|
|
| СДС немаат право да држат лекции |
|
Постојат политички моменти кога човек мора да застане, да ја подигне главата и да каже: доста е од лицемерие, доста е од ментори кои ја упропастија државата, за сега да делат лекции. СДС се јавува со обвинувања околу миграциите, за младите, за иднината на државата,… како да не поминале седум години со нив на власт. Како народот да не видел со свои очи што направија. Како никогаш да не ја држеа во раце судбината на младите кои под нивно водство масовно се иселија во туѓина. Но, Македонија памети и паметењето е најсилниот сведок. За време на нивното владеење, државата доживеа најмасовно иселување од своето постоење. Тоа не беше случајност, тоа беше последица на: лоши економски политики кои ја гушеа секоја шанса за достоинствен живот, -студентски домови во кои живееја генерации млади со услови од 19 век, -здравствен систем кој ги праќаше младите лекари по амбасади да бараат работна виза, -администрација претворена во партиски плен, без систем и без ред, -корупција која не беше подземје, туку надземје пред очите на сите. Македонија гледаше како младите прават колони пред Европските амбасади, И сега тие што го дозволија тоа, зборуваат за младите!? Мислат дека народот заборавил?. Да ги потсетиме ако случајно „заборавиле“ или се прават на удрени. За младите немаа план, за мигранти правеа тајни состаноци. Токму додека младите масовно си заминуваа, тогашната влада тивко, зад затворени врати се впушти во разговори за трајно прифаќање мигранти. Не привремено, трајно, без дебата, без национална стратегија, без анализа за безбедност или капацитети. Многу е лесно да глумиш загриженост кога последиците од нивното владеење сè уште го чувствуваме. СДС немаат право да држат лекции. И затоа, кога денес слушаме лекции од оние што седум години ја празнеа државата, мора да кажеме: Немате право, немате кредибилитет, немате морална позиција да зборувате за младите кои си заминаа додека Вие владеевте, ниту за миграции, ниту за иднината на Македонија. Зашто токму вие сте причината што таа иднина се наруши. -Иднината е на младите, да бидат силни, решителни и достојни на земјата што ја оставија Филип, Александар, Самоил, Гоце и великаните пред Нас. -Секоја новосоздадена фамилија е бастион на татковината! -Секое новородено дете е победа! -Држава без нови генерации исчезнува! -Нема место во светот каде човек ќе биде свој, како во своја држава! -Секој Македонец што останува во Македонија е војник на иднината! -Младите да останат дома и да го продолжат Аманетот, Македонија пред се! Македонија е дом кој треба да се чува, кој треба да се обновува, за младите, за идните генерации, за сите што се родиле со оваа земја. |














