|
||||
| Целата оваа драма околу мигранти е само уште една епизода од серијата „СДС против сопственото минато“ |
|
Венко Филипче денес протестира против нешто што самиот го поддржал вчера. Човек кој гласал за документација на прифатен центар во Бардовци сега се појавува како пророк против мигрантски кампови. Тоа е политички театар во кој главниот актер глуми улога против сопствениот сценарио од 2018. Во „Службен весник на Република Македонија“, од 26.01.2018 година, број 16, страница 189, точка 1.6, недвосмислено стои: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“ Овој акт е донесен на седница на Владата во која учествувал и Венко Филипче. Со други зборови: единствениот актуелен политичар кој има официјално документирано учество во процес поврзан со изградба на прифатен центар е токму Венко Филипче. Иронијата е толку силна што веќе станува политички жанр сама за себе. Да не беше силниот притисок од ВМРО–ДПМНЕ во тоа време, денес можеби Македонија навистина ќе имаше активен мигрантски центар. Тоа е политички факт кој не може да се избрише. И декларацијата, и протестите, и целата вештачки креирана паника околу мигранти служат за едно, да се покрие минатото на Владата на Заев и Филипче и да се одвлече вниманието од нивните катастрофални одлуки, пропусти и политички слабости. Ваквото однесување на Венко Филипче и СДС личи на онаа стара поговорка: „крадецот вели – држете го крадецот.“ |




















