|
|
| Нека празниците што ни предстојат ни донесат мир, здравје и надеж! |
|
Мане Јаковлески Драги сограѓани, Како што се приближуваат празниците, Нова година, Божиќ, Василици, Водици, денови исполнети со надеж и семејна топлина, доаѓа времето за честитки и за потврда дека, кога се има визија и храброст, резултатите не се случајност. Владата, со целосна посветеност за граѓаните и иднината на Македонија, презеде конкретни чекори за реформирање на економијата, унапредување на инфраструктурата и зајакнување на социјалната правда. Странските компании се уверуваат дека Македонија е стабилна и предвидлива, а домашниот бизнис добива поддршка за раст и развој. Создадени се нови работни места и обезбедена е иднина за младите, наместо масовна емиграција. Инфраструктурата се менува од корен,се градат нови автопати а некои се реконструираат, се градат железници, болници и училишта се модернизираат, енергетски проекти се реализираат,... со цел, секој граѓанин да почувствува дека државата е присутна и дека инвестициите носат вистинска вредност. Социјалната правда и грижата за граѓаните се ставени на прво место. Пензионерите добија 6.000 денари поголеми пензии, семејствата и младите добиваат конкретна поддршка, со мерки кои ја потврдуваат решеноста на Владата да ги заштити оние кои најмногу се потпираат на државата. Борбата против корупцијата и криминалот е непопустлива. Владата покажа дека нема место за неказнивост, дека моќта не може да биде злоупотребена, и дека секој кој го крши законот мора да одговара. Историјата веќе покажува дека државата треба да биде силна, а не зависна од лични интереси. Времето на празни ветувања и лични интереси заврши. Сега е време на конкретни резултати, на државнички одлуки и на политики кои ќе им служат на граѓаните, а не на моќниците. Овие празници доаѓаат како потсетник дека само со позитивна енергија, храброст, визија и одговорност можеме да градиме стабилна и силна Македонија. Ајде сите по нешто позитивно да напишеме, да кажеме, да споделиме за Македонија. Не е сè толку лошо кај нас како што некој ја претставува, има и многу полошо од кај нас, и тоа секој што го видел светот добро го знае. Време е почесто да зборуваме и да го гледаме она што вреди, она што се гради, она што нè држи исправени. Да почнеме повеќе да пееме наши песни, а помалку да се губиме во туѓи ритми, можеби некому ќе му проработи паметот, ќе се сети од каде е, кој е, и што значи да си Македонец. Да ги мотивираме младите да создаваат повеќе семејства, да се раѓаат повеќе деца, децата се иднината на секоја држава. Македонија е нашата ветена земја што опстојувала и кога било потешко и кога другите сакале а, и денес некои сакаат да не нема. -Македонија е Библиска земја со Апостолска Црква, -Охридска архиепископија возобновена во лицето на МПЦ –ОА, во текот на историјата имала свои подеми и падови, исчезнувала и повторно се појавувала на историската сцена, -Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто....Ние сме нивни наследници, -Славјаните дошле од зад или пред Карпатите, дошле и многу други освојувачи и си заминале, Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори, -Ние сме Македонци, ниту граници, ниту време можат да ја скршат таа врска иако животот нè расфрла на различни страни, истото сонце нè обединува и истото македонско срце силно чука во сите нас, -Да влеземе во Новата година со позитивни сили, со јасна определба за прогрес и со обединување околу националните приоритети. -Да ја градиме Македонија во која сите ќе се гордееме, држава на ред, правда и развој. Нека празниците што ни претстојат ни донесат мир, здравје и надеж, за секое семејство во нашата Македонија и насекаде каде живеаат наши браќа и сестри! |














