Среда, 27 Февруари 2019   
СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (19)

stifСТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (19)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА СТОРИЈА ЗА СТИВ ПЉАКАС ВО

РОДНАТА ЗЕМЈА – МАКЕДОНИЈА

Во шест продолженија во порталот „Македонска нација“ се обидовме да   го претставиме животот и делото на еден од најистакнатите Македонци на северноамериканскиот континент бизнисменот Стив Пљакас, кој е роден во егејска Македонија, а живее во Канада. И во наредните продолженија ќе се обидеме преку неговото монографско дело на англиски и македонски јазик, насловено како „Стив Пљакас“ од авторот на овие редови, Славе Катин, а во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2017 година, читателите ќе бидат запознати со бројни аргументи и факти за делото на Стив Пљакас како бранител на вистината за Македонија               

Да се пишува за минатото и сегашноста за Егејска Македонија, за поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Тоа е причина што често се вели дека Македонија е најубавата земја на Балканот, а егејскиот дел на Македонија е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на тие простори некогаш било седиштето на македонската  држава на Филип и Александар Македонски и на бројни знајни и незнајни јунаци. Ете зошто нивните потомци блеснуваат на хоризонтите на македонската иселеничка галаксија, со харизма каква што можат да имаат само ѕвездите на македонското небо.

Според зборовите на Стив Пљакас: „Мајката природа на Егејска Македонија ѝ подарила богатство од убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа Македонците од Егејска Македонија каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во сите делови на поделена Македонија, се гордеат и го чуваат таквото богатство за идните генерации.

Егејска Македонија е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала малата покраина во непосредна близина на Пела - престолнината на античкото Македонско Царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на реката Вардар. Но, со проширувањето на границите на Македонското Царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред сè, заради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење“, вели Стив.

stif2

Инаку, Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што на север е заграден со планините: Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море, до утоката на реката Места. Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западните делови на Родопските Планини. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километри.

Долна Македонија, пак, за разлика од Горна Македонија, е претежно рамничарска земја. Таа на југ ја ограничуваат водите на Егејско Море, на југозапад водите на Термајскиот Залив и Перијанските Планини, на запад планините Вермион, Ворас и Пајко, на север планинските масиви на Балкан, а на исток ридестата разделница меѓу долините на реките Вардар и Струма. Реката Вардар ја дели Долна Македонија на источна и западна; западната половина на Долна Македонија физички и географски е карактеристична по централната рамнина создадена од наносите на реките Вардар, Бистрица, Лудијас и Галикос. Оваа плодна земја (со површина од околу 1.500 квадратни километри) на југ ја ограничуваат водите на Термајскиот Залив, на југозапад планините на Перија, на запад планината Вермион, на север планината Пајко, а на исток реката Вардар.

Денес, Егејска Македонија опфаќа голем дел од Долна Македонија. Од вкупната површина на Македонија, егејскиот дел на Македонија зафаќа 34.153 квадратни километри, половин од цела Македонија. На север се граничи со Вардарска и Пиринска Македонија, како што се денешните граници на Грција спрема север, на запад со Албанија и Епир, од кои ја делат планините Иван и Пинд. На југ граничната линија достига до Тесалија, од која се разделува со планините Камвунија, Перија и Олимп и се мие од Егејското Море, а на исток досега до реката Места.

Стив Пљакас го има речено следното: „Карактеристиките на релјефот на Егејска Македонија се состојат во тоа што планините ја делат земјата на многубројни мали и големи низини и котлини, со голем број реки и езера. Според денешната администрација на Грција, Егејска Македонија е поделена на следните окрузи: Костурски, Кожански, Лерински, Воденски, Кукушки, Солунски, Серски, Драмски, Кавалски и Халкидиски округ.

Македонија е историско и географско подрачје чие име потекнува од памтивека. Таа е спомната како земја на неколку места и во Библијата и многумина патеписци ја имаат доживеано како библиска земја. Сите кои ја опишале Македонија во поодминатата и поновата историја, се фасцинирани од неа. Затоа се вели дека Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавина, земја на мистерии, каде народот на своите плеќи почувствувал освојувања, империи, промени и бројни непријателски јареми. Меѓутоа, таа ја задржала својата волшебност и своето име.

