Иселеници и Регион
Среда, 16 Март 2016 04:02   
Формирано литературно друштво „Кочо Рацин”, Мелбурн

knigaНа состанокот одржан во просториите на библиотеката во Mill Park, се оформи новото литературно друштво “Кочо Рацин“, Мелбурн. Тоа беше заедничката желба на иницијаторите, писатели и поети кои долги години се активни во Македонската заедница во Викторија и издаваат свои дела. Нивната мисија и цели ќе бидат спроведувани преку низа активности и ќе бидат насочени кон поттикнување на писателите од македонско потекло да творат на и збогатуваат фондот со книги на Македонски јазик, создавање на литературен модел кој ќе овозможи делата да бидат промовирани пред поширока публика насекаде во светот како и поголема афирмација на македонскиот јазик во Австралија.

Повеќе...
 
Среда, 16 Март 2016 04:01   
Лоша состојбата во село Врбник, Билишта

ilinden-tiranaМакедонско друштво “Илинден”-Тирана ја изразува својата загриженост за положбата на Македонците во единствено егејското село во Република Албанија Врбник  отворено ја повикуваме Владата и општина Девол итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон селото  Врбник и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку е инвестирано во село Врбник  населена со македонско население. Патната инфраструктура  е во лоша состојба, и срамно е во 21. век да нема асфалтиран пат Билишта село Врбник. Тоа е главната причина за слабиот економски развој на цело Врбник. На овој начин, македонското население се иселува од село Врбник поради лошата состојба. Друг посебен проблем немаме водовод и канализација, среќа што повеќето имаме бунари, а некои  на раце мора да ја пренесат секоја капка вода од селската чешма. 

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО “ИЛИНДЕН”-ТИРАНА

 
Среда, 09 Март 2016 04:02   
Стив Пљакас – Македонецот кој прв ги посети Калешите во Пакистан (9)

stiv-paljkas-180Стив Пљакас, или Стево Плаков, како што тој милува да се претстави е канадски Македонец, или македонски Канаѓанец по потекло од убавото македонско село Зелениче, Леринско, од егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и САД.

Повеќе...
 
Среда, 09 Март 2016 04:01   
Првите македонски духовно-национални центри во Нов Јужен Велс (4)

avstralija-mapa-180Кога се форматираше сликата за Австралија во која нашите патувања беа врзани со активностите и пос­тиг­нувањето на Македонците, не е на одмет да се додадат и некои други податоци за оваа земја. Така, главен град на Австралија е Канбера и се наоѓа на територијата на федералната влада. Сиднеј е главен град на Нов Јужен Велс, Мелбурн на Викторија, Бриз­бен на Квинсленд, Аделаида на Јужна Ав­стра­лија, Перт на Западна Австралија, Хобарт на Тас­ма­нија и Дарвин на Северната Територија. Најголеми пла­нини се Австралиските Алпи и Сините Планини на исток и југоисток.

Повеќе...
 
Среда, 02 Март 2016 04:04   
Дел од творештвото на Славе Катин промовирано на иселенички средби (8)

slave-katin-180Славе Николовски-Катини‘ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот. Исто така, неговата работа се однесува и на низа други аспекти поврзани со етничка Македонија, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата.

Повеќе...
 
Среда, 02 Март 2016 04:03   
Австралија за Македонците е и далечна и блиска (3)

happy-australian-day-180Кога се форматираше сликата за Австралија во која нашите патувања беа врзани со активностите и пос­тиг­нувањето на Македонците, не е на одмет да се додадат и некои други податоци за оваа земја. Така, главен град на Австралија е Канбера и се наоѓа на територијата на федералната влада. Сиднеј е главен град на Нов Јужен Велс, Мелбурн на Викторија, Бриз­бен на Квинсленд, Аделаида на Јужна Ав­стра­лија, Перт на Западна Австралија, Хобарт на Тас­ма­нија и Дарвин на Северната Територија. Најголеми пла­нини се Австралиските Алпи и Сините Планини на исток и југоисток.

Повеќе...
 
Среда, 02 Март 2016 04:02   
Албанската влада не прифатила ниту еден проект на македонските здруженија

ilinden-tirana-180Министерството за култура на Албанија и оваа година не прифати ниту еден проект на македонските друштва во оваа земја.

Повеќе...
 
Среда, 02 Март 2016 04:01   
Крсте Црвенковски (1921-2001)

krste-crvenkovski-180Во Прилепа градот, во старо црквено маало,
кај Црвенковци, се роди машко чедо алово,
името го наследи, од својот дедо
Крсте, расте во здраво и бистро чедо.

Повеќе...
 
Сабота, 27 Февруари 2016 11:38   
Едмонд Темелко деновиве е следен од мерцедес со скопски ознаки!

ФОТО: Едмонд Темелко деновиве е следен од мерцедес со скопски ознаки!

skkkkkk

Голготата на единствениот македонски градоначалник во Република Албанија, Едмонд Темелко никако да престане, откако тој без никаква основа беше приведен, деновиве непознати лица започнале и да го следат.

Како што вели Темелко деновиве тој е следен од две возила, едно со скопски, а друго со ресенски регистарски таблички.

-Вчера и денеска ме пратат две возила. Едното црвено возило, марка мерцедес со скопски регистарски ознаки, а другото возило, црн голф со ресенски регистарски ознаки. Од возилата успеав да го фотографирам само мерцедесот, кој од вчера со уште еден голф се постојано околу мојот стан, а незнам која им е целта, а фамилијата ми е многу вознемирена, вели градоначалникот, Едмонд Темелко.

Инаку, претходно Едмонд Темелко без никаков основ беше приведен од страна на полицијата, по што и судот го потврди тоа и донесе одлука во корист на единствениот македонски градоначалник во Република Албанија.

podrska-temelko

 
Среда, 24 Февруари 2016 05:00   
Кире Печенковски – голем македонски бизнисмен во Канада (7)

kire-pecenkovski-180Животната сторија на Ки­ро (Кирил) Печен­ков­ски поч­ну­ва во Долно Перово, во Песпа, село кое се наоѓа непо­сред­но до северниот брег на Прес­пан­ското Езеро, оддалечено око­лу десет километри од Ресен. Сите жители на се­­­лото се Македонци, од кои голем број како и Киро и неговата сопруга Дежда, одамна тргнале по други животни па­тишта во светот кои живот значат.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.