Среда, 13 Јули 2016   
Прогонети, негирани, непризнати, но - истрајни (22)

begalci

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Бројните организации и здруженија на црковно, кул­турно-просветно, спорт­­ско и друго поле со своето деј­ствување го одразуваат единството на Македонците во Викторија, без оглед дали потекнуваат од Република Македонија, егеј­­­скиот, пиринскиот дел на Македонија или од Ал­ба­нија и на тој на­­чин непосредно придонесуваат за нивна­та меѓусебна синхрона активност и афирмација како по­­себна и компактна ет­ничка целина.

Преселничките движења на човекот од место во мес­то, потоа од зем­ја во земја, како и од континент на кон­тинент, веројатно е процес што произлегува од човековата природа за посто­ја­­но движење, за за­по­з­навање и откривање нови земји, непознати простори, во потрага по нов живот и како и за за­до­во­лување на неговата вечна љу­бо­пит­ност. Тоа е особено изразено во минатото столетие, во новите миграциони процеси како последица од војните.

Вак­вите пре­сел­нички движења, во исто време, се и ре­зултат на по­тра­гата по животните егзи­стен­цијални и дру­ги по­тре­би, за наоѓање поголема животна сигурност и посреќна ид­ни­на. Покрај овие фактори по­сто­јат и многу други кои прет­ставуваат по­стојана причи­на и повод за миграции и преселништва на луѓето, а тоа се, во прв ред, угнетувањето, војните, болестите, како и бројни политички, економски и дру­ги причини..

Меѓутоа, се чини преселничкиот бран сврзан со теророт и распарчување­то на Ма­кедонија е најголем ко­га во нејзините села и градови газ­­ду­вале српските, бугарски­те, албански и грч­ки­те деспоти и крв­ни­ци, со сите тешки злодела што и‘  ги нанеле на раз­де­ле­­­на Македонија. Тоа што било таму, се пренесло и во  Австралија, та и таму на македонските до­се­­­ле­ни­ци не им се дава мир од ту­ѓи пропаганди, кои не­­пре­с­тајно роварат среде иселеничките етнички заед­­­ни­­ци, особено кај Македонците од Беломорска Македонија.

lerin-kostur

Непризнати и негирани, без никакви права и без свое национално име, голем број Македон­ци тргнале на долгиот пат, знаејќи дека е неизвесен и тежок и дека ту­­ѓината е пуста јабана. Меѓутоа, гордоста и желбата да се зачува името свое македонско битие е посилно од се‘, ги напуштиле своите родни огништа и се доселиле во демократска Австралија.

Примерот со егејскиот дел од Македонија е еден од најцрните и најтаговен што го познава цивилизираниот свет и е трагична страница за историја на македонскиот народ и Ма­кедонија. Така, за време на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција има­ше масовен егзодус на околу 200.000, од кои 30.000 невини деца, меѓу нив  многу поголем беше бројот на па­трио­ти, ­не­должното население и храбрите борци кои беа про­го­нети од дикта­тор­ските режимочувари на Елада (Грција) и кои се раселени на сите страни на светот. Го­лем дел од нив свој животен пристан најдоа во Австралија.

Само во Ле­рин­ско за десетина години, од 1950 до 1960 го­дина биле    из­дадени околу 10.000 иселенички визи. Меѓутоа, тој број е мно­­гу поголем. Исто така, според официјалните бројки, според по­пи­сот на населението, од Републиката во 1971 година се иселиле 34.420 лица, што е нереално. Спо­ред грчки статистички извори по првото тро­ме­се­чие на 1970 година од егејскиот дел на Македонија се исели­ле 3.918 лица, а од нив само од Леринско 1.840. Но, за жал, вистината е многу  поинаква.

Може да се каже дека, покрај општата заедничка ма­­кедонска на­род­носна свест градена во текот на ве­ко­вите на тлото на  Македонија, а особено во времето на Илинденското востание за ма­ке­дон­ски­от јазик, заедничките обичаи, традиции и други бе­ле­зи, сепак, еден дел од македонското население од Бе­ло­мор­­ска Македонија како ре­зул­тат на систематската пресија и влијанието на грч­ката верска и просветна пропаганда, за жал, има грч­ка        на­ционална свест. Многу иселеници од маке­дон­ското населе­ние доаѓајќи од тој дел во новите средини, особено во Австралија во текот на времето се осло­бодуваа од тоа влијание, посебно оние што поминаа низ бурите на НОБ и Граѓанската војна.

tome-miovski

Меѓутоа, еден дел и натаму остана на грч­ката идеја. Друг дел од македонските иселеници од егејскиот дел на Ма­­ке­донија поради сосема практични причини ( лични, семејни, патни и други документи) не се експонира на ма­­кедонската линија. Исклучително голема, силна и многузначајна е улогата и местото на ма­ке­дон­ската држава - Република Македонија како фактор на хомогенизација на националната свест. Фак­тот што таа не се простира на целата те­ри­то­рија на етничка Македонија е го­­лем хендикеп за фор­ми­ра­њето на единствени македонски погледи на светот кај мла­дите генерации, но сепак времето рани лекува, а надежта последна умира.

Факт е дека македонските доселеници во Австралија постиг­нуваат се‘ позабележителни резултати во областа на културата, обра­зо­ванието, спортот и со­цијалниот живот воопшто. Нивните резултати на еко­номски, об­ра­зо­вен и  кул­ту­рен план се‘ повеќе придонесуваат тие да не бидат тре­ти­ра­ни како граѓани од втор ред, туку како инте­гра­лен и ва­­жен дел во но­вата сре­дина во Австралија. Тие стануваат поз­нати и признати од домаш­ни­от фактор и од     дру­гите ет­нич­ки групи. Голем е бројот на деловни луѓе, видни личности во образованието и општественото живеење се од маке­дон­ско по­­текло во Австралија кои се познати и признати лично­с­ти на петтиот континент и пошироко. Вак­ви­от напредок, пред се‘, при­до­не­су­ва за нивната општествена афир­мација и поповолен трет­ман во средините каде што живеат, однесувај­ќи се кон нив како кон посебна етничка заедница рам­но­прав­но со дру­­ги­те етнички групации во многунационалнот оп­штество на англосаксонскиот свет во Австралија и Нов Зеланд.

Декретно на Македонците од егејскиот дел на Македонија не им бе­ше дозволено да се школуваат на својот мај­чин јазик, а многу мал беше бројот на оние што завршија грчки учи­лиш­та. Затоа, по­го­лемиот број Ма­кедонци од Беломорска Македо­ни­ја и други делови на Македонија дошле во новата средина во Австралија со нис­ко или ни­как­во образовно ниво. Ме­ѓутоа, кај нив се разгоре жел­бата не само да обезбедат основна ег­зис­тенција и да се создадат одредени ма­теријални добра за семејство­то, туку тие посветуваат и големо вни­ма­ние на обра­зо­ванието и личниот про­грес на тие  демократски простори, каде што ги уживаат своите на­ционални и социјални слободи. За разлика од тоа, во дедовката земја, тие се обесправени, врз нив се врши асимилација, де­на­ционализација и систематско прогонување.  

Како резултат на тоа, голем број од иселениците, особено го учат англискиот ја­зик со цел подобро да се вклучат во животот на новата средина, а свои­те деца ги испра­ќа­ат да се образуваат во англиски училишта, колеџи и уни­верзитети. Ова е изразено кај последните неколку ге­не­рации, особено кај иселениците од поново време, што услови нови структурни промени и видлив развој на македонските доселенци во демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.