Среда, 14 Август 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (7)

Bitola1

СЛОБОДАРСКИ ДУХ ВО БИТОЛА И БИТОЛСКИОТ КРАЈ

Во триесеттите години на XIX век во Битола и Битолско се јавуваат првите народни училишта. Бидејќи постојните црковнословенски училишта не биле во состојба да ги задоволат потребите на трговците и занаетчиите, во градот се отворале и световни училишта во кои се учело повеќе, а биле воведени нови - световни науки 

Кон средината на XIX век битолските еснафи, во борба со грчката пропаганда, се избориле пред турските власти за отворање на редовно македонско училиште. Тоа било околу 1863 година, со првиот учител Јован Жинзифоф (татко на познатиот македонски поет Рајко Жинзифов).

Бидејќи престанало со работа, училиштето повторно било отворено во 1870 година, кога меѓу другите учителствувал и познатиот учебникар Димитар Македонски. Една година пред тоа, во Битола била формирана посебна црковно-училиштна општина, а во зградата на денешното основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ работеле посебно машко и женско училиште.

Во Битола работеле училишта и на други јазици и народности во XIX век, според искажувањата на рускиот конзул Скрјабин, во градот имало две класни училишта и 8 основни, а во почетокот на XX век 9 основни, 2 средни училишта, гимназијата ,,Идади Милки“ и учителската школа. По Првата балканска војна овие училишта престанале со работа, а децата се школувале во новоформираните српски државни училишта.

Bitola2

Драгорот во Битола

Покрај овие, во градот постоеле еврејски и неколку грчки училишта што и’ служеле на грчката пропаганда. Во 1855 година Лазаристичката мисија во Битола отворила основно училиште во кое се предавало француски, латински и грчки јазик. Во 1888 година имало две вакви училишта (машко и женско) во кои доминирала католичката мисија и се викале „француски” училишта. И протестантите во 1908 година во Битола отвориле свои училишта.

Секоја пропаганда во Битола настојувала да придобие што повеќе ученици-Македонци, во што особено била упорна бугарската пропаганда, поради тоа егзархијата доаѓала во судир со учениците-Македонци во Битола. Во 90-тите години на XIX век Гимназијата во Битола станала еден од центрите за национална борба. Наставниците-Македонци и учениците барале наместо бугарскиот, како наставен јазик да се воведе македонскиот јазик. Во оваа Гимназија се школувале низа македонски познати ревоуционери.

Меѓу двете светски војни, пак, во Битола постоеле: гимназија, трговска академија, ниже земјоделско училиште, граѓанска школа, „Радничка школа”, женско француско училиште и во градот, а во селата четиригодишни основни училишта.

Битолската гимназија и Трговската академија биле жаришта на револуцио - нерна дејност. Во нив се школувале низа истакнати македонски револуционери, меѓу кои: Кузман Јосифовски, Борка Талевски, Мирче Ацев, Стив Наумов, Мите Богоевски и др. Во 1944 година, напоредно со ослободувањето на селата и низ Битолско, каков што е случајот со селото Крстоар, се отворале училишта на македонски јазик, а во градот, покрај основните, се отвориле и средни училишта на македонски јазик.

Вишата техничка школа, што почнала да работи во 1961 година, прераснала во Технички факултет во 1977 година, кога се формирал и основал и Правниот факултет. Повеќе стотици студенти од југозападниот регион на Македонија и пошироко се школувале низ овие виши школи.

Стопанскиот и севкупниот растеж на Битола довел до негово прераснување во втор универзитетски центар на Македонија, „Свети Климент Охридски“  кој, покрај вишите школи и факултети од Битола, во својот состав ги обединува високошколските институции од регионот на југозападна Македонија.

Bitola3

Музејот во Битола

На 14.11.1944 година, во Битола била изведена првата театарска претстава на македонски јазик во Републикава, а тоа го означило отпочнувањето со работа на Народниот театар. Во изминативе седум децении на слободен и творечки развој, Театарот се вбројува меѓу најдобрите, освојувајќи високи признанија.

Извесни р’кулци и  во областа на науката во Битола се евидентни и пред ослободувањето, меѓутоа, вистински резултати во оваа смисла се постигнати по ослободувањето. Со основањето на Друштвото за наука и уметност во 1959 година, чиј член е и авторот на овие редови, Славе Катин, со покренувањето на неговото гласило „Прилози”, со формирањето на издавачката дејност „Развиток” се создале услови за широк замав на науката, литературата, уметноста и на културата воопшто. Сега во Битола актовно работат повеќе стотици научни работници, писатели, уметници и слично.

Филмската дејност во Битола има значајна традиција. Имено, браќата Манаки се првите сниматели на Балканот. Почнувајќи од 1979 година во Битола се воспоставил Филмкиот фестивал што претставува значаен прозорец во светот.

Bitola4

Битола

Во Битола работат и други институции, дејности и асоцијалции од областа на културата, меѓу кои: Матичната библиотека „Свети Наум Охридски“, Заводот за заштита на спомениците на културата и природните реткости, Музејот кој располага со бројни и значајни движни и недвижни споменици на културата, Историскиот архив со богат фонд на документи од сите периоди и од сите домени на животот, Зоолошката градина и друго.

Во Битола е развиен аматерскиот живот чии најуспешни претставници се: Републичкиот фестивал на народни и гри и песни „Илинденски денови” кој повеќе децении успешно ја развива својата дејност, а КУД „Стив Наумов” и ,,Илинден” се вбројуваат меѓу најуспешните во нашата земја.

Исто така, постои и Спомен-домот на културата наменет за одвивање на културно-забавниот живот, а се посветува соодветно внимание и грижа за развојот и на физичката култура на битолското подрачје.

Затоа, со својот културен и друг развој во општествениот сектор, Битола за овие седумдесетина години во периодот по ослободувањето, се вбројува меѓу современите, модерни и развиени центри во Република Македонија.

Продолжува

slavko

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.