Среда, 06 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Пантелис Пуљопулос

1pasu Пантелис Пуљопулос

Пантелис Пуљопулос (10. III 1900 – 6. VI 1943)  е грчки комунист, генерален секретар на ЦК на КПГ (1924–1926) и основач на троцкистичкото движење во Грција. Во однос на македонското национално прашање ја спроведувал политиката на Коминтерната за „Обединета и независна Македонија“ (1924–1935). Во 1940 година во логорот во Акронавплија напишал граматика на македонскиот јазик и одделна статија „За македонското прашање“, со која на македонскиот народ му го признава правото на самоопределување. Ја претставувал антисталинистичката струја во редовите на КПГ и бил исклучен од редовите на КПГ како „ликвидатор“.

Пантелис Пуљопулос е роден на 10 март 1900 година во селото Тиваико, Тесалија. Бил одличен ученик. Завршил гимназија и потоа во 1919 година се запишал на Правниот факултет при Универзитетот во Атина, каде се приклучил на Социјалистичката работничка партија на Грција, која е претходник на Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Во 1920 година, за време на Грчко-Турската војна (1919 - 1922), Пантелис бил присилно регрутиран во грчката војска. Во 1922 година тој бил уапсен за антивоени активности, но наскоро бил ослободен поради крајот на војната. По војната тој не престанува со своите активности и учествувал во движењето на воените ветерани, а во 1924 година бил избран за претседател на Се-грчката федерација на ветерани.

Во летото 1924 година, Пантелис Пуљопулос учествувал на 5-от Конгрес на Коминтерната.Во ноември истата година, на Третиот вонреден конгрес на партијата, станал генерален секретар на КПГ (1924–1926). Во однос на македонското национално прашање ја спроведувал политиката на Коминтерната за „Обединета и независна Македонија“ (1924–1935).

Меѓутоа, на 24 август 1925 година, Пуљопулос, заедно со 23 свои соработници, бил изведен на судење во Атина под обвинение за водење на кампања за автономија на Македонија и Тракија. Според ова обвинение, наводно, тој бил против територијалниот интегритет на Грција. Иако од преставникот ма Коминтерната, им било советувано да се откажат од паролата за независна и обединета Македонија, грчките комунисти го отфрлаат советот, а генералниот секретар на КПГ Пуљопулос одржал петчасовен говор во кое го брани правото на малцинствата, по што обвинувањата биле отфрлени. Сепак, на 22 февруари 1926 г., судењето на „автономистите“ било обновено. Иако обвиненијата биле одбиени, наместо да бидат ослободени, другарите на Пуљопулос биле испратени во егзил на островите Анафис, Аморгас и Фолегандрос.

Пуљопулос бил оспратен на островот Фолегандрос, од каде се вратил дури по падот на диктатурата Пангалос во август 1926 година. Во септември истата година, тој поднел оставка од функцијата генерален секретар на КПГ, но бил вратен на функцијата со одлука на Коминтерната. Сепак, поради несогласување со сталинистичката линија во комунистичкото движење започнал да биде прогонуван. Веќе во март 1927 година, на Третиот редовен конгрес на КПГ Панделис Пуљопулос и Пастиас Гиацопулос биле отстранети од Централниот комитет на партијата, а наскоро истите беа исклучени од партијата за објавување на брошурата „Нов почеток“. Како преставник на антисталинистичката струја, тој бил исклучен од редовите на КПГ како „ликвидатор“.

Откако бил исклучен од партијата, тој бара врски со Левата опозиција, но одбива да им се придружи на археомарксистите. Нивните позиции на неортодоксен марксизам, иако беа блиски до троцкизмот, на Пулиопулос му се чинеа „секташки“ во однос на партијата. Во декември 1928 година, грчките троцкисти, предводени од Пуљопулос, започнаа да го издаваат списанието Спартак. Кога Археомарксистите беа признати како претставници на Меѓународната лева опозиција, Троцки ги осудил и Пулиопулос и неговиот млад сојузник Мишел Пабло (отцепен од археомарксистите) „како фракционери“

Во 1934 година, обете грчки троцкистички групи се обединија и формираа Организација на комунистички интернационалисти на Грција (ОКДЕ). Отпрвин, Пуљопулос извесно време одржувал контакт со Рејмонд Молинјес и Курт Ландау, троцкисти кои се спротивставија на идејата за нова, четврта интернационала. Но, на крајот, тој се согласил со курсот на Троцки и Обединетата организација на комунистичките интернационалисти на Грција (ЕОКДЕ) во септември 1938 г. учествува на основачката конференција на Интернационалата во Париз.

Во 1937 година, за време на диктатурата на Метаксас,  Пуљопулос заминал во илегала, но во 1938 г. бил уапсен од десничарскиот авторитарен режим и затворен во Акроноплија. Пуљопулос говорел повеќе јазици, а во затворот го научил и македонскиот јазик. Во 1940 година, тој во логорот во Акронавплија напишал граматика на македонскиот јазик, која за жал не е сочувана и одделна статија „За македонското прашање“, со која на македонскиот народ му го признава правото на самоопределување.

Во мај 1940 година, додека бил во затворот „Акронавплија“, партискиот весник „Ризоспастис“ ја објавил статијата на Пуљопулос „За македонското прашање“, во која, меѓу другото, вели дека „комунистите не се зафаќаат да создадат национални движења таму каде што тие не постојат“, зашто „тоа би била попуста работа“, туку „тие поддржуваат такви движења таму каде што самите се појавуваат“, што значи дека Македонците постоеле многу пред Коминтерната. Усто така, тој во продолжение ќе додаде: „Кој не го признава постоењето на македонското национално прашање во грчка, српска и бугарска Македонија, во минатото и денес - тој бездруго е слуга на буржоазијата. Кој не го признава историското ослободително движење на Македонците и неговите херои, тој е слеп. Ова движење досега беше задушувано во крв и предавство или имаше уништувачки последици за интересите на македонските работници и селани и беше искористувано од балканските буржоазии особено од бугарската).“

Со почетокот на тројната германско-италијанско-бугарска окупација на Грција (1941-1944), како и многу други грчки комунистички затвореници, Пуљопулос бил предаден на окупаторските власти.  На 6 јуни 1943 г. тој бил стрелан во Нексеро, недалеку од Лариса (Тесалија) од страна на италијанската војска.

Имено, во 1943 година бил застрелан од италијанските окупаторски сили, заедно со уште 105 други затвореници, како одговор на една од најголемите акции на грчките партизани - разнесување на железничкиот тунел во Курново и уништување на воз со војници во него. Дури и за време на погубувањето, тој продолжил да им се обраќа на стрелачката екипа со антифашистички говори. Како резултат на тоа, италијанските војници одбиле да стрелаат, па  Пулиопулос бил застрелан одделно од другите затвореници од жандарми (карабинери).

 

 

На прво место

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.