Среда, 01 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
Тома Измирлиев

1as123 Тома Измирлиев

Тома Димитров Измирлиев (9. IX 1895 – 22. XI 1935) е поет и писател-хуморист, постар брат на Христо Смирненски. Познат е под псевдонимите Момче Македонче, Фома Фомич, Лобичек, Гарабед Бедниј, Голголенко, Драка, Звонарчик и др. Станал член на БКП во 1921 г., бил член на Военотехничката комисија на ЦК на БКП и по партиски задачи патувал во СССР, Турција и Австрија. Автор е на повеќе книги хумористични творби, песни, раскази и фељтони. Заедно со Тодор Боров, објавил три тома собрани дела на брата си Христо Смирненски.

Тома Измирлиев е роден на 9 септември 1895 година во Кукуш, Егејска Македонија. Татко му Димитар бил соработник на Гоце Делчев и член на МК на ТМОРО во Кукуш, а неговиот поголем брат бил познатиот поет Христо Смирневски. Основно училиште Тома завршил во Кукуш, а потоа учел во Солунската машка гимназија и завршил шести клас во Битолската класична гимназија.

Во 1913 година, кога македонскиот град Кукуш бил разорен до темели од грчката војска за време на Втората балканска војна, заедно со другите македонски бегалци, семејството на Тома се преселило во Софија. каде тој извесно време го посетувал Военото училиште. Во 1914 година Тома добил стипендија за да го доврши образование во Цариград, а веднаш по завршувањето на гимназијата продолжил да студира медицина.

Поради избувнувањето на Првата светска војна (1914 - 1918), Тома Измирлиев се вратил во Софија, каде бил мобилизиран и испратен на Македонскиот фронт. За воените заслуги во текот на вториот период од војната добил орден „За заслуга“.

По демобилизирањето во 1918 година, Тома работел како чиновник и се занимавал со книжевна дејност. Неговиот вујко Владимир Попанастасов веќе во 1913 година го имал насочено Тома кон книжевна дејност, а тој, пак, извршил влијание врз помалиот брат Христо Смирненски. Тома бил соработник на списанието „Барабан“ (1914 - 1921), „Българан“ (1916 - 1924) и „Червен смях“ (1919 -1923), в. К’во да е (1913) „Народна армия“ (1920 – 1923) и др.

Во 1921 година Тома станал член на Бугарската комунистичка партија (БКП), бил член на Военотехничката комисија на ЦК на БКП и по партиски задачи патувал во СССР, Турција и Австрија.

На иницијатива на Тома Измирлиев Македончето и неговиот брат Христо Смирненски во 1922 година бил печатен весникот „Маскарад“ кој излегувал неполни две години. Во овој весник во кој Тома бил редактор е објавен и текстот на неговиот брат на македонски јазик (кукушки говор) „Автономна Македонија“, во кој се исмејуваат лажните автономисти во редовите на македонската емиграција во Бугарија.  

Инаку Смирненски бил раководител на познатиот „Македонски круг“ во Софија, во кои биле брат му Тома Измирлиев, Сребро Јанакиев и Крум ќулавков.

Во 1924 година, по препорака на БКП, Тома Измирлиев и Крум Ќулавков го покренале хумористичкото списание „Звънар“.  По април 1925 година, поради написите во списанието бил проследуван од властите, поради што Тома се преселил во Хасково. Подоцна се вработил во Софиската обласна финансиска палата во 1932 година.

Тома е автор на повеќе книги хумористични творби, песни, раскази и фељтони. Заедно со Тодор Боров, објавил три тома собрани дела на брата си Христо Смирненски.

Тома Измирлиев починал на 22 ноември 1935 година во Софија.

 

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.