Среда, 11 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Христо Тенчов

1le123 Христо Тенчов

Христо Тенчов (22. II 1872 - 1953) е македонски емигрант, лекар и револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Работел како училипен лекар во Солун,, а по Втората балканска војни емигрирал во Софија. По Младотурската револуција, тој го лекувал и Јане Сандански, по извтшените два атентати врз него во 1908 и 1909 година во Солун, Тој е еден од Македонците кој го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија, објавен во средината на септември 1944 година.  

Христо Гоцев Тенчов или Тенчев е роден во 1872 година во јужномакедонски град Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на трговецот Гоце Тенчов, кој бил убиен за време на патување во 1883 или 1885 година. Христо е најстариот брат на Иван Тенчов - фармацевт, и Димитар (Мито) Тенчов - стоматолог, и двајцата членови на ВМОРО. Неговиот најмлад брат бил Кирил Тенчов, кој завршил финансии .

Христо Тенчов учел во Кукуш, а потоа во 1892 година завршил седми клас на Солунската машка гимназија. Студирал медицина во Нанси, потоа на Сорбона во Париз, каде што дипломирал во јануари 1901 година. Се вратил во Солун, каде работел како училишен егзархиски лекар се до 1912 година. Како училишен лекар ги опслужувал  интернатите во двете гимназии до 1911 година, а во 1911 година бил назначен за лекар во педагошкото училиште. Тој ги лечел и пациентите надвор од градот, а често бил повикуван на консултации кога имало тешки случаи, заедно со странски лекари во градот.

Тој се приклучил на ВМОРО и лекувал многу ранети македонски револуционери . На Серскиот окружен конгрес во 1905 година бил избран за претседател на Солунскиот окружен комитет. Тој водел аптека во Солун и таму му пружил прва помош на Јане Сандански во два наврати при обидите за атентат против него по Младотурската револуција.

Во првиот напад, на 4 септември (стар стил) во 1908 година, по укажаната помош др. Христо Тенчов го сместил Јане во италијанската болница. По вториот напад, на 14 август 1909 година,  тој го извадил куршум што бил во близина на срцето и го одвел во истата болница.

Др. Христо течно зборува старотурски, арапски, латински, француски, англиски, германски, турски и руски јазик. По основањето на Народната федерална партија во 1909 година, тој бил вклучен во нејзиното раководство.

За време на Втората балканска војна во 1913 година, Д-р Христо Тенчов го напуштил Солун и привремено престојувал во Софија. За време на Првата светска војна бил мобилизиран во Александрополис. После тоа конечно се преселил во Софија заедно со сопругата и трите деца, каде што се до смртта се занимавал со медицина.

Во 1944 година го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија“ кој е објавен во средината на септември 1944 година и преставува обраќање на 29 поранешни дејци на ВМРО (обединета) и на ВМРО (протогеровисти), до македонските иселенички организации во Бугарија. Во него, се говори за постоење на самостојна македонска нација, се поддржува АСНОМ, како и вклучувањето на Демократска Федерална Македонија во Демократска Федеративна Република Југославија. Исто така, се посочува дека „македонската емиграција во Бугарија водела крвава борба во своите редови против агентите на фашистичката политика на освојување“ и главна задача била да се исчистат емигрантските организации од нивните „фашистички“ раководства.

Христо Тенчов починал во 1953 година во Софија .

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.