|

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа добротворна забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 25 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште. Покрај, студентите и родителите на забавата присуствуваа и: Амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Г-от Веле Трпевски, претседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Г-от Алберт Вела, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Г-та Љубица Талеска , директорката на Државните саботни училишта за јазици Г-та Ненси Морвило,координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Г-та Анѓела Лирис, како и претседателката на МПУО за НЈВ- Г-та Жаклина Михајлова.
Во своето обраќање до присутните, Амбасадорот Г-ин Веле Трпевски истакна дека „ ваквите манифестации и изучувањето на македонскиот јазик на австралискиве простори е многу важно, зашто тоа ќе го зачува македонскиот идентитет , традицијата и културата. Македонија е лулка на културата. Изучувањето на јазикот ќе придонесе изучување на културата. Затоа е многу важно да се изучува македонскиот јазик и да се овозможи модерна и интересна настава за учениците. Но, подеднакво е важно да се посети Македонија, за да се почувствува духот на корените...“ Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата која ја доделува Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, - Авионска карта за Македонија, овојпат за најсреќниот матурант кој најмалку 5 години го изучува македонскиот јазик во средното образование. Среќата му се насмевна на Кристофер Тодороски, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Врачувајки ја Наградата, Госпоѓата Жаклина Михајлова , им посака успех на испитите на сите ученици. Во пригодниот говор наменет за матурантите, меѓу другото таа истакна дека:“ Културата на еден народ се одржува преку јазикот и тој е единственото нешто преку кое можеме да ги пренесеме и задржиме нашата историја и нашиот идентитет овде во Австралија. Вие носите две култури и тоа е големо богатство, вие имате големи вредности и притоа им помагате на луѓето околу вас овде во Австралија да дознаат која е Македонија.“ Потоа таа истакна дека“ Изгледа дека меѓу нашиве годинашни матуранти има најмногу адвокатки, но и идни доктори, професори, пилоти, инжењери... Убедена сум дека и во другите матуранти лежат скриени таленти што допрва ќе испливаат на површина. Ние, Македонците сме домородци на светот и имаме света крв. Затоа примарно е да си ги зачуваме корените и јазикот, наш македонски.“, истакна Михајлова. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија. Во забавниот дел на вечерта настапија членовите на МКУД „Вардар“ од Сиднеј. Тие со својот беспрекорен настап и со уметничката кореографија на традиционални ора и песни ја ввоодушевија публиката.
Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.
Вечерта свиреа членовите на “Група без име“ кои забавата ја направија незаборавна и весела. Водители на вечерта беа ученичките од 11 година Марија Грозданова и Александра Ристовска.
Матуранти 2016
Од Центарот Bankstown: Џошуа Богдановски, Викторија Ивановска, Стефанија Јошеска, Кристина Јовчевска, Стефан Јуруковски, Александра Киселоска и Никола Ничоски.
Од Центарот Kogarah: Симона Бојческа, Емилија Гошаревска, Филип Ѓорѓиоски, Микаела Кумановска, Анастазија Неделковска, Анѓелика Митрова, Габриела Ставреска, Кристина Трпчевска, Кети Наумовска, Наташа Стеванова, Петар Павловски, Кристофер Тодороски,Глорија Велеска, Александар Петковски и Јане Звездаковски.
Од Центарот Smith Hill: Талија Попчевска, Ангела Стојчевска и Никол Јовановска.
Им честитаме!
Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на:
PAYMENT METHODS
DIRECT DEPOSIT
Account Details: Macedonian School Council
|
BSB: 032-057
|
Account Number: 601 946
|
|
Bank: Westpac
|
Branch: Rockdale
|
Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description.
CHEQUE
Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216
Жаклина Михајлова |