Среда, 11 Февруари 2015   
Почит кон македонскиот крал Персеј

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

За нас Македонците Рим е важен бидејќи се смета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена  масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој пат и средбата со папата Јо­ван Павле II оставија неизбришливи траги во се­ќа­вањето за сè она што го видовме, почувствувавме и доживеавме. А, таму, во градот кој е и држава - Ватикан, има што да се види, да се научи, да се прошират видиците, сознанијата, да се збогати духовното жи­вее­ње… Оваа самостојна папска држава со површина од 44 хектари е лоцирана во центарот на Рим, сместена на десниот брег на реката Тибар, оп­кру­же­на со ѕидови. Во минатото Ватикан постоел како со­бир на папските згради и цркви, а од 11 ноември 1929 година постои како самостојна држава. Ватикан има своја железничка станица, радиостаница, ПТТ служ­би, монетарен систем и друго, во кој има формално нео­граничена власт. Ватикан како др­жа­ва има дипломатски односи со голем број земји во светот, меѓу кои и со Република Македонија. Тоа е особено изразено со Маке­дон­ската пра­вославна црква, која долги години одржува вер­ски посети во текот на праз­­нувањето на гробот на свети Кирил.

Ватикан го има папскиот дворец што е изграден во 1146 година, а во состав на дворецот по­доцна се изградени бројни згради во кои се смес­тени: познатата библиотека, архивата, музејот и други простории, во кои се чуваат ретки уметнички и културни вредности од египетската и античката кул­тура, до највредните дела од минатиот и овој век. Ме­ѓу нив има и бројни историски предмети од минатото и уметнички дела од сегашноста на Македонија. Под ватиканска управа има 13 цркви и други установи во Рим, кои заедно со Ватикан прет­ста­вуваат организациски центар на Римока­то­лич­ката црква.

Рим плени. Неописливо е чувството од онаа чудесна мешавина на старото и новото. Покрај духот на историјата, кој го носи како белег на своето постоење, Рим динамично и впечатливо живее како ев­роп­ска метропола и како главен град на Италија. Кога сон­цето ќе почне да заоѓа зад хоризонтот, ноќта свечено настапува на сцената осветлена со илјадници рефлектори, лам­пиони, разнобојни рекламни паноа и блескави из­лози. Во луксузните продавници на Виа де Кондоти и Виа Венето ис­паруваат скапоцените парфеми. Кафулињата, ре­сто­раните и дискотеките се полнат со бројни туристи секогаш во чекор со модата на самите римјани. На крајот на пре­крас­ната Виа де Кондоти со својата убавина блеска и Шпанскиот плоштад со огромни скалила за кои ве­лат дека се вистинско место за „безделничење“. На овој плоштад се одржува една од најат­рак­тив­ни­­те модни ревии во светот.

persej
Македонскиот крал Персеј

Рим може да се доживее и на друг начин. Да се почувствува преку мирисот на морето и ка­ка­фо­­нијата на какви се не јазици на дојденците, или можеби преку хаотичниот сообраќај. Или, пак, едностав­­но, да уживате во темпераментот на Ита­ли­јан­ците. Рим се и илјадниците веспи и убавите девојки на нив. Рим се и тортелините, и пиците, и лазањите, и шпагетите, и виното, и…

Инаку, за нас Македонците е, исто така, важен Рим, бидејќи се смета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола. Споменикот бил на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена  масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на која на македонски, англиски и италијански јазик пишува: 

ПЕРСЕЈ
КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА
ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Чинот на поставувањето на спомен-плочата, всушност, претставува темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Република Италија и Република Македонија.

Таму географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се  протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит бил типично медитерански, би се рекло дури и балкански.

dzordz-atanasovski-slave-katin

Според археолозите, пак, самиот објект - споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес, се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно. Во урнатините до споменикот се гледал и дел од една покривна ќерамида-тегула, коринтски тип, што дати-рал од подоцнежно време. Се претпоставува дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба.

Инаку, по изминати речиси 22 века, се знае дека тогаш Персеј имал само 13 години, кога како македонски принц јавал на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запрел пробивот на дардански теорди. Долг е списокот на херојските подвизи на Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија. 

Се вративме од Рим во вечерните часови кога сонцето тонеше кон запад и кога на аеродромот „Петро-вец“ се спушташе ноќта. Авионот како орел го надлету-ваше градот од кај Водно, за потоа да направи полукружно движење кон Велес и за неколку минути да се најде кон пистата од јужната страна. Потоа, авионот силно зачкрипи на пистата и за миг се најде спроти пристанишната зграда на аеродромот „Петровец“, од каде се приклучивме кон реката автомобили што се движеа кон Скопје.

Монографијата за Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, донаторот за истражувањето на македонскиот крар Персеј, чиј автор е Славе Николовски-Кати, е издание на „Македонска искра“, „Македонско сонце“ и „ТВ Сонце“, Скопје, 2012, 1-468 (на македонски и англиски јазик) и делото  “Балканот и Македонија“ од академик Антоније Шкокљев – Дончо, Славе Николовски – Катин и Ристо Стефов е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2014, 1-308 (на англиски јазик).

 

 

На прво место

News image

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по историјската победа со над 161000 гл...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.