Среда, 03 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Маргарит Димица

1212345

Маргарит Димица

Маргарит Димица (1829–1903) е виден грчки епиграфичар и историчар, специјалист за античка топографија и географија, со македонско потекло. Преку проучувањето на античките извори и епиграфски споменици тој е првиот учен што напишал дела за античката топографија на Македонија и исцрпно ги регистрирал дотогаш познатите камени споменици. Познат во грчката наука како Маргаритис Димицас. тој се залагал за обновување на Охридската архиепископија со автокефален статус по нејзиното затворање, кое го сметал за неправедно.

Маргарит Ѓорѓи Димица или Димзо е роден во Охрид во 1829 година, во македонско семејство. Некои грчки историчари тврдат дека потекнувал од влашко семејство преселено од Москополе, но во своите мемоари, гркофилот Анастасиос Пихеон од Охрид, ќе забележи дека Маргарит му бил прв братучет на истакнат македонски лекар и преродбеник д-р Константин Робев.

Димзо прво учел во Охрид, кај Димитар Миладинов, а потоа средно во Јанина и Солун, Со високо образование се стекнал на Универзитетот во Атина каде завршил филологија. Во периодот од 1859 до 1861 година, на факултетите во Лајпциг и во Берлин специјализирал класична филологија, филозофија и археологија.

Образовајќи се во тогашните грчки училишта, Димзо станал изразен гркофил и деец на грчката пропаганда во Македонија.  Тој предавал географија во Атина, Охрид и Битола, каде во своето училиште уште во 1851 година го основал првиот грчки гимназиски клас. Од 1965 до 1965 година живеел во Солун, каде бил директор на грчкото класно училиште. Во негово време тоа прераснува во гимназија и станува основен грчки образовен центар во Македонија. 

Преку проучувањето на античките извори и епиграфски споменици Димзо бил првиот учен во земјата што напишал дела за античката топографија на Македонија и исцрпно ги регистрирал дотогаш познатите камени споменици.

Иако бил гркофил и деец на Грчката пропаганда во Македонија, Димзо кој бил во преписка со др Константин Робев и другите членови на родот Робеви, кои биле активни во црковнта борба против Цариградската патријаршија, се залагал за обновување на Охридската архиепископија со автокефален статус по нејзиното затворање, кое го сметал за неправедно.

Имено, Маргарит Ѓорѓи Димица или Димзо напишал три книги на тема Македонија. Во една од своите книги објавена во 1857 година која е посветени на возобновувањето на Охридската архиепископија, тој го осудува неправедното нејзино укинивање во 1767 година, што во тоа време е спротивно на интересите на грчката пропаганда и Цариградската патријаршија.

Маргарит Ѓорѓи Димица или Димзо починал во Атина во 1930 година.

 

На прво место

News image

ВМР)-ДПМНЕ : Заеви станаа и нарко картел

Заеви станаа и нарко картел, да одговорат дали комбето фатено со дрога од 800 илјади евра е на с...

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.