Среда, 04 Септември 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (10)

pelister1

КРСТОАР – ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ РЕГИОН ПОД ПЕЛИСТЕР

Да се пишува за минатото и сегашноста на селото Крстоар - Битолско, кое е дел од подпелистерскиот крај на поделена Македонија е многу одговорен  зафат, но истовремено причинува и големо задоволство. Крстоар, како и сите други подпелистерски села, со своите богати традиции, историја, духовно и национално живеење ќе опстои вечно и ќе одолеат на сите предизвици 

Селото Крстоар е едно од најкарактеристичните места сместено во падините на Баба Планина, а со лицето свртено кон Пелагонија. Тоа има прекрасна местоположба и климатски услови за одмор и живеење и како едно од најблиските населби на Битола, го вбројуваат меѓу најхристијанските села во тој регион. Крстоар е убаво село кое пленува со своите стари архитектонски  градби, со дворовите, како и со иновациите во градбите и во начинот на живеење што бројните печалбари ги пренеле од светот во својот роден крај.

Едни од таквите печалбари е семејството Видиновски, кое е дел од големата македонската  печалбарска сага. Затоа, со право се вели дека судбината на Македонците од печалбарските битолски краишта била сурова и оставила вековни последици и лузни врз животот на печалбарите и во разретчувањето и опустувањето на дел од овие некогаш полни со живот села.. Кон таа печалбарска сага, секако е дел нивното родно село Крстоар кое е тесно поврзано со историскиот и општествениот развој на Македонија и македонскиот народ како и со иселеништвото во целина.

pelister2

Крстоар кое е познато и како Крстовар и Христофор е село во Општина Битола, во Република Македонија. Селото се наоѓа на надморска височина од околу 650 метри во областа Пелагонија, неколку километри јужно од Битола, недалеку од античкиот локалитет Хераклеа. Југозападно над селото е сместен Крстоарскиот манастир "Свети Кристофор", а уште повисоко над него е Буковскиот манастир "Свето Преображение Господово".

Геогравската положба на Крстоар е тесно поврзана со таа на Битола и на сите подпелистерски села. Затоа, ако се гледа Крстоар од Пелагонија ќе се забележи дека планината Баба како да  го надгледува селото кое се распрострило во нејзинините пазуви. Ова прекрасна планина ја дели Пелагонија од Преспанското Езеро, а со своите две глечерски езера, со фауната и флората претставува вистинска реткост.

Во историските документи се вели дека Баба Планина, заедно со Националниот парк ,,Пелистер”, се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и, како член на Родопскиот ситем, ја претставува најјужната планина која има алпински карактеристики. Релјефот на планината Баба со врвот Пелистер го сочинуваат повеќе врвови, повисоки од две илјади метри од кои најимпересивен е Пелистер (2601м). За национален парк, уште на просторите на поранешна Југославија, ,,Пелистер” е прогласен на 30 ноември 1948 година. Со тоа се зголемува неговото значење во севкупната историја на македонската држава.

До 2004 година селото Крстоар припаѓало во Општината Бистрица, каде беше седиште на истоимената општина. Често се вели дека нема граница меѓу Крстоар и Бистрица. Тие двете приградски населби на Битола се наоѓаат на регионалниот пат Битола-Драгош кој води се’ до граничниот премин, каде Р Македонија граничи со Грција (Леринско). Регион каде покрај овоштарството, застапени се житните и градинарските култури, а помалку се застапени индустриските култури.

Според кажувањата и преданијата, се вели дека населбата своето име го добила по бистрата и чиста река. Таа претставува стара населба. Од сочуваните документи се забележува дека истата се среќава уште во 1468 година,

Од 1996 год. со новата територијална поделба на државата, Бистрица доби статус на седиште на општина. Во нејзин склоп вкупно беа 19 селски населби: Бистрица, Крстоар, Олевени, Барешани, Канино, Велушина, Граешница, Драгош, Кишава, Острец, Злокуќани, Кравари, Жабени, Породин, Лажец, Оптичари, Егри, Меџитлија и Кременица.

pelister3

Крстоар

Ден на општината беше 25 декември, и истата опстојуваше осум години т.е сè до 2005 г кога со новата територијална поделба на општините, беше припоена кон општина Битола.

Од 2006 година Крстоар влезе во состав на под Општина Битола, градот  кој е главен економски индустриски ценар во југозападниот дел на Република Македонија. Голем број од најголемите компаниии во Републикава се наоѓаат во Битола. Пелагонскитот земјоделски комбинат е најголем производител на храна во државата. Водниот систем ,,Стрежево”, е најголем во државата и има најдобри технолошки единици и можности.

Трите термоелектрани на РЕК Битола произведуваат речиси 80% од струјата во земјата. Фабриката за фрижидери ,,Фринко” беше водечка компанија за електрични апарати. Битола, исто така, има значајни капацитети во текстилната и прехранбената индустрија.

Битола е домаќин и на десет почесни конзулати и тоа на: Бугарија, Хрватска, Франција, Велика Британија, Грција, Русија, Словенија, Турција, Романија и Србија.

Кога се пишува за Битола и за подпелистерските села како што е Крстоар, неможе, а да не се спомене Пелистер, „Сонцето над Македонија“, како што милува да каже авторот на овие редови. Меѓу другото, основниот феномен на ,,Пелистер” кој се надвишува на Крстоар е петоигличестиот бор молика, реликт од терциерот и балкански ендемит, кој е откриен од страна на австрискиот ботаничар Гризебах во 1839 година. Пелистеровиот масив е испресечен со поголем број живописни планински реки, но, посебно атрактивни се двете глечерски езера, Големо и Мало, наречени ,,пелистерски очи”.

