|
|
| ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ – МАКЕДОНИЈА Е ЕДНО, А БУГАРИЈА СОСЕМА ДЕСЕТО |
|
Александар Македонски Џеповски Постојат теми во кои ниту политиката, ниту дипломатијата, ниту европските ,,нормативи’’ не смеат да имаат предност пред фактите. Едно такво прашање е и односот меѓу Македонија и Бугарија, во кој повеќе од јасно е: ставaње знак на еднаквост меѓу македонскиот и бугарскиот идентитет е историска бесмислица, политичка манипулација и класичен асимилациски проект на старите врховистички структури. Македонската историја, етногенеза и културно наследство се развиваат на сосема различна патека од бугарската. Тоа не го велат „националисти“, туку го запишале византиски, арапски, латински, словенски автори што живееле многу пред да постојат денешните бугари. Како што рече еден германски историчар од 19 век: Македонците се јасно разграничена група со свои обичаи, говори и историска свест. Во североисточниот дел на денешна Бугарија, хрониките од 10–13 век спомнуваат држави како Бурџан, Саклабите (словенските групи) и други територии, но не спомнуваат етнос наречен „Бугари“ во значењето на денес. Нивната етногенеза почнува многу подоцна и со сосема поинакви влијанија. Затоа денес е целосно погрешно и историски и научно да се тврди дека имаме заедничка историја. Дали некој некогаш чул македонска народна песна што ја слави Софија, Бургас или Пазарџик? Не. Не затоа што не биле дел од нашиот културен простор. Но сите ја знаеме болката и убавината во песните за Егеј, за Пирин, за Вардар, за Солун. Тоа не се географски ознаки, тоа е душевна карта на еден народ. Зошто се турка идејата за „заедничка историја“? Затоа што современиот европски простор е создаван врз политички интереси од 18–19 век, кога моќните центри цртаа нови идентитети, нови држави и нови ,,правила” на припадност. Многу стари етноси, како македонскиот, баскискиот, корзиканскиот, каталонскиот, беа турнати во ќош во името на „големите нации“ и нивните имперски амбиции. Македонија е еден од најдобрите примери на европска неправда. народ со милениумска меморија турната да докажува дека постои. И денес, кога конечно имаме суверена држава, повторно ни се наметнуваат туѓи наративи. дека сме нечие ,,потекло“, нечие „културно продолжение, дека нашите херои не се наши, дека нашиот јазик не е наш. Што треба да каже Македонија? Што треба да каже секој Македонец? Треба да го кажеме наједноставното, најчесното и најсилното: Пред фактите и Боговите молчат. Македонија е своја, Македонија е уникатна, Македонија не е ничија копија. „Фактите и доказите дека современата бугарска држава е создадена во 1878 година како геостратешки проект на Руската Империја за излез кон Средоземното Море се повеќе од јасни и токму тука, пред тие факти, и Боговите молчат. Најсилниот доказ за тоа е што во тие простори во изминатите 150 години се пренаселија илјадници Македонци од Егеј и Вардар, бегајќи од прогоните и насилствата спроведувани врз македонскиот народ. Време е, Господи, да ги собереш сите свои чеда под еден чадор.“
АМИН !!! |














