Среда, 07 Јуни 2017   
Списанието „Македонска трагедија“ од Минхен додаток на „Македонска нација“ (6)

mip6

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) игра најзначајна улога во собирањето на Македонците од сите делови на Македонија. Таа е институција каде покрај Словото Божјо се негуваат македонските духовни, национални и други вредности

Исто така, значајна е улогата и на средствата за јавно информирање. Нивните мисии се незаменливи во продолжувањето на духовните, литературните, националните и други традиции на македонските доселеници во новиот свет.

Затоа со право се вели дека информативните гласила настојуваат целосно да го запознаат читателот, слушателот, и гледачот со македонскиот јазик, литературата, културата, новинарските вредности, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од стариот крај - Македонија.

Затоа, при подготовката на публикацијата „Македонскиот иселенички печат“  се користени информативни гласила, публикации, научни трудиви, писма, разговори, извештаи и друг вид материјал, како и фондовите за иселеништвото кои се наоѓаат во Архивот на Македонија, Матицата на иселениците од Македонија, Министерството за односи со странство, Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ и други институции, како и приватни архиви на иселеници ширум светот.

Притоа, најзначајна беше личната архива на авторот на публикацијава, Славе Катин, која тој најчесто ја собираше при посетата и престојот во Австралија, Канада, САД и бројни европски земји, а која се наоѓа во Архивот на Македонија и е подарок на македонскиот народ и на Република Македонија, како Фондација „Катин“.

Публикацијата „Македонскиот иселенички печат” има за цел да пополни извесна празнина во историографската анализа на печатот во иселеништвото. Нејзиното објавување само ја збогатува и онака оскудната литература од оваа област, која во последните децении е широко развиена сред Македонците во светот.

Авторот на овие редови укажува дека оваа публикација не претендира на исцрпност, туку, напротив таа само ги поткрепува наводите и констатациите изречени при третирањето на одделни прашања за значењето на книгата за развојниот пат на македонскиот иселанички печат и новинарството надвор од Република Македонија. Затоа секоја добронамерна сугестија на читателите посебно ќе биде корисна во дополнувањето на нејзината содржина.

minhen6
Минхен

Како што е нагласено во предходниот број, списанието „Македонска нација” беше едно од првите демократски и емиграциски  гласила, кое претставуваше голем печатен медиум на Македонците во Европа и подоцна Европската Унија. Тоа остави вечни драги во историјата на македонската емиграција и воопшто во историскиот развој и вистината за македонскиот народ и етничка Македонија.

Списанието „Македонска нација" се печатеше во Минхен, Западна Гсрманија. Во него од бројот 16 од 1973 година, почна да се објавува како додаток гласилото „Македонска трагедија". На клишето на главата од првиот и сите следни броеви на „Македонска трагедија" е дадеп текстот: „Макодонија од сите зони на раздробената македонска татковина обединете се! Македонци од сите земји обединете се! Се уште гори распламтениот факел на кукушанецот Гоце!"

Под тоа следи објаснувањето: „Македонска нација" е орган на револуционерното движење на македонските народни маси од трите дела на империјалистички искасапената македонска вековна национална територија. Тоа е орган на револуционерното движење за репатријација на прогонуваните македонски селански и пролетерски маси од сите меридијани на светот; Орган на патриотскиот револуционерен отпор против незамисливиот ѕверски геноцид над широките македонски народни маси во грчката окупаторска зона, како и против балканскиот и предавничкиот врховизам и империјализам.

Прилогот „Македонска трагедија" се печатеше на македонски јазик на ист формат како и списанието „Македонска нација" (21 х 29 см.), и го уредуваа истите луѓе. Во првнот број, а во продолжение и на вториот е текстот под наслав: „Повик на револуционерниот орган „Македонска трагедија" за организирано обединето движење на масакрираното тело на македонскиот народ од трите дела: приморскиот (егејскиот), вардарскиот и пиринскиот дел".

Од бројот 17 за септември-октомври 1973 година кога списанието „Македонска нација" го смени клишето на главата, и додатокот „Македонска трагедија" број 2 се модифицира, со тоа што покрај постојаната глава, од десната страна е додаден симбол од вкрстени раце на Егеј, Вардар и Пирин, околу кој пишува „Обединета македонска татковина".

Бројот три на „Македонска трагедија" е додаток на бројот 18 од списанието „Македонска нација", како приклучок од 24 до 28 страница, а уредници се Драган Богдановски и Благој Шамбевски. До декември 1974 година се отпечатени осум броја на додатокот „Македонска трагедија", идентични на претходните и по форма. и по содржина.

МАКЕДОНСКА ТРАГЕДИЈА (1973-1975)-МИНХЕН

makedonska-tragedija

Во текот на првиот квартал од 1975 година излезе двобројот 9 и 10, како сепарат, задржувајќи ги сите претходни карактеристики, а е отпечатен на 18 страници. Во воведот на овој број, покрај другото, се вели: „Ја изразуваме нашата голема благодарност на другарите од списанието „Македонска нација" кои овозможија печатење на првите 8 броја на „Македонска трагедија" во рамките на списанието „Македонска нација".

Тие ќе увидат дека ние во овој засебен број отстапуваме од некои насоки на нашата борба, препорачувајќи ја оваа засега политичка линија како најприфатлива во сегашниот момент. Ние тргнуваме од фактот дека борбата за Македонија треба да се води пред сена физичкото и територијалното обединување, не впуштајкисе во заемни кавги во славјанскиот свет што се Македонците: Б'лгари или пак Македонци. Важно е да се спаси славофонската кауза за Македонија, против која во Егејска Македонија работи и великосрпскиот хегемонизам како грчки сојузник. Нужно е помирување на сите чеда кои се родени или пак произлегуваат од сонцето на Македонија. Во обединета Македонија, народот во слобода ќе си каже што е, без терор и омраза.."

Исто така, во овој посебен број се вели дека списанието не пледира кон никакви литературни квалитети, туку неговата основна карактеристика е револуционерна. Списанието е орган на ДООМ (Движењето за ослободување и обединување на Македонија), a го уредува Редакцискиот колегкум, без назначени имиња.

Нов број на „Македонска трагедија" се појави како прилог на посебниот број „Обединета Македонија", во Минхен од октомври-декември 1975 година како број 11, година II. Тој е последен број на гласилото под ова име.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.