ја промовираме македонската култура.

Intervju so Lara 3

Исто пишувавте и поезија и проза. Дали работите на издавање на книга?

Пишувам есеи и поезија, во зависност од моите креативни набои, и мислам еден ден истит да ги објавам. Но сега најповеќе предизвик ми дава хорот и театарот и мислам дека повеќе ќе се насочам кон овие креативни дејности.

Што е во план после „Баба Бегалка“?

Мојата работа со хорот и со театарот ќе продолжи и понатаму. Истата продукција се планира да се прикаже во почетокот на годината на други места во Сиднеј и Волонгонг. После тоа ќе видиме, во зависност што театарот планира и ќе понуди. Секако, креативноста нема граница.

Драмата „Баба бегалка“ премиерно ќе се прикаже во недела 3 ноември во 5 часот во просториите на St George Bank Auditorium, Montgomery Street Kogarah. За резервации на 0425231335 или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Интервјуто го водеше Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.