Вегетацијата на ,,Пелистер” има специфично ботаничко значење и претставува природен арборетум. Тука растат 88 видови дрвенести растенија, класифицирани во 23 фамилии. Од областа на дивата фауна на ,,Пелистер” живеат 62 вида животни, меѓу кои се издвојуваат: еленот, срната, дивокозата, дивата свиња, мечката, рисот, зајакот, волкот.

Според историските податоци, Крстоар во XIX век било село во Битолската каза на Отоманската империја. Во селото било отворено училиште уште во 1884 година, а првата црква во селото е "Св. Свети Петар и Павле " која е изграден во 1890 година. Во тој период во Крстоар живелее околу 300 жители, сите Македонци христијани.

Во тие немирни времиња, целото население во селото било под превласт на Бугарската егзархија, која водела „војна“ со Грчката епископија, која имала влијание на тие македонски простори.

За бројот на жителите во Крстоар има различни податоци за периот пред Илинден, меѓу двете светски војни и по ослобоувањето на Република Македонија по 1945 година. Затоа ќе споменме дека во 1981 година селото има 469 жители. Меѓутоа, иселеничките процеси што ја зафатија Македонија, не го поштедија ни Крстоар, од кое голем број од населението се преселило во Битола, Скопје, во Европа, како и голем број во прекуокеанските земји, Соединетите Американски Држави, Канада и Австралија. Затоа, според пописот од 2002 година, селото има 167 жители, чиј број во последните години почна да се зголемува.

Исто така, селото Крстоар е познато по црковно – духовното живеење и по бројот на духовни светилишта и тоа: црква „Св. Петар и Павле“ која е главна селска црква изградена 1878 година, каде се наоѓаат и селските гробишта; црква „Св. Христифор“,  главна манастирска црква на Крстоар; манастирката црква „Св. Ѓорѓи“ која се наоѓа во месноста Сребрена Вода на 200 метра погоре од Св. Христофор. И црквите „Св. Петка“ и  „Св. Теодор Тирон“ се лоциран  во Сребрена Вода. Исто така, во Крстоар постијат археолошките локалитети Грамаѓе - населба од среден век и Мирои Орници - базилика од старохристијанско време.

Меѓутоа, се чини дека селото Крстоар е најпознато по манастирот „Св. Христофор“. Овој македонски манастир  кој е лоциран над село Крстоар, на западната страна од Битола  е еден од попознатите манастири во овој дел на Република Македонија. До него може да се дојде преку асфалтен пат во должина од околу 4 км кој води преку село Крстоар. 

Во самото село патот е релативно тесен и не се препорачува за пошироки возила. Поради блискоста до Битола, чистиот воздух, планинската вода и живописната природа, во минатото а и денес, манастирот е една од најпосетуваните локации за излет во близина на Битола.

Во историјата на манастирот „Св. Христофор“ во Крстоа е забележано дека во него во минатото биле сместувани и верници и војски. Затоа, често се вели дека тој е место за христијаните да се помолат на Бога, а тугинските војски да не избираат средства и да го бомбардираат и манастирот.

pelister4

Манастирот Св. Ѓорѓи

Исто така Крстоар е познат во историјата на Македонија со  македонскиот учител и револуционер, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација, Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец (1876–1962). Тој учителствувал во Кавадарци, Прилеп и Битола; бил член на Битолскиот окружен комитет (1900 – 1903); во 1903 учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Леринскиот реон. По Првата светска војна бил член на ЦК на ВМРО (1925), а од 1928 година во протогеривистичката ВМРО.

Георги Поп Христов е македонски револуционер кој бил активен во редовите на ВМРО во сите фази на нејзината борба од 1896 до 1930 година. Тој е активен во предилинденскиот период, илинденскиот период, периодот во балканските војни и Првата светска војна до 1930 година, што значи, има над 30 годишен револуционерн стаж.

Георги Поп Христов одиграл круцијална улога во создавањето на револуционерната мрежа во Битолскиот револуционерен округ, по затворањето на Дамјан Груев како негов најблизок сореволуционерн бил и раководител на Округот. Во Илинденското востание Георги Поп Христов  бил назначен за началник на востаничкиот штаб во Леринско каде со своите чети се борел против турската војска и башибузук и заедно со четата на Александар Турунџев и Михаел Чаков ја разрушиле леринската железничка станица во селото Екши су.

Во 1909 година бил уапсен од младотурските власти и осуден на доживотен затвор испратен во малоазиските острови на заточение од каде успеал да побегне. Поп Христов бил дел од Битолската чета во Македонското одринско ополчение во балканските војни. По првата светска војна тој бил активен мегу македонска емиграција учествува во формирањето на Илинденската организација.

Од 1928 година кога се повеќе се интензивирале судирите и убиствата помеѓу михајловистичката и протогеровистичката струја на ВМРО, Ѓорѓи Поп Христов како припадник на протогеровистите бил дел од помирувачката комисија за помирување на двете крила на ВМРО. По повлекувањето од редовите на ВМРО несакајќи да учествува во мегусебните судири се повекува од револуционерниот живот и Георги Поп Христов останува да живее во Бугарија каде умира на 20 февруари 1962 година. Поп Христов има издадено свои спомени каде е прикажана и целата негова револуционерна дејност во Битолскиот револуционерен округ.

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.