Среда, 24 Октомври 2018   
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (16)

dzordz16-1

СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ – ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

САД, втората татковина на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до денес. Инаку, Њујорк е „првата љубов во САД“ на Атанасоски е велеград кој се развил на утоката на реката Хадсон и на бреговите на заливот кој го затвора островот Лонг Ајланд.

Името и делото на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е тесно поврзано со неговата втора татковина, Соединетите Американски Држави (САД). Таа е земјата во која бизнисменот Атанасоски живее, твори, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок во бизнисот, ветената земја“, како што ја нарекуваат Македонците и другите доселеници.

Тоа е сојузна држава во Северна Америка, сместена меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 држави и еден округ. Заедно со Алјаска и Хаваите, таа е една од најголемите земји во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Франција, Русија (од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, и бројно Афроамериканско население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Евреи, Македонци и други народи.

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има повеќе од три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, Мајами, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други.

Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различни по простор и природни богатства. Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. САД располага со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното Езеро, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките најпознати се: Мисисипи, Мисури, Рио Гранде, Колорадо и други.

Во историскиот преглед се вели дека најстари познати жители на денешната територија на САД се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европејците на северноамериканскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристофер Колумбо ја открил Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на XVI век почнале да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војни со Индијанците.

Прва англиска колонија е Вирџинија, формирана во 1584 година, потоа Масачусетс во 1620 година, а во 1614 година е формирана Нова Холандија, со главниот град Нов Амстердам, кој во 1664 година се преименува во Њујорк, градот во кој десетина години живееше Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

САД имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Така, покрај

борбите со Индијанците, во 1775 година почнале првите судири меѓу американските доброволни одреди и англиската војска, со што, всушност, почнала борбата за независност на северноамериканскиот континент. Во 1783 година, со мирот во Версај, Англија ја призна независноста на САД, со што настанаа крупни промени не само во САД,

туку и во целиот свет.

САД ги потресе Граѓанската војна од 1861 до 1865 година, потоа Светската економска криза од 1929 до 1935 година, Втората светска војна, особено војната со Јапонија и употребата на атомското оружје над Хирошима и Нагасаки, до Виетнам и денешната криза во Авганистан и други земји. САД, заедно со Канада е една од водечките сили во тешката, лесната, прехранбената, земјоделската, автомобилската и воената индустрија и претставува светска сила.

Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до ден-денес. Процесот на доселувањето непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. Во овој долг период на доселување, ако Њујорк станал центар за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Македонците од сите делови на Македонија итн.

dzordz16-2

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со

фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многубројни народи и нации од сите расни групи со различни религии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, значајно место имаат и Македонците од сите делови на Македонија, кои ги уживаат сите права и слободи за развивање на своите национални чувства, на својата култура, религија и на сè она што ја карактеризира нивната самостојност и самобитност.

Во новите средини во САД и Канада, Македонците се третирани како засебна нација, со своја држава, со длабоки корени, национална црква и со сите други атрибути на еден народ во светот. Со тоа овие две значајни држави застанаа на страната на вистината, со цел да го афирмираат македонскиот народ и да ја поддржат Република Македонија како независна суверена и самостојна држава.

Соединетите Американски Држави се и завет и судбина и иднина на Ѓорѓија- Џорџ Атанасоски, чија прва дестинација му била големата метропола - светскиот Њујорк. Тој допатувал во овој мегалополис, кој претставува најголемо пристаниште и најголем стопански центар во светот, во 1972 година. Тука тој ги остварил своите соништа, доживеал и љубов и почит и успех. Но, во исто време тој тука станал еден од најзаслужните граѓани на САД со добивањето на наградата Елис Ајланд.

Инаку, Њујорк, „првата љубов во САД“ на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е велеград кој се развил на утоката на реката Хадсон и на бреговите на заливот кој го затвора островот Лонг Ајланд. На почетокот на најважниот дел од Њујорк, Менхетн, од источната страна на Хадсон, Холанѓаните во 1625 година подигнале тврдина, а неколку години подоцна за ситници, вредни 24 долари, од Индијанците го откупиле Менхетн. Тој денес е најскапиот дел од овој голем град, каде секоја педа земја се плаќа со неверојатно големи суми пари и злато.

Холанѓаните го нарекле Нов Амстердам. Меѓутоа, во 1664 година тој простор го освоиле Англичаните и го нарекле Њујорк. Во 1789 година станал главен град на САД, кога Џорџ Вашингтон бил прогласен за прв претседател на САД. Њујорк почнал да се развива на најдобриот дел од американскиот брег, од каде преку реката Хадсон и нејзината притока се отвора природен пат кон големите езера и внатрешноста.

Продлабочено е коритото и прокопани се канали до езерото Ири, па така и патот до езерото бил отворен. Оттогаш, Њујорк е претворен во „врата на Америка“, во пристаниште преку кое влегле 75 отсто од американските доселеници, меѓу кои и голем број од Македонија. Еден од нив беше и Ѓорѓија Атанасоски, кого во САД го завикаа Џорџ, за кој САД и Њујорк се дел од долгата сага на една од неговите вистини.

