Среда, 01 Мај 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (24)

a1

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (24)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВ. НИКОЛА“ ВО КЕНТОН, „СВ. БОГОРОДИЦА“ ВО КАЛИФОРНИЈА И МАНАСТИРОТ „СВ. ЃОРЃИ“ ВО РАНДОЛФ

Во летописот на Македонците од градовите Акрон, Кентон и Маслон е забележана дека во 1979 година, кога на купеното место од 9 акри е осветен и поставен крст за изградба на црква и културно-просветен центар и првпат е извршена богослужба на мајчин македонски јазик од митрополитот г. Кирил. А на 26 август 1984 година, надлежниот архијереј, митрополитот г. Кирил ја отслужи првата света архијерејска богослужба во Калифорнија. За манастирот „Св. Ѓорѓи“, пак, круна на сите напори, радости и ден кога надлежниот архијереј на Американско-канадската епархија митрополитот г. Кирил во сослужение со со бројни македонски свештеници, тргнаа на литијна поворка околу манастирот заедно со многубројните верници

Во градовите Акрон, Кентон и Маслон, кои како да се нанижале во една линија и во непосредна близина еден до друг, сместени во богатиот северен дел на државата Охајо, постои една од најстарите македонски колонии во САД, организирана во МПЦО „Свети Никола“.

Кентон е градот на 25-от претседател на САД, Вилијам Мак-Кинли, чиј споменик високо се издига во паркот. Во живописниот дел покриен со зеленило на патот кон Маслон се вишнее убав и значаен македонски центар и собиралиште за сите Македонци од овие три града и од околните места. Тие притиснати од туѓите пропаганди, особено од бугарската, одлучно се решија да формираат своја македонска православна црковна општина во лицето на црквата „Св. Никола“. Така, тие активисти, поведени од желбата за слободно изразување и демократско живеење, ја формираа оваа црковна општина.

Во аналите на црквата е запишано дека на 10 јуни 1977 година е денот на формирањето, а на 14 август истата година беше донесена одлука да се гради Македонска православна црква. Како резултат на тоа на 19 октомври 1977 година, со акт на Светиот синод на МПЦ, оваа општина е примена во крилото на светата Климентова црква.

Еден од најсветлите датуми за Македонците од тој дел на Охајо е 25 август 1979 година кога е купено местото за изградба на црквата „Свети Никола“. Потоа, на 14 август 1981 година надлежниот архијереј митрополитот г. Кирил положи камен-темелник за изградба на црковната сала, која со доброволна работа, средства и безброј подарени работни денови на голем број Македонци, меѓу кои посебно место им припаѓа на Крсте Гаговски и Марјан Кочовски, за кус период беше и завршена. На 21 декември 1985 година, на денот на св. Никола, во присуство на повеќе стотици македонски иселеници и гости на свечен начин салата беше пуштена во употреба.

Во летописот на Македонците од овој дел во САД забележана е и 1979 година, кога на купеното место од 9 акри е осветен и поставен крст за изградба на црква и културно-просветен центар и првпат е извршена богослужба на мајчин македонски јазик од митрополитот г. Кирил.

aa

Црквата „Свети Никола“ Кентон, Охајо

Потоа, на 16 август 1981 година митрополитот Кирил го положи камен-темелникот за изградба на црковната сала. На 21 декември 1985 година на свечен начин салата беше предадена во употреба. На тоа свето македонско место во Охајо, каде што е изградена сала за 500 луѓе се одржуваат пикници и други манифестации, а до неа е црквата „Св. Никола“, чиј камен-темелник беше осветен на 17 септември 1989 година од архиепископот г.г. Гаврил.

Осветувањето на црквата е извршено на 13 септември 1998 година од митрополитот г. Кирил. Новата зграда на црквата е копие на архитектурата на црквата „Св. Богородица“ во Калиште - Струшко. Покрај иконите во неа има живописен изрезбан иконостас изработен во Охрид, кој претставува единствен пример од таков вид на северноамериканскиот континент.

Често се вели дека Македонија климатски наликува на Калифорнија според топлите и суви лета и не е чудо што голем број Македонци одбрале да живеат и да работат во тој привлечен и убав дел на светот. Таму живеат неколку стотици македонски семејства, меѓу кои има голем број деловни луѓе, лекари фабриканти, инженери... од кои не е мал бројот што целосно се интегрирале во тамошното општество.

Првите иселеници на тие простори биле од егејскиот дел на Македонија, како и од Тетовско, од Гостиварско и од Битолско, а подоцна и од Преспа, од Прилепско, од Скопско и од други места на поделена Македонија. Се смета дека меѓу нив се најбројни од битолско-преспанскиот и тетовско-гостиварскиот крај.

aaa

Првите позабележителни активности кај македонските иселеници во Калифорнија почнаа со формирањето на Македонско-американското друштво на 2 мај 1965 година. Подоцна, во1978 година, група македонски патриоти и верници успеаја да се организираат во црковна општина под името „Света Богородица“, која на 9 јануари 1980 година беше регистрирана пред надлежните органи на Калифорнија.

