| Среда, 07 Јануари 2015 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Димитар Цанко
|
| Димитар Цанко (1814 – 7. X. 1904) е македонски просветен деец од XIX век во Корчанско. По завршувањето на образованието, работи како учител во родното место се` до својата смрт. Меѓу населението бил познат како „Даскало“. Познавал повеќе јазици меѓу кои: својот македонски, старогрчкиот, новогрчкиот, албанскиот, романскиот и по малку францускиот јазик. Иако пишувал на грчки јазик или преведувал со грчко писмо, заради неговата преведувачка дејност, посебно на евангелието, како и борбата против елинизмот, дејноста на „Даскалот“ ја споредуваат со преродбенската активност на Димитар Миладинов.
|
|
| Среда, 31 Декември 2014 10:30 |
 |
 |
 |
|
| Александар Станишев
|
| Александар Станишев (27. XII. 1886 – 1. II. 1945) е лекар, научник и политичар од Егејска Македонија, кој живее и работи во Бугарија. Тој е еден од водечките хирурзи во периодот меѓу двете светски војни. Неговата политичка активност е поврзана со борбата за ослободување на Македонија под српска и грчка окупација. Бил член и основач е на Македонскиот научен институт, а исто така член е на масонската ложа. Од јуни до септември 1944 година бил министер за внатрешни работи и јавно здравје на Бугарија, а неколку месеци по деветосептемврискиот преврат бил егзекутиран од новата комунистича власт.
|
|
| Среда, 24 Декември 2014 03:57 |
 |
 |
 |
|
| Антон Кецкаров
|
| Антон Ефтимов Кецкаров (12.XII.1865 – јануари 1945) е македонски револуционер, просветен и општесвен деец. Деец е на Македонската Револуционерна Организација од 1893 година. Во Илинденското востание бил член на Горското началство на Охридскиот револуционерен реон на ТМОРО и охридски војвода во Долна Дебарца. Од 1923 година член е на Бугарските конституциони клубови, а потоа благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет, Илинденската организација од 1932 и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 година. Како и многу други македонски интелектуалци, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија, со цел да помогне за македонската кауза.
|
|
| Среда, 17 Декември 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Илеш Шпиц
|
| Илеш Шпиц (2.II.1902 - 1.Х.1961) е фудбалски репрезентативец на Унгарија и тренер на скопските клубови ФК „Граѓански“ (1938), ФК „Македонија“ (1941–1944) и ФК „Вардар“ (1960 – 1961). Во текот на Втората Светска Војна, како Унгарец со еврејско потекло, окупаторските власти во Македонија се обиделе да го интернираат во логор на смртта (1943), но поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот „Македонија“, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје. По овој настан снимен е филмот „Трето полувреме“.
|
|
| Среда, 10 Декември 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Христо Станишев
|
| Христо Станишев (24. XII. 1863 - Софија, 12. XII. 1952) е македонски градежен инженер во Бугарија, деец на македонското револуционерно движење. Во 1895 година го формира и е претседател на Македонското друштво во Бургас, а во 1896 година бил назначен за благајник на Македонската организација во Бугарија. Од 1897 до 1899 година бил и претседател на ВМК во Софија и заслужен за приклонувањето на Македонскиот комитет кон ТМОРО. Во 1902 година бил член на Врховното тело на македонската емиграција, а по Првата Светска Војна бил во раководството на Сојузот на македонските емигрантски друштва во Софија. Бил член на МНИ во Софија, а во 1933 година претседавал на Великиот македонски собор во Горна Џумаја.
|
|
| Среда, 03 Декември 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Ѓорѓи Абаџиев
|
| Ѓорѓи Абаџиев (7. X 1910 – 2. VIII 1963) е македонски писател, раскажувач романсиер, историограф, публицист и сценарист. Со родителите емигрирал во Бугарија. Бил член на Македонскиот литературен кружок (1938–1942) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ (1946–1947). Во 1948 година се враќа во Македонија, каде што во Скопје е еден од основачите и еден од најактивните соработници на Институтот за национална историја. Во 1972 г. се објавени неговите “Избрани дела“ во четири тома. Во сите негови дела темите на историјата имаат истакнато место и со право се смета за историски белетрист.
|
|
| Среда, 26 Ноември 2014 03:32 |
 |
 |
 |
|
| Нако Станишев
|
| Нако Станишев (1810 – 1875) е македонски деец, застапник за осамостојување од Цариградската патријаршија, истакнат претставник на Кукушката унија. Како познат трговец и производител, тој е долгогодишен претседател на Кукушката црковно-училишна општина. Бил во врска со Д. Миладинов и со епископот Партенија Зографски. Подоцна ја напуштил унијата.
|
|
| Среда, 19 Ноември 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Макариј Негриев
|
| Макариј Негриев (Галичник, 1800 - Пазарџик, Бугарија, 1859) е македонски резбар и иконописец од Дебарската (Мијачка) школа, еден од најнадарените резбари-копаничари од родот на Фрчковци. Освен со резбарство, се занимавал и со посебна техника на украсување на капителите од столбовите во црквите со различни орнаменти и фигури. Од рацете на Макариј Негриев ќе излезат многу црковни иконостаси во централна Македонија. Учествувал во изработката на иконостасот во скопската црква “Св. Спас“ (1825), како и во изработката на таваниците во познатите конаци на управникот на Скопскиот вилает Авзи-паша во с. Бардовци кај Скопје, за кое бил и посебно награден. Освен тоа, пашата кој потекнувал од Пазарџик го препорачал да учествува во украсувањето на тамошната Чарши-џамија.
|
|
| Среда, 12 Ноември 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Димитар И. Занешев
|
| Димитар И. Занешев (21. I. 1876 – 24. I. 1962) е македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, воденски војвода. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903), член на Штабот на Вториот солунски револуционерен реон во Илинденското востание. Од 1905 г. станал војвода на чета во Воденско, се борел со андартите.
|
|
| Среда, 05 Ноември 2014 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Иван Каранџулов
|
| Иван Каранџулов (1856 – 5.V.1930) бил правник и општественик од Македонија, претседател на Извршниот комитет, а потоа на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства, пратеник во бугарското Народно собрание, главен обвинител на Врховниот суд и претседател на Алианс Френцезе во Бугарија. Се школувал во Цариград и правни науки завршил во Франција. Како долгогодишен претседател на Комитетот, одржувал блиски врски со ВМРО на Т. Александров и Иван Михајлов.
|
|
|
|