|
||||
| СДС измисли нова приказна да си го крене рејтингот? |
|
Ако нема проблем ќе го измислат! СДС повторно пушти во оптек нова измислена приказна. затоа што немаат рејтинг. СДС драматично објави дека „Бегалци од Англија ќе дојдат во Македонија.“ Постојат партии што градат и постојат партии како СДС кои градат само паника. Нивниот политички придонес денес се сведува на една формула: немаме што да кажеме, измислуваме „мигранти од Англија“ се надеваме дека народот ќе се исплаши, а нас ќе ни се крене рејтингот. Толку е едноставно и толку провидно. Ова нивно сценарио е како детската приказна „доаѓа волкот“, само што овде нема ниту волк, ниту шумa, има само партиски штаб кој измислува приказни за да заборавиме кои се реалните виновници за вистинската мигрантска трагедија што ја преживеа Македонија. Премиерот Мицкоски мирно, документирано и со конкретни факти демантираше: Нема договор. Нема бегалци. Во нормална држава тука завршува приказната. Но СДС не живее во нормална политичка реалност, туку во сопствен маркетинг каде што паниката служи како храна за нивната пропагандна инфузија. Не заборавајте: најголемата мигрантска криза кај нас беше токму за време на СДС. Цели генерации, млади, стручни, образовани, цели семејства заминуваа поради хаос, криминал и корупција. Тоа беше реална трагедија, не измислена и не симулирана и не нарачана од партиски пи-ар. Стотици илјади Македонци заминаа од една причина: СДС место нешто да сработи за народот, се интересираше како да им ги наполни сметките на неколку нивни моќници. И сега токму тие, кои ја иселија државата, најавуваат дека „некој ќе дојде“. Тоа не е политика, тоа е трагикомедија. Се надеваат дека ако доволно гласно викнат „доаѓаат мигранти“, народот ќе заборави кој ги испрати нашите во туѓина, ќе заборави за криминалот, корупцијата, за штетните договори против интересот на државата,... Македонија нема проблем со бегалци од странство, Македонија има проблем како да ги врати тие што се иселија за време на владеењето на СДС и како судовите да се одважат и да поведат судска постапка за криминалите за време на нивното владеење. И за крај, да не заборавиме: ова сценарио веќе сме го гледале. СДС и порано снимаше пропагандни хорор филмови со режисерски потпис на Сорос и со милионски грантови за „изградба на демократија“. Денес, Сорос го нема. Чековите пресушија. Остана само старата навика да фабрикуваат страв и да продуцираат чад без ни трошка оган. Оваа денешна измислена пропаганда на СДС е, политичка драма без публика, без верба и најважно без ефект. |




