За Македонците од Калифорнија незаборав е 9 јануари 1983 година кога прота Борис Арсовски, чија улога и придонес беше од непроценлива вредност за општината, првпат отслужи богослужба на мајчин македонски јазик. Co неговото доаѓање, црквата падна под канонска и духовна јурисдикција на МПЦ-ОА со примен и одобрен Правилник од Светиот архијерејски синод.

Потоа, на 26 август 1984 година надлежниот архијереј, митрополитот г. Кирил ја отслужи првата света архијерејска богослужба во тој македонски дом. Исто така, вечерта се организира свечен банкет, на кој на група млади ентузијасти од Олимпискиот комитет, митрополитот г. Кирил им подели споменици за нивното учество при отворањето на Олимписките игри „Лос Анџелес - 84".

Co доброволна активност на бројни иселеници е изграден олтарот и направена е ограда околу црковната зграда. Како круна на активностите, на 25 август 1985 година, од митрополитот г. Кирил во сослужение на Јовица Симоновски и парохискиот свештеник Борис Арсовски е осветен црковниот храм. Оваа црква беше домаќин на 32-от црковно-народен собир во 2006 година, на кој митрополитот г. Кирил, заедно со поглаварот г.г. Стефан одржаа богослужба и беа собрани повеќе парични средства.

Според митрополитот г. Кирил, Македонците кои живеат и работат во САД, главно, се организирани преку македонските православни црковни општини, во кои, покрај духовното живеење, ги задоволуваат и своите културно-просветни потреби. Во тие македонски светилишта, го јакнат патриотскиот дух, го чуваат мајчиниот македонски јазик, богатиот фолклор, песните и своите традиции.

Еден од таквите значајни македонски центри е манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Рандолф, во државата Њу Џерси. Тој, всушност, претставува собиралиште и средиште за македонските иселеници од Пасаик, Гарфилд, Патерсон, Клифтон, од Њујорк и од други места.

Идејата за изградба на првиот македонски манастир во САД и во Канада, којшто е посветен на големиот маченик св. Ѓорѓи, датира од 1977 година, кога првпат ја иницираше познатиот македонски иселеник од Ресен, доблесниот патриот и донатор Ѓорѓи Танов. Овој вреден, благороден и хуман Преспанец не е само иницијатор, туку и донатор на местото од неколку хектари и на поголемиот дел од средствата за манастирската зграда. На тоа место, на 10 септември 1978 година митрополитот г. Кирил го постави камен-темелникот за манастирот.

Олтарот на манастирот е збогатен со повеќе икони донесени од Македонија, а подарени од бројни иселеници. Меѓу позначајните донатори заслужува да се одбележат резбата и некои икони подарок од иселеникот Борис Бошковски од Битола, потоа дарот на Ана и Рој Виша, композицијата „Благовештение”, а со помош на семејствата Гулабови, Марковски, Стефановски и многу други се купени другите икони.

Посебно место меѓу бројните помагачи и основоположници на манастирот им припаѓа на тогашниот претседател на МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ Наумче Наумоски, потпретседател Благоја Андреевски, како и на Спиро Малинајдовски, Ѓорѓи Ристевски и многу други.

За манастирот „Св. Ѓорѓи“ со светли бројки и букви е запишан 16 септември 1984 година, кога е завршена изградбата и е извршен освет на овој македонски духовен и културно-просветен дом на Македонците. На тој ден се овековечија неколкугодишните напори и саможртви на македонските верници од Пасаик и од другите места.

Манастирот претставува круна на сите напори, радости и ден кога надлежниот архијереј на Американско-канадската епархија митрополитот г. Кирил во сослужение со парохискиот свештеник, прота Крсте Поповски, како и со свештениците: Илија Димитриевски, Душко Ѓорѓиевски, Ристо Ристевски, Трајко Босеовски и Александар Цандовски, тргнаа на литијна поворка околу манастирот заедно со многубројните верници. Тоа беше голема гордост, радост и доживување за македонските иселеници и овековечување на уште еден македонски дом во САД.
aaaa

Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Њу Џерси

Митрополитот г. Кирил богослужел во сите македонски православни цркви во САД. Покрај горенаведените, тој служел и во: „Св. Никола“ во Тотова, „Св. Петка“ во Чикаго, „Св. Климент Охридски“ во Њујорк, „Св. Ѓорѓи Кратовски“ во Детроит и други. Треба да се истакне дека при поставувањето на камен-темелниците или осветувањата на црквите од верниците се собираат големи суми пари. Притоа најголема заслуга во ваквите акции има митрополитот г. Кирил, кој со својот авторитет, по пат на наддавање за иконите, фреските и други црковни предмети успеал да се реализираат големи донации.

Продолжува

aaaaaПишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Американски весник во 1914 известува за одржана литургија на Македонски во чест на Кирил и Методиј

Американски весник во 1914 известува за одржана литургија на Македонски во чест на Кирил и Методиј...

Иселеници

News image

СЕЌАВАЊА

Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, ис...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (27)

НОМИНАЦИЈА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.