Среда, 11 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Кузо Димитров

KDimitrov-ManiakКузо Димитров (2. IV 1872 – после 1943) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Познат е под името Манјакски, Манјатски или Манјак. Во 1898 година, го основал Комитет на Организацијата во селото Манјак, вршел курирски задачи и во својот дом ја криел месната чета. Повеќе пати бил апсен, а по задушувањето на Илинденското востание учествува во борбите со андартите и турскиот аскер. Во 1907 година заминал за Америка, од каде се враќа со доброволци за време на Првата балканска војна. Прогонет од грчките власти, како доброволец заел учество и во Првата светска војна.

Кузо (Кузма) Димитров е роден во 1872 година во селото Манјак, Егејскиот дел на Македонија. Основно образование завршил во Костур. Прво учел во грчко училиште, а подоцна и во новоотвореното славјанско училиште кај учителот Трпо Поповски, македонски револуционер од Косинец и учителот Златко Каратанасов од Бобишта. Подоцна учел за чевлар и работел како мелничар во една костурска воденица.

Во април 1898 година, Кузо Димитров основал Комитет наМакедонската револуционерна организација  во селото Манјак. Димитров вршел курирски задачи и во својот дом ја криел месната чета на војводите Атанас Петров и Тале Горанов.

По убиството на Нуредин бег од Света Недела од околискиот војвода Атанас Петров, извршено со помош на Димитров и комитетот од Манјак во почетокот на мај 1901 година, во рацете на турските власти паднал документ, во кој бил спомнат Кузо. Набрзо потоа, Кузо Димитров, заедно со Кузо Стефанов и други истакнати македонски дејци од регионот, биле уапсени. Во затворот, по наредба на корчанскиот жандармериски началник Мухтар Ага, Кузо бил подложен на сурово измачување поради што се обидел да изврши самоубиство. Тој го распарал стомакот со нож, но бил излечен.

Обидот за самоубиство на Кузо Димитров добил голем публицитет во јавноста, по што странските конзули во Битола побарале од турските власти да ги спречат апсењата. Но, по избувнувањето на Иванчовата афера во јули 1901 година, во која поранешниот четник на Коте Христов, Иванчо Кичевец, обвинил дека убиството на Абедин бег од Костур и Касам ага од Билишта, било дело на револуционерната организација, Кузо Димитров бил осуден од турските власти на уште 7 години.

Во пресрет на Илинденското востание, Кузо заедно со другарите бил ослободен со гаранција од 100 лири. По избувнувањето на востанието во 1903 година, тој се вклучува во редовите на востаниците, но бидејќи боледувал од маларија не учествувал во борбите.

Kuzo Dimitrov

По задушувањето на востанието, Димитров преку Солун и Ниш заминал за Бугарија. Во ноември 1904 година со туѓ пасош заедно со Стефо Атанасов од Старичани се вратил во Македонија и се приклучил во Бобишта кон четата на војводите Никола Андреев и Кузо Попдинов, а подоцна со Атанасов се упатиле кон Костенаријата, каде влегуваат во месната чета. Кузо Димитров зел учество во нападите на Либешево и Жиковишкиот манастир на 2 март 1905 година, во битката со андартите во Одре кај Бела вода на 20 јули 1905 година, во битката со аскерот на 20 јуни 1906 година кај месноста Остри врв крај Стенско.

Една година потоа, Кузо Димитров поминал во четата на Никола Добролитски, во чиј реон влегува и неговото родно село Манјак. Во ноември 1906 година, на состанок на нестрамската чета и онаа на Митре Влаот, на која присуствуваше и Пандо Кљашев било одлучено да го испратат Димитров и уште неколку четници на одмор во Бугарија.

Неколку дена потоа, Димитров со тројца другари, Вангел Попхристов, Христо Четирски и Аргир Дренички, бил опкружен во Манјак и после борбата во мугрите успеле да ја пробијат опсадