|
||||
| Ленка |
|
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол – лицето и се измени веѓи паднаја надолу и усти свија кораво. Не беше Ленка родена за тија пусти тутуни! Тутуни – жолти отрови за гради – китки розови. Прва година помина грутка в срцето и легна, втора година намина болест ја в гради искина. Трета година земјата на Ленка покри снагата. И ноќе кога месечко гроб и’ со свила виеше. Ветерчок тихо над неа жална и тага рееше: „Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна...“ |












