| Среда, 02 Март 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Нико Нестор
|
| Нико Нестор (19. VI 1934 – 26. II 2016) е македонски пливачки маратонец, првиот Македонец кој го препливал Ла Манш. Тој бил член на ПВК “Охридски бранови“ од Охрид. Од 1948 до 1967 година учествувал на републичките првенства во пливање на кои освоил 14 први места и поставил наколку републички рекорди. Во периодот од 1954 до 1959 година се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро. Во 1958 го препливал езерото од Св. Наум до Струга за 11 часа и 28 минути, а во 1959 година го препливал Ла Манш за 12 часа и 6 минути.
|
|
| Среда, 24 Февруари 2016 03:17 |
 |
 |
 |
|
| Алексо Стефанов
|
| Алексо Стефанов (1869 – Софија, 12. VII 1935) е македонско револуционер, демирхисарски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во ревизионата чета на Тома Давидов, а потоа учествувал во Илинденското востание (1903), Балканските војни (1912/1913).
|
|
| Среда, 17 Февруари 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Никола Митрев - Езерски
|
| Никола Митрев (1865 – по 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуциомерма организација. По известувањето дека во земјата се спрема востание за ослободување од Турците, тој доброволно се враќа од Кавказ во татковината. Зедно со своите другари по морски пат доаѓа во Солун, а потоа и во Охридскиот реон. Познат како Елшански или Езерски, пред и за време на Илинденското востание тој се одликува со јуначки подвизи во повеќе битки во Охридско. Спомените до 1904 г на Никола Митрев, Смиле Војданов, Дејан Димитров и Иван Попов. ќе ги забележи и објави Љ. Милетич во книгата „Борбата во Костурско и Охридско„ (Софија, 1926). Високото морално ниво на четите по кое што била позната Организацијата, никогаш не би можело да се одржи без луѓе како што бил Езерски.
|
|
| Среда, 10 Февруари 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Ефрем Чучков
|
| Ефрем Чучков (21. XI 1870 – 1. X 1923) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и учител. Заедно со Гоце Делчев учел во воено училиште во Софија и заедно го напуштиле. Потоа завршил Педагошко училиште во Казанл’к и повеќе години работел како учител. Како припадник на ТМОРО бил организатор на Револуционерната дејност во Пехчево и Мелник, каде дејствувал под туѓо име. Потоа бил Скопски окружен војвода, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година бил избран за член на Централниот комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни.
|
|
| Среда, 03 Февруари 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Стојан Карастоилов
|
| Стојан Карастоилов - Стојан војвода (1848 - 24. XI 1878) е ајдутин и главен војвода во Македонското ( Кресненско) востание (1878–1879). Пред Востанието бил ајдутски војвода во долината на Струма, а на почетокот на Востанието, заедно со другите војводи, со 400 борци го нападнале османлискиот гарнизон во кресненските анови (5/17. X 1878) и ослободиле 35 села во Каршијак. Притоа бил формиран Штаб на чело со Д. Попгеоргиев-Беровски и С. Карастоилов како главен војвода. По недоразбирањата и отстранувањето на водачот на востанието Д. Попгеоргиев-Беровски (4. XI), бил назначен за началник на Штабот. Заедно со двајца соборци, биле убиени на спиење.
|
|
| Среда, 20 Јануари 2016 03:07 |
 |
 |
 |
|
| Наум Тахов
|
| Наум Тахов (1867 – 1913) е слеп народен пејач од Крушево, собирач на народни умотворби и автор на песни. Во 1895 година, во Софија го отпечатил и издал својот зборник со македонски народни песни. Десетина песни му ги отстапил Марко Цепенков. Објавени се и 40 влашки песни. Голем број од песните се однесуваат за личности од ослободителното движење од тој период. Некои од песните се негови лични творби. Во 1904 година објавил и посебна збирка „Македонска солза“ со лични и народни песни посветени на Илинденското востание.
|
|
| Среда, 13 Јануари 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Константин Држилович
|
| Константин Динков Држилов(ич) – Динката (? - 1890) е македонски револуционер, преродбеник, општественик, печатар и книжевник. Учествувал во Негушкото востание, а потоа војува против Турците во Грција. По преселувањето во Солун се занимава со трговија и печатарство, а активно се вклучува во антипатријаршиската борба за своја црква, јазик и училишта и во конституирањето на Солунската црковно-училишна општина.
|
|
| Среда, 06 Јануари 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Васил Пасков
|
| Васил Пасков (3.I 1874–9.IX1934) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Работи како учител во Битола и Ново Село, претседателствува со Конгресот на ВМРО на Петрова нива во Одринскиот револуционерен округ, каде се објавува кревањето на востанието во 1903 година. Емигрира во Бугарија каде редактира повеќе весници. Тој е член и еден од основачите на Македонскиот научен институт и на Илинденската организација во Софија.
|
|
| Среда, 30 Декември 2015 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Паскал Митревски
|
| Паскал Митревски (1912 – 11. XI 1978) е истакнат македонски нацинален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. Во периодот од 1943 до 1949 година бил учесник е во грчкото движење на отпорот (ЕЛАС), секретар на СНОФ во Костурско (1943), секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција (1944), а за време на Граѓанската војна во Грција бил и министер на Привремената демократска влада на Грција (1948). По војната, бил уапсен од страна на КПГ во Албанија во 1949 година, а потоа префрлен во СССР, каде бил осуден на 25 години затвор. Во Македонија доаѓа во 1955 година.
|
|
| Среда, 23 Декември 2015 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Киријак Држилович
|
| Киријак Држилович (Држиловец), (поч. на XIX век – ок. 1877) е македонски преродбенски деец и општественик, печатар и книжар. Учествува во грчкото етеристичко движење (1821–1829), а потоа учи и живее во Атина. По преселувањето во Солун се занимава со трговија, отвора грчка печатница (ок. 1850), во која печати и публикации на македонски јазик со грчки букви („Канонаме за селата битолски“, 1851; „Неделно евангелие“ од П. Божигропски, 1852). Вклучен е во преродбенските антипатријаршиски борби за своја црква, јазик и училиште и учествува во конституирањето и дејноста на Солунската црковноучилишна општина.
|
|
|
|