Среда, 14 Август 2019   
МЕМОРИЈАЛНА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“

kukubajski1 

За најдобри македонски и дијаспора студенти и млади специјалисти по медицина 

Го доживеав најнесреќното искуство како мајка која го изгуби своето единствено дете, на 27 годишна возраст, вонредно талентираната писателка од македонско потекло, родена во Либија и израсната во САД, Емилија Кукубајска (16 август, 1979 – 9 септември, 2006).

Со натприродна надеж и достоинство и радост во живеењето,  Емилија се бореше 11 години со лупус нефритис и дијализа, во многу земји на светот. Третманите беа со најагресивни методи и лекови за совладување на антителата кои го напаѓаа сопствениот имунитет. Откако нејзиното тело се сруши, на истиот ден кога и Кулите Близначки, јас не знаев ако поинаку да продолжам освен да ја чувствувам моќта на нејзината, Божјата љубов, и да го продолжам нејзиното дело низ моето, и со нашите веќе меѓусебно инспирирани, создавани содржини: книги, научно-истражувачки трудови, мултимедијални настапи.

Мојот личен увид во здравствените војни на Емилија, драматично ја нагласи мојата свест за некои критични потреби во медицината и здравството: 1. Развој на компетентноста, негата и технолошките апликации  во медицинската професија; 2. Хумано и сензитивно споделување на медицинските истражувачки резултати, и подигање на свеста за трансплантација на органи од жив донор, како и повисоки етички критериуми во медицинската пракса и однос кон пациентите.

Мотивирањето и вложувањето на тековните медицински можности во професијата која (треба да) е посветена да спасува животи, постана и основна причина да ја посветам меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“, на најдобрите медицински студенти и млади специјалисти од македонските универзитети и македонската дијаспора.

Желбата на мојата ќерка да живее и еден ден да работи на решавање на здравствени проблеми, на реформи во исхраната и диетата во американските и македонските болници и училишта, исто така произлезе од нејзиното директно искуство со овие потреби, зашто тие имаа влијание на нејзиното здравје, покрај недоволнните способности на медицината да се справува со проблеми во имуниот систем за време на нејзината трагичен судир со лупусот.

Во текот на нејзините повремени но жестоки здравствени борби, Емилија го следеше своето длабоко убедување дека треба да го споделува своето возвишено разбирање и почит кон чудото наречено живот, така и беше отелотворение на духовна убавина, милост и издржливост.  Таа не престана да  верува во бесконечни можности за изнаоѓање на решенија, пронаоѓање лек и обезбедување на квалитетен живот за сите пациенти, за сите здрави деца и млади кои треба превентивно да бидат одбранети од болести.

Од овие причини, во чест на Емилија Кукубајска, и по повод 40 годишнината од нејзиното раѓање, „Наградата Д-р Марија и Емилија Кукубајски“, за академската година 2018-2019, во износ од 1.000 евра, се доделува на најдобрите студенти по медицина, од Факултетот за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Александар Лонгуров и Стефан Коцев, 5та година студии.

ЕМАРИ Институтот ќе ги врачи наградите на првиот академски час 2019 година. Честитки до наградените, со желби идните македонски лекари да работат во својата земја.

 

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ, 2019

Александар Лонгуров, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

 kukubajski2 

Академски и организаторски постигнувања

Прв претседател на прв конгрес на студенти по општа медицина (мај 2018)

Основач на студентска организација на студенти по општа медицина при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип (април 2018)

Организатор и учесник на прв и втор студентски конгрес на студенти по

општа медицина (мај 2018/мај 2019)

Организатор и учесник на научен симпозиум “Dermatology 2020” (март, 2018)

Освоена прва награда на конгрес на студенти 2019 “Што значи медицината ако умираме сите” на тема “ Интра-артикуларна апликација на плазма богата со тромбоцити (ПРП) за третман на болка во коленото кај повреди на зглобната рскавица и дегенеративни промени на менискусоти публикација на трудот во “Open Access Macedonian Jоurnal of Medical Sciences” (мај 2019)

Организатор на акцијата “Здравје за сите” – мерење на крвен притисок и шеќер во крвта на повеќе од 1000 граѓани во општина Штип (мај, 2018)

Пасивен слушател на конгрес за доктори и физиотерапевти “Невросонологија“  – Софија, Бугарија (ноември, 2018)

Пасивен слушател на конференција “ EARLY OCCURRENCE OF COLORECTAL

CANCER WHERE WE ARE, WHERE WE ARE GOING” (Април, 2019)

Обавил клиничко истражување во областа на хирургијата во кардиохируршката болница Жан Митрев, на тема “Интра-артикуларна апликација на плазма богата со тромбоцити за третман на болка кај пациенти со повреди на зглобната ‘рскавица и дегенеративни промени на менискусот”.

