Среда, 04 Октомври 2017   
Дел од македонската историска голгота (3)

golgota3-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во текот на Грчко-турската војна, како и по нејзиното завршување, животот во Македонија бил многу тежок, поради тоа што мажите биле земани на фронтот, а земјата немало кој да ја обработуѕа. По завршувањето на војната, повеќето од мажите заминале на печалба во лрекуокеанските земји. По селата останале, главно жените кои ги воделе домаќинствата, вршејќи тешки полски работи.

Грците што дошле во Македонија во сите служби поставиле свои луѓе, кои ги носеле од Грција. На македонскиот селанец никогаш не му било дозволено да раководи. Сите освојуачи кои доаѓале го терале само да работи, никој за него не се грижел, заради што излезот тој го барал надвор од земјата, Во тој период грчката влада се’ уште не била во состојба да го забрани македонскиот јазик, заради што, тој се зборувал и дома и во селските училишта.

Во 1926 година, со посебен закон на грчките власти, македонските имиња на населението, како и топонимите на селата и градовите, на планините и реките биле заменети со грчки имиња.

Во текот на XVIII и XIX век почнало распаѓањето на турскиот феудален систем и дошол преминот од натурално кон стокопарично столанство. Промени кои довеле до растеж на градовите, до создавање на граѓанскиот сталеж, а со тоа и до зачетоците на културното и национално будење на Македонците. Се ширела мрежата на просветата, се создавала литература на народен јазик, се печателе првите книги на македонски јазик. Со еден збор, Македонија влегла во периодот на преродбата, но и во активна битка против турското ропство и грчката духовна тиранија.

Актери на тие битки биле ајдутите, комитите, револуционерите, на чело со Гоце Делчев, организатори и реализатори на Илинденското востание, потоа преродбениците, писателите, како Димитрија и Константин Миладиновци, Партение Зографски, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски, Григор Прличев, Крсте Мисирков и многу други.

Организираниот отпор против турското владеењд фактички започнал кон крајот на XIX век, откако неколку локални востанија и буни ја разнишале земјата, отворајќи пат кон нови подвизи. Тоа биле Кресненското востание од 1878 година, Брсјачката буна од 1880/81, акциите на војводите дедо Иљо Малешевски, Спиро Црне, Сирма Војвода, Славејко Арсов, дедо Геро и други.

golgota3-2

Во 1893 година во Солун биле ставени темелите на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, позната под името ВМРО, која се борела за автономија на Македонија, во рамките на турската држава. Основачи на ВМРО биле Дамјан Груев, Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Петар Поп - Арсов, а нејзини познати активисти и раководители, подоцна биле Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Пере Тошев, Никола Карев и други. Во овие години се создале и првите социјалистички групи во Македонија, кои прокламирале дека „ослободувањето на Македонија е работа на самите Македонци", пропагирајќи ја идејата за создавање на самостојна и независна Македонска Република.

Епилогот на своето дејствување Македонската Револуционерна Организација го добила во Илинденското востание од 1903 година, кога во Крушево била создадена десетдневната Крушевска Република. Десеттина години подоцна, во Балканските војни било урнато османлиското владение на Балканот и во Македонија.

Сепак, иако Македонците земале активно учество на страната на сојузничките војски, Македонија не ја добила својата национапна слобода. Со договорот од Букурешт во 1913 година, Македонија била поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција (Вардарска, Пиринска и Егејска Маќедонија). Со договорот во Неј 1919 година, оваа поделба, за жал, била и санкционирана.

Својата вековна слобода, но само во вардарскиот дел, Македонија ја извојувала во Народноослободителната борба што ја водела во текот на Втората светска војна против германско-бугарско-италијанските фашистички окупатори. Во текот на, речиси, петгодишната крвава борба, во која Македонија дала преку 20.000 жртви, во заедница со другите југословенски и балкански народи.

golgota3-3
АСНОМ-Меморијалниот центар

Македонскиот народ, за првпат во својата историја се здобил со своја државно-правна заедница, тогаш Народна Република Македонија, подоцна трансформирана во Социјалистичка Република, а по распаѓањето на бившата Сојузна Република Југославија - во Република Македонија, како самостојна и независна држава.

Од 1991 година до денес Македонија минува низ сцилите и харибдите на својата демократска трансформација. Жилаво се бори со тешките економски, социјални, меѓуетнички, верски и други проблеми, кои ја потресуваат од корен. Иако со статус на членка на Обединетите нации, асоцијативна членка на Европската унија, на Советот на Европа и на многу меѓународни организации, македонската млада држава, се’ уште не може да се ослободи од старите апетити на некои соседи, но и од глобалните интереси на големите држави, кои се прекршуваат на Балканот, по распаѓањето на комунизмот во Источна Европа.

Нејзин хендикеп се и внатрешните партиско-политички конфронтации, неединството во македонскиот политички блок и агресијата од Косово, Албанија и етничките Албанци во Македонија, мотивирана од идејата за создавање голема Албанија, а поддржана и од некои моќни западни држави или албански лоби групи во нив. Македонскиот народ и деловите од него иселени во САД, Канада, Австрапија, Евро-па и ширум светбт, веќе десеттина години заедно се во грч како да се излезе од досега затворениот маѓепсан круг на промените и да се влезе во една релативно помирна фаза на стабилизација на земјата и консолидација на нејзиниот стопански развој врз принципите на пазарната економија.

И покрај негативните појави на политички, општествен, стопански, културен и друг развој, Македонецот, како библиски народ има верба, надеж и љубов кон иднината и се надева дека ќе опстои се додека светот светува и векот векува. Господ да ја чува Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по историјската победа со над 161000 гл...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.