Со текот на времето Њујорк се развил во еден од најголемите градови на светот, со најдолгиот ѕидан брег и со 1630 кејови, во чие пристаниште истовремено можат да се закотваат 400 бродови. На одредени места се закотвуваат патничките, а на други, одделно, товарните бродови, класирани според товарот што го превезуваат и дестинацијата за која патуваат.

Денес Њујорк е најголем центар на американската и меѓународната трговија, во кого се развиени и сите видови на светската индустрија. Така, 20 отсто од сите американски индустриски претпријатија се концентрирани во Њујорк, во неговите банки се наоѓа најголемиот светски финансиски капитал. Затоа се вели дека Њујорк е најголем банкарски центар, а, „Вол Стрит“ е најголемата светска берза.

При една од моите посети на Њујорк, се шетав со автомобилот на моите пријатели кои постојано ми раскажуваа некои нови податоци за овој град. Велеа дека според официјалните податоци, бидејќи најголемиот број од американските доселеници дошле преку Њујорк, тоа значи дека секој ден се доселувале по околу 3000 луѓе, одсите раси, меридијани и народи. Меѓу нив најмногуима Ирци, Италијанци, Евреи, Германци, Руси, Полјаци и припадници на други народи.

Денес во Њујорк живеат околу 200 националности, а и  весниците се печатат на 200 јазици. Бројот на припадниците на некои народи е многу голем. Така, во Њујорк живеат повеќе Ирци отколку во главниот град на Ирска - Даблин. Италијанци има повеќе отколку во Рим, а со над 500 000 Афроамериканци е еден од најголемите градови со тоа население.

Њујорк е граден во европски стил, со збиени улици и квартови. Должината на улиците во Њујорк изнесува околу 9 000 км, колку што изнесува растојанието од Охрид до Рио де Жанеиро. Улиците, главно, се прави и наместо имиња се означени со броеви, и во одделни делови на Њујорк се движат над 5,5 милиони патнички возила 1,5 милион автобуси и над еден милион жолти такси-автомобили.

Освен тоа, во Њујорк од разни правци и градови дневно влегуваат околу 600 000 автомобили. За да се сфати колку е жив сообраќајот, треба да се додаде и тоа дека и подземните железници дневно превезуваат 10 милиони патници. Бројки што навистина пленуваат и збунуваат.

Во Њујорк и околинатагодишно се градат околу 27 000 згради. Во стариот, централен дел на градот нема слободен простор за нови згради, освен градби во височина. Се градат облакодери на кои основата им е челична конструкција, а останатото се исполнува со бетон и лесни метали, најчесто алуминиум. До неодамна највисок меѓу облакодерите беше „Емпаер стејт билдинг“, висок 381 метар, а има 102 ката, но неколку нови згради веќе ја преминале таа височина.

Во Њујорксе издвојуваат пристанишниот, трговскиот, финансискиот, индустрискиот и другите деловина градот, а посебно Менхетн со „Вол Стрит“ и „Харлем“. Менхетн е најпознатиот и најстариот дел на Њујорк. Таму се наоѓаат најголемите облакодери на светот - вистински вавилонски кули на совремието. Во делот на „Вол стрит“ се и банките со натрупан огромен капитал, затоа тој е финансискиот центар на Њујорк, САД и целиот свет. Северниот дел на Менхетн е Харлем, сиромашен кварт. Менхетн е стеснет на мала површина, а има најразвиен сообраќај од каде било во светот.

dzordz16-3
Њујорк

Животот во Њујорк е на улиците, но и подземја, каде се наоѓаат околу еден милион дуќани, локали и друго. Под површината на њујоршките улици и згради се наоѓа густа мрежа на подземни патишта и пруги на подземни железници, водоводни цевки, канали, електрични и телефонски инсталации и други уреди. Затоа често се вели дека по улиците на Њујорк никаде не може ни кол да се забие в земја, а камоли на некоја длабочина, а да не се оштети нешто под нив.

Ете, тоа се дел од особеностите на овој голем град, кој има жители колку Белгија и Австрија заедно. Тоа е градот на прочуената Статуа на слободата, на 11 универзитети, театри, музеи, галерии, значајни издавачки куќи, економски, трговски, научни и други институции; тој е седиштето на Обединетите нации, градот на филмот, музиката, љубовта… Поради сето тоа Њујорк стана многу привлечен мегалополис.

Најпосетена е зградата на ООН, низ која дневно поминуваат над 3 000 луѓе, потоа Емпаер стејт билдинг, Статуата на слободата и други. Низ Њујорк годишно поминуваат милиони туристи.

Њујорк, првиот пристаништен град на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е полн со движење и работа, со богатства, сиромаштво и раскош, со најголеми контрасти. Њујорк е вистинска арена на отворено.

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

„The New York Times“ 11 ноември 1903 г. - Вознемиреност во Битола

Странскиот печат внимателно ја следи состојбата во Македонија за време на Илинденското востание и по...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ И ВИСТИНАТА ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО РИМ – ГРАДОТ НА УБАВИНАТА, ИСТОРИЈАТА, АРХИТЕКСТУРАТА, ЉУБОВТА... (8)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

ПЕЧАЛБАРСКИОТ КОПНЕЖ НА САНДРА ГРЕЖЛОВСКА – НИЧЕВСКА (28)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.