Среда, 01 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
Стојан Донски

1stojanСтојан Донски

Стојан Донски (1869 – 9. VII 1904) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Поради учество во Мелничката акција бил осуден на 101 година затвор. По амнестијата бил врбуван од српската пропаганда, но се откажал. Станал битолски околиски војвода. Стојан бил познат под псевдонимот Донски. По востанието, по предаство од србоманите, Донски загинал во битката со Турците кај светиниколското село Горно Ѓуѓанци.

Стојан Ангелов Донски е роден во 1869 во леринското село Битуша. Во 1894 година заминал за Бугарија, а веќе наредната 1895 година учествувал во таканаречената Мелничка акција на Македонскиот комитет. Тој бил заробен во битката и осуден на 101 година егзил во Дијарбакир.

По амнестијата Стојан Донски се вратил во Македонија и живеел во селото Смилево. Тој станал четник кај војводата Никола од битолското село Брезово, познат како херојот.

Во 1901 година, Донски се здружил со српскиот офицер и деец на српската пропаганда во Македонија, Живојин Рафаиловиќ, а Донски станал војвода на чета организирана и вооружена од страна на Белград. Сепак, по неговото пристигнување во Македонија, Донски не пропагирал србизам, туку се сврзува со Македонската револуционерна органиација. Тој положил заклетва кај војводата Георги Поп Христов и бил поставен за војвода во битолскиот округ.

Во однос на делувањето на српската вооружена пропаганда во Македонија, македонскиот револуционер, историчар и деец на Македонската револуционерна организација Христо Силјанов ќе напише:  

„Сепак, неуспешен обид беше направен во Белград, во текот на истото лето, со Стојан Донски. Донски, поранешен арамија од селото Битуша, се појавил во битолско со чета организирана од комитетот на Ж. Рафаилович. Тој ги обнови врските со своите стари скривалишта во селата во подножјето на Пелистер и Бигла, но без да промовира никаков србизам. По наредба на Д. Груев, кој во тоа време беше затвореник во Битола, Георги Поп Христов се сретна со Донски и успеа, без потешкотии, да го посвети на револуционерната кауза. После положената заклетва, Донски беше назначен за привремен окружен војвода во Битола и до крај верно и служеше на Организацијата.“

Донски ја водел четата во битолскиот и ресенскиот регион до почетокот на 1902 година кога бил заменет со војводата Славејко Арсов. За тоа време, неговите јатаци биле Мико Кокин во Смилево, Филип Терзиов во Градешница, Тодор Фурнаџиев во Лажец и Битола.

Во 1903 година, Стојан Донски  учествувал во Илинденското востание и бил меѓу бранителите на Смилево.

Во летото 1904 година, четите на Стојан Донски, Славејко Арсов и Атанас Бабата биле предадени од страна на србомани од селото Кокошино. Македонските чети биле опколени во близина на светиникоското село Горно Ѓуѓанци. На 9 јули 1904 година, во шестчасовна битка во која Турците користеле артилерија и коњаница, загинале војводите Донски и Арсов заедно со 20 четници. Другите, предводени од Атанас Бабата, успеале да го пробијат кордонот. Тие по битката ги казниле предавниците од селото Кокошино (Кокошинско клање).

Во четата на војводата Стојан Донски, биле Михаил Каранфилов од кичевско Дупјани (убиен), Кочо Матев од кичевското село Крушица (убиен), Бојче Павлев од кичевското село Миокази, Љубе Софрониев од кичевското село Миокази, Илија Христов од леринското село Неолени (убиен) и Коле Ѓоров.

 

На прво место

News image

ИМА МАКЕДОНИЈА

Ламбе Арнаудов: До ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ – АРХИТЕКТИ НА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.