Среда, 17 Февруари 2010   
Македонска куќа за македонците во Јабука - Панчево
Македонците во Јабука - ПанчевоВо Јабука кај Панчево, веќе неколку децении заедно со мнозинското српско население сложно живеат припадници на 26 етнички заедници.

Денеска на овие простори живее петта генерација на Македонци доселени од сите краеви на Македонија. Резултатите од последниот попис покажуваат дека после српското мнозинско население во панчевачката општина Македонците се на второ место по бројноста - близу 5.300. Најголем број од нив живеат во Јабука 2.054 (32,54 отсто од населението се Македонци).

Во Јабука се зборува како во Македонски Брод, Крива Паланка, Охрид, Битола, Струмица....

Јабучани надалеку се познати по манифестацијата „ Тавче Гравче “ која веќе неколку години се одржува на Илинден. Интезивно со години се организираат активности за зачувување на мајчиниот јазик, култура, обичаи, традиции и се што е донесено од родниот крај, од Македонија. Голема улога во тоа има македонското здружението „Јабука“.

Големината на здружението е и во тоа што дава посебен придонес и во развојот на мултикултурата. Во прилог на тоа зборува и соработката со Евро-регионалниот центар за развој на друштва во мултикултурална средина „ин медиас рес“ - Панчево и со Ивановчани.

На многумина Македонци како што е познато, песната и орото им се во срцата. Меѓу Јабучани голем е бројот на талентирани музичари, почнувајки од самоуките до оние со музичка академија. Нивна се уште неостварена желба е да изградат македонска етно-куќа, каде што ќе можат да се одвиваат бројни активности, но воедно тоа да биде и место за експонати донесени од родната Македонија, а и центар каде што ќе најдат свое место и оние што одамна го напуштиле селото Јабука. За куќата од соништата идејно решение постои, но сеуште не се стекнати финансиски можности. Идејните творци мислат дека до целта може да се дојде со помош на спонзори, преку проектии со работна рака на оние што сакаат да го остварат замисленото. Со други зборови, многумина Јабучани би сакале да станат препознатливи по зачувувањето на етносот и мултикултурата, како што е Ковачица, каде што најголем број од жителите се Словаци.

Јабука и денеска има со што да се пофали. Во овоа село се зборува најчесто српски и македонски, но и романски, словачки, ромски, унгарски, меѓу нив голем број се и југоносталгичари. Постои и посебна желба добрите луѓе и домаќини да се спријателат со активисти од дијаспората. За такво нешто домовите на Јабучани широко се отворени.

СМК
 

На прво место

News image

Во Тирана се промовира книгата “Македонците во Албанија” (1912-1991)

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со издавачката куќа „МЕНОРА“ од Скопје Република Ма...

Историја

News image

Објавени историски факти во македонски среден век

Пелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е ...

Иселеници

News image

Промоции на дела со иселенички содржини

На 19-ти октомври 2014 година, точно на пладне,  во с...

Култура и туризам

News image

Вековноста на црквите е столбот на нашиот народ

Во нашата земја има голем број цркви и манастири, кои го сведочат времето и чии градби и денес се св...

Фељтон

News image

Едно поинакво видување на поимот паганство

Поимот паганство ретко кој има смелост и доблест јавно да го објаснува и во целост д...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.