Од времето на Александар Македонски, преку владеењето на Рим и Византија и преку големите миграции на Славјаните на југ, Македонија била раскрсница на различни цивилизации, култури, ре-лигии, јазици и народи. Во текот на овој долг и богат временски период, само два народа имаат право да се наречат дека се дел од идентитетот на земјата, а тоа се античките Македонци и Македонците денес“.

Почнувајќи од IV век па наваму христијанството како религија преовладува на овие простори. Тоа го потврдуваат археолошките откритија и бројните христијански цркви, епископалните катедрали, базиликите, крстилниците и другите сакрални објекти со големи димензии, кои покажуваат дека христијанството длабоко се закоренило и добро се организирало во Македонија од самиот почеток па до денес.

stif3

Македонски игри во Овчарани

Пред доаѓањето на Турците во XIV век, Македонија била земја во преродба, со фасцинантна уметност, богата средновековна литература, еден симбол на цивилизацијата. Меѓутоа, отоманските Турци го уназадиле временското движење и затоа почнала долга борба за опстанок. Така, во духот на ограбувањата на отоманските Турци, исламизацијата, ширена долго време, суровиот феудален систем, нивните најразлични завојувачки походи, тешкотиите и страдањата предизвикани од тоа, ќе остават длабок и болен белег на духовниот пејзаж на Македонија, правејќи ја предворје каде што се вкрстуваат Западот со Истокот.

Балканските војни ќе го означат ослободувањето на Македонија од турскиот јарем, но тие ќе ја обележат трагичната поделба на Македонија од страна на Грција, Бугарија и Србија а подоцна и од Албанија, поради што ќе следат уште погруби состојби и дискриминација врз македонскиот народ. Најголемата катастрофа на XX век - Втората светска војна, на Македонија и го донесе Вториот Илинден и одлуките од АСНОМ, со кои се остварија вековните стремежи - создавањето на македонската држава. Имено, преку активното учество во антифашистичката борба за време на Втората светска војна, Македонците стекнаа слобода и тоа само во еден дел од својата територија, Вардарска Македонија, која ќе се конституира како Народна Република Македонија, подоцна Социјалистичка Република Македонија, а од 1991 година Република Македонија.

Конечно, на крајот од вториот милениум се случи Третиот Илинден, кога Република Македонија стана независна, самостојна и суверена држава која го гради својот независен демократски развој.

Според Стив Пљакас треба да се нагласи следното: „Националниот состав на населението во Егејска Македонија има претрпено големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сè уште се изложени на асимилаторска тортура и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија. Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилство и денационализација.

На Македонците им давале најразлични национални имиња, настојувајќи негативно да се влијае врз нивната свест, наречувајќи ги: Словени, каури, рисјани, македонски Словени, Македослави, Славомакедонци, Бугари, бугарски Словени, македонски Бугари, Срби, Јужносрбијанци, Грци, македонски Грци, гркомани, бугарофони, славофони. Но, како и да биле нарекувани, тие биле и си останале Македонци, а сите имиња со кои Македонците биле нарекувани поради историските, општествените и политичките услови, можат и треба да се асптрахираат, бидејќи тоа се само многу имиња за еден ист поим, кој означува еден напатен, разделен народ со трагична судбина, народ којшто може да се сретне насекаде по светот.

stif4

Македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Тоа го прифатила како основно средство, уште повеќе што обилните материјални средства дотогаш вложувани преку Патријаршијата и училиштата во Македонија, не го дале бараниот резултат.

Грчката буржоазија, со цел да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Егејска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн. Тој Закон е објавен во службениот весник на грчката влада “Elimeristis kivemiseos” бр. 332 од 21 ноември 1926 година, а во истиот весник бр. 346, објавени се новите грчки имиња“, заклучува овој човек од Егејска Македонија.

Таму, во Егејска Македонија, се наоѓа селото Зелениче, родното место на Стив Пљакас, каде тој како дете поминал пријатни и тажни времиња. Таму денес владее национално и политичко ропство, таму грчките националисти и шовинисти прават големи заложби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ од Егејска Македонија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.