Среда, 13 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
Александар Матковски

matkovskiАлександар Матковски

Александар Матковски (30. V 1922 - 14. IV 1992) е македонски историчар-ориенталист, прв доктор на историски науки и академик, член на Македнската академија на науките и уметностите (МАНУ). Автор е на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“

Александар Матковски е роден на 30 мај 1922 година во Крушево. Подолго време живеел во Гостивар, до 1936 година, а потоа се преселил во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ од 1941 година, тој бил уапсен  на 2 јуни 1942 година и како малолетник осуден на 10 години строг затвор. Матковски казната ја издржувал во Скопје, Варна и во скопскиот затворот Идризово, се до бегството на 29 јули 1944 година.

По бегството од затворот, Матковски се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Во затворските денови напишал голем број песни на македонски јазик, зачувани во Архивот на МАНУ, Дел од нив биле објавени по Ослободувањето.

Во годините по Втората светска војна, Александар Матковски ја завршил Учителска школа во Скопје во 1947 година и дипломирал на Педагошката школа во Белград во 1949 година. Потоа тој го продолжил своето образование и завршил на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје во 1951 година, докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб со темата „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ во 1957 година и дипломирал и на Филолошкиот факултет во Белград - група за ориентална филологија во 1961 година.

Додека се школувал, Александар Матковски до крајот на 1954 година бил вработен како учител и професор во разни осумгодишни и средни училишта, а потоа од 1 јануар 1954 година  ја почнал научната кариера и ја заокружил со изборот за научен советник во Институтот за национална историја  (ИНИ) она 19 февруари 1971 година па се до пензионирањето во 1987 година.

Александар Матковски повеќе години бил на студиски престои во Каиро, Багдад и Истанбул. Покрај османлискиот период, тој се занимавал и со други теми од македонското минато, како и со историјата на Евреите во Македонија. Тој е автор е на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“

Меѓу негови дела ги бележиме: „Ѓурчин Кокалески (1775-1865), прилог кон прашањето за создавање на селска, сточарска трговска буржоазија во Македонија“, Скопје 1957;  „Хроника на земјотресот во Скопје“, Скопје 1964; „Грбовите на Македонија“, Скопје 1970; „Уште една Мариовска буна (1688/89 год.)“, Скопје, 1970;  „Диетот-Крвнината“, Скопје 1973; „Крепосништвото во Македонија“, Скопје 1978; „Историја на Евреите во Македонија“, Скопје 1983; „Отпорот во Македонија“, Скопје 1983; „Македонскиот полк во Украина“, Скопје 1983;

Во 1986 година, Александар Матковски станал дописен, а од 7 мај 1991 година бил и редовен член на МАНУ.

Александар Матковски починал на 14 април 1992 година во Скопје.

(извор: МЕ, том II. Скопје, МАНУ, 2009. стр. 928.)

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.