Има волонтирано во Клиничка Болница Аџибадем Систина во Скопје во која се стекнува со практично знаење на одделението на тораковаскуларна хирургија.

Има асистирано на повеќе од 10 хируршки интервенции во областа на тораковаскуларната и абдоминалната хирургија во Клиничка Болница Штип.

Постигнат просек 9,00 од вкупниот број на реализирани испити.

 kukubajski3  kukubajski4  kukubajski5

Стефан Коцев, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

kukubajski6

Академски и организаторски постигнувања

Еден од основачите на студентската организација на студенти по општа медицина, Универзитет Гоце Делчев  – Штип, Факултет за медицнски науки, 04/2018

Прв генерален секретар во студентската организација на студенти по општа медицина,

Прв конгрес на студенти по општа медицина, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Факултет за медицнски науки, 09/2018

Орална презентација на тема “Дијабетес Мелитус во Штипскиот регион“, Коцев, Шуманов, во рамките на првиот конгрес на студенти по општа медицина, Универзитет Гоце Делчев  – Штип, Факултет за медицнски науки. Податоци користени од центарот за јавно здравје во Штип, за периодот 2012 – 2016 година, за да се утврди бројот на дијабетичари во Штип, 09/2018

Главен организатор на акцијата “ Здравје за сите “ во Штип, која опфати бесплатно мерење на крвен притисок и гликоза во крвта на граѓаните на Штип, 2018

Избран за демонстратор на Факултетот за медицински науки, Универзитет Гоце Делчев – Штип, на интерен конкурс, за предметите Физиологија 1 и Физиологија 2, Медицинска психологија, 10/2018

Реизбран за демонстратор на истите предмети, 02/2019

Еден од организаторите на Едукативниот медицински семинар, во соработка со Американски лекари

Дел од тимот кој успешно реализира летна пракса во Самара, Русија – Медицински Универзитет,  07/2019

Учесник на научниот симпозиум "Dermatology 2020".  03/2019

Учесник на конференцијата "Early occurrence of colorectal cancer – what directions we take”, 04/2019

Освен лидерските и менторски вештини стекнати како демонстратор по Физиологија и Медицинска психологија, се стекнува со вештини за работа и во ветеринарна клиника и прехранбена индустрија (пекари, фабрики за цреши и вишни, Mc Donalds).

Единствен студент со максимални 100 поени во државата, на првиот државен испит на студенти по општа медицина на крајот од втора и почетокот на трета студиска година, спроведен од Министерството за здравство, 08/2016

Постигнат просек 9,82 од вкупниот број на реализирани испити.

kukubajski7    kukubajski8    kukubajski9

 

ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ЕМАРИ ИНСТИТУТОТ

kukubajski10 

Др. Елена Симеонова Јовева, специјалист невролог, асистент на Факултетот за Медицински науки, Универзитет Гоце Делчев - Штип, докторанд на Универзитетот во Ниш, Србија.

Добитниците на наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ беа препорачани од Др. Елена Јовева, врз основа на нејзиното менторство и следење на академскиот напредок на студентите. Предлозите беа одобрени од страна на деканот на Медицинскиот факултет на УГД, проф. д-р Рубин Гулабовски, и прифатени од претседателот на ЕМАРИ Институтот, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, поранешен кадар на Филолошкиот факултет на УГД.

Меѓу бројните активности на Др. Елена Јовева се вклучуваат и: активното членство во Комората на здравствени работници на Македонија, Асоцијацијата на здравствени работници на Македонија, Асоцијацијата на нефролози на Македонија и EFSN.

Има учествувано, презентирано и публикувано научни и истражувачки трудови со меѓународен импакт фактор, од следните области: нефрологија, ментално здравје, проблеми со зависност, лобарна епилепсија, делириум, деменција, дијабетска неуропатија, пореметувања индуцирани од радио терапија на мозокот, неуромускуларна синапса, проблеми со говорот, стигматизација кај ментално болните, терапевтска хипотермија, кома и мозочен удар – со когнитивна дисфункција, метаболичен дебаланс, рак на ректумот и дојката.

Др. Јовева е родена 1979 година. Освен успешната професионална кариера, таа е мајка на две деца и сопруга на кардиохирургот во Клиничкиот центар, Штип, Др. Марјан Јовев.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ХУМАНИТАРНИ ДОНАЦИИ

Во чест на 40 години од раѓањето на писателката Емилија Кукубајска, нејзината мајка проф. д-р Марија Емилија Кукубајска организира и донации во август и септември, за:

  1.       Универзитетската клиниката за педијатрија, УГД - Штип (играчки, книги и едукативен материјал)
  2.        Библиотеката на Филолошкиот факултет, УГД - Штип (книги и учебници, на англиски, македонски и други јазици)
  3.        ООУ Вачно Прќе, подрачна единица Ново Село, Штип (книги, списанија, каталози)
 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.