Среда, 22 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Калистрат Зографски

zografskiКалистрат Зографски

Калистрат Зографски (3. V 1821 – 1913) е теолог, православен црковномузички деец и композитор на духовни напеви од Македонија. Замонашен на Атос, во манастирот Зограф, Калистрат со својата севкупна дејност достигнал до должноста Архимандрит. Како уредник на манастирските изданија и преведувач од грчки и од романски јазик, дал значаен придонес кон збогаувањето на црковнославјански музички репертоар. Од грчки ги превел службите на св. Климент, св. Наум, св. Седмочисленици и др. Најобемниот труд под негова редакција е четиритомното дело со Хрисантова нотација: 'Восточно црковно пеење' (Солун, 1905)"

Калистрат Зографски е роден на 3 мај 1821 година во Струга. Неговото световно име е Крстан Санџакоски. Основното образование и почетоците на теолошкото образование ги стекнал во својот роден град. Според некои сознанија тој ја посетувал музичката школа на Наум Миладин, брат на Константин и Димитар Миладинов, каде ги усвоил теориските основи на византиската диховна музика.

До заминувањето на Света Гора, Крстан Санџакоски бил наставник по грчки јазик и даровит црковен пеец. Причина за неговото напуштање на учителската служба во Струга била трагичната смрт на браќата Миладиновци. Во знак на протест Крстан Санџакоски заминал за Света Гора и се замонашил во манастирот Зиграф. Под името Калистрат, тој со својата севкупна дејност достигнал до должноста Архимандрит.

Во манастирот Зограф, Калистрат развил широка и плодна теоретска, композиторска и преведувачка дејност, што му обезбедило голем углед меѓу познавачите на источната црковна музика. Калистрат Зографски е можеби најдобриот познавател на византиската невматска лествица, создадена од славниот подвижник, композитор и псалт, Св. Јован Кукузел (XII век).

Калистрат Зографски бил познат по својата длабока и непоколеблива припадност на монашкиот живот, но и за неговиот патриотизам и предаденоста на Националната преродба. Како уредник на манастирските изданија и преведувач од грчки и од романски јазик, Калистрат дал значаен придонес кон збогаувањето на црковнославјанскиот музички репертоар. Од грчки ги превел службите на св. Климент, св. Наум, св. Седмочисленици и др. Најобемниот труд под негова редакција е четиритомното дело со Хрисантова нотација: 'Восточно црковно пеење' (Солун, 1905)".

Најраната пишана трага од Калистрат е ракописната Псалтикија напишана 1862 година, а пронајдена во 1982 во с. Лазарополе. Основната вредност на овој ракопис е тоа што насловите се напишани на македонски говорен јазик. Сепак, негово најзначајно дело е зборникот Восточно црковно пеење, во четири тома, кое го издава во Солун, во 1905 година.

Освен со преведувачка и композиторска дејност, Калистрат Зографски се занимавал и со теоријата на источното црковно пеење. Неговиот единствен теоретски труд има наслов Правила и претставува вовед во Воскресеникот-првиот дел од зборникот Восточно церковно пение. Разбирливоста и едноставноста на јазикот со којшто Калистрат говори во оваа кратка граматика го оддаваат високиот степен на образованост и студиозноста, од една, и неговото суверено владеење со теоријата на Хрисантовиот музички систем, од друга страна.

Калистрат Зографски починал во зографската монашка киновија во 1913 година. Поради неговиот смирен, аскетски живот се смета за еден од најомилените духовници на Атонскиот манастир Зограф. Неговите мошти до денес се чуваат во зографската монашка костурница.

Исто така, поради неговиот заслуги кон неговата родна Струга, во црквата Св Ѓорѓи е запишана општинската одлука од 1894 година, која гласи: „Нека споменот на Калистрат да биде вечен за неговиот придонес кон црковната заедница и општината.“

Денес делата на Калистрат Зографски од Струга и неговиот придонес кон музичките и филолошките науки, се предмет на бројни студии во современите научни кругови.

(извор: МЕ, Скопје, 2009 т. I, 664 )

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.