Среда, 27 Август 2014   
Македонското знаме во традиционалната црвено жолта боја

zname-Makedonija-spored-MHZ1

Државното знаме на Република Македонија со осумкрако сонце беше усвоено во Собранието на Република Македонија на 4 ноември 1995 година. Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце со осум сончеви краци кои се простираат до рабовите на знамето. Знамето со осумкрако златножолто сонце е во согласност со историјата и традициите на македонскиот народ од античкиот период, без оглед на тоа што во тој период немало државни знамиња, но имале симбол на штитот.

Традиционалната црвено-жолта боја постојано се сретнува во македонските симболи. По завршувањето на Народно-ослободителната војна и по создавањето на македонската држава во рамките на југословенската федерација, раководството на Демократска Федеративна Македонија, на Второто вонредно заседание на Народното собрание на НРМ одржано на 26 јули 1946 година, го официјализира традиционалното црвено знаме со жолта петокрака во горниот лев агол. Тоа знаме ќе остане како државен национален симбол се` до 1992 година, односно до осамостојувањето на Република Македонија.

Иако наместо традиционалното сонце, со внесувањето на жолтата петокрака на црвеното знаме, му била дадена предност на владеачката комунистичка идеологија, сепак тогашното раководство ги задржува основните традиционални македонски бои. Во услови кога останатите пет републики на југослевенската федарација ја прифатиле тробојката (сина, бела, црвена) во различни форми како сопствено знаме, Македонија ги задржала црвената и жолтата како свои историски традиционални национални бои.

По политичката криза во Југославија во 1974 година, беа донесени многубројни амандмани на Уставот. Со овие амандмани се утврдени грбот и знамето на Социјалистичка Република Македонија, а со усвојувањето на Амандманот 24 на Уставот на СРМ од 14 април 1989 година и официјално како химна на СРМ била утврдена песната „Денес над Македонија се раѓа“.

По осамостојувањето на Република Македонија на 8 септември 1991 година бил  исполнет вековниот идеал на сите Македонци кои низ историјата се бореле за слобода и за самостојна македонска држава. Со тоа биле создадени услови националните симболи да се исчистат од идеолошките додавки и да се прифатат традиционалните симболи, што би биле во согласност со историските традиции и денешната реалност, за да бидат прифатливи и за идните генерации.

По донесувањето на Декларацијата за сувереност и независност на Република Македонија на 15 јануари 1991 година и по изборот на првата Влада на Република Македонија на 20 март 1991 година се предложени промени на знамето, грбот и химната. Потоа следеше Референдумот за самостојност и независност, па донесување на првиот Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година. Овде треба да се напомене дека албанската популација не излезе на референдумот за самостојност на Република Македонија, а ПДП-НДП не гласаше за новиот Устав на РМ.

Државните симболи (знаме, грб и химна) требаше да се донесат во рок од 6 месеци од денот на прогласувањето на Уставот, односно до 17 мај 1992 година, а до тогаш да се применуваат постојните национални симболи. Собранието на Република Македонија оваа задача ја довери на постојната Комисија за уставни прашања при Собранието на Република Македонија. Таа имаше полномоштно да преземе активности за подготовки и предлог за донесување на државните симболи на Република Македонија. Комисијата на 25 март 1992 година објави конкурс за добивање идејни ликовни решенија за грбот и знамето и за музичко текстуално решение за химната на Република Македонија. Во конкурсот беше нагласено дека решенијата на државните симболи треба да ги изразуваат државноста, самостојноста и сувереноста на Република Македонија, историските традиции, културното наследство, стремежот за социјален и духовен напредок, природните карактеристики на Републиката, заедништвото и сожителството, современите стремежи за демократско општество, европска и светска интеграција.

На конкурсот пристигнале многубројни предлози. По разгледување на предлозите Работната група за спроведување на постапката за избор на идејни решенија за државните симболи на Комисијата за уставни прашања дала предлог за ново државно знаме и на 11 август 1992 година пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно со 88 гласови „за“ (без присуство на пратениците на коалицијата ПДП-НДП), се определија за ново државно знаме со црвена основа и со симболот златно-жолто сонце со шеснаесет зраци кој како симбол на Македонија го применувале и античките Македонци. На истата седница на Собранието била прифатена и дотогашната химна „Денес над Македонија“.

Одлучувањето во Собранието на Република Македонија за државните симболи се одвивало без присуството на пратениците на коалицијата ПДП-НДП, со што не биле задоволени основните принципи. Тоа ќе биде причина заради кои имаше приговори и за знамето и за химната, а новиот грб, па ниту законот за грбот на Република Македонија не беше донесен.

Покрај тоа, веднаш по усвојувањето на новото знаме започнаа притисоците од соседна Грција, која како членка на НАТО и па ЕУ имаше поддршка од земјите-членки на овие асоцијации. Всушност, во периодот од 1991 до 1995 година, како симбол за знамето се употребувала ѕвездата од Кутлеш, што довело до масовни протести во Грција, поради некакви наводни ексклузивни права на користење од грчка страна.

Поради ова, Република Македонија била изложена на силен меѓународен притисок и и` било наложено да го промени шеснаесет кракото сонце како симбол на своето знаме. Набргу потоа, повторно во согласност со историјата и традициите од античкиот период, беше усвоено сегашното црвено знаме со осумкрако златножолто сонце. На тој начин е задржана традицијата, без оглед на тоа што во антиката немало државни знамиња, но го имале сонцето како симбол на штитот. Односно, со традиционалните црвеножолта боја и симбол, само со помалку зраци на сонцето. Новото знаме со осумкракото сонце беше усвоено во Собранието на Република Македонија на 4 ноември 1995 година.

(извор: В. Стојчев, „Одбрана“, јуни 2008)

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.