Среда, 23 Мај 2012   
Втората светска војна заврши, а веќе нова крв се лееше во Егејска Македонија

snof-dmbeni

Во Егејска Македонија, во септември и октомври 1944 година, единиците на ЕЛАС ги напаѓаа германските гарнизони, складови и колони што се повлекуваа на север.

Повлекувањето на германските сили го помагаа грчките реакционерни кругови кои соработуваа со бугарските власти и со гувернерот на Солун.

Откако капитулира бугарската влада, генерал Сираков, како командант на II бугарски корпус, во источниот дел на Егејска Македонија, на 18.IX.1944 година склучува договор со грчкиот реакционер Андон Чауш, според кој се обврзува да води борба против единиците на ЕЛАС, а власта во Драма и Кавала да им ја предаде на грчките реакционери.

Во овој период раководството на антифашистичката борба во Грција, под влијание на владата на националното единство, започнува со заткулисни акции за разоружување и расформирање на македонските баталјони. Набргу доаѓа и до отворен оружен судир помеѓу единиците на 27-та бригада од ЕЛАС и Костурско-леринскиот баталјон. По судирот, на 13 октомври 1944 година, Костурско-леринскиот баталјон преминува на територијата на Југославија, а Воденскиот баталјон на 16 октомври 1944 година.

Од нив на 7 ноември 1944 година беше формирана Првата егејска бригада.

partizaninofegejmak

Но, овој судир лошо се оздразува врз македонскиот народ во Егејска Македонија.

Додека во Европа се слави крајот на Втората светска војна, во Егејскиот дел на Македонија продолжува крвавата историја и нова крв се лее на македонската земја.

Во Прогласот на главното раководство на народноослободителниот фронт до Македонците и Грците од 10 јули 1945 година, меѓудругото се вели:

„Монархофашистичките клики на ЕДЕС-овците и бурантадите со одобрувањето на државните органи и на истата влада на Вулгарис, продолжуват со поголем бес и манија теророт и преследувањето над привржениците на отпорот и нарочито над македонскиот народ.

Нивната цел е да ги истребат од земјата, која со стотици години ја проливаја со крвта и потот им.

Македонците продолжуват да живејат најтешкиот, најцрниот преследван живот, истиот кој го живееја пред време на турското ропство. Македонската земја сепак се бојадисва од крвта на Македонци и Грци антифашисти.

Од Врбјани, Липчишта, Изглеби, Сетина, Горничево до далечните Родопи, нова драма, нови преследванија се развиват. Пресна беше оште крвта на Дафина Балтова од с. Изглеби и истите ѓубриња на Вулгарис ојдоја во с. Граче и грабнаја 20 жени и мажи. След като се насладија цела ноќ, другиот ден ги пратија во куќите им. Жените расправат за маченичката ноќ шо поминаја со гнусните ѓубриња.

Во с. Сетина бурандадите е фатија малката Л. Г. Една цела ноќ полна од маченија и пониженија поминаа со нив насладвајки на сила гнусните им инстикти. Раното ја пратија како вистински партал и полумртва при нејзините домашни.

Во с. Постол-Ениџе-Вардарско со недоказвани мачениа го убија дедо Палајков, 70-годишен преобразјавајки снагата му, за да не се познае од неговите домашни.

Во с. Крокамбос Кукушко, бурантади тагматалити на Киша Баџак ранија 8 Грци селани. Од нив Андреас Георгиадис и Христо Георгијадис се тешко ранени со пиштол во главата.

На 7 јули 1945 година, Бурантади го опкружија с. Пилкати и изгореја македонски куќи, а пак други ојдоа во с. Вурбјани и запапија куќи на Грци антифашисти.

Така теророт и пелените продолжуват. Сите овие ѕверства и вандализми имат една цел: Македонците сакат да ги истребат, да ги искоренат од македонската земја, а Грците антифашисти сакат да ги направат неспособни да се сопростават, кога ќе го направат превратот за да го донесат кралот.

Монархофашистите со одобрувањето на суверената влада на Вулгарис од време работат и подготвуват почвата за да донесат одново на тилот на грчкиот и македонскиот народ злочинецот и предателот Глиц-Бург, овој лош демон и влаговител на 4 август.

Македонци и Грци, гушнати како еден човек се борат против фашистичките мерки и теророт што отпушти владата на Вулгарис со неговите скапо плаќани органи. Македонци и Грци како што укупно 4 години се бореа здружени и го истераја од страната ни окупаторот, денес со поголема оште решителост ке се борат за да не успеат монархофашистите да остварат нивните планови. Враќањето одново на Глиц-Бург, означуе нов 4 август, нова диктатура, нови пранги за македонскиот и грчкиот народ, потпивање, мизерна несреќа не чека, како и ного предавања на туѓите сили.

Не оставајте никој да се уапси, да пљачкосат и да насилат вашите жени и ќерки. Сите заедно, жени, мажи, деца и стари сопротивете се против агентите на фашизамот.

Протестирајте со резолуции н комисии до представителите на сојузната комисија Американци, Руси и Англичани за варварството и убиствата над Македонци и Грци антифашисти... ..

Здружната борба на Грци и Македонци е гаранцијата за победата на демократските принципи.“

(Дневник, Том II, Скопје, 1981г;  АМ.

- Збирка   „Егејска   Македонија   во   НОБ 1945-1949 год", АЕ: 168.)

На 26.1Х.1944 година во Казерта се склучи договор помеѓу британските вооружени сили и владата на националното единство, со кој единиците на ЕЛАС се ставија под британска команда.

По судирот во Атина на З.ХП.1944 година помеѓу англиските и националистичките владини единици, од една страна, и единиците на ЕЛАС, од друга, и по примирјето од 11 јануари 1945 година, во Варкиза, на 12.11.1945 година е склучен договор меѓу националистичката влада, од една, и ЕАМ и КПГ, од друга страна.

Со овие договори ЕАМ и ЌПГ практично и ја предадоа власта на грчката десница, дозволија да се демобилизираат единиците на ЕЛАС, со што долгогодишната борба на грчкиот и македонскиот народ и на народностите во Грција против окупацијата заврши со капитулација пред сојузничките војски на западните сили.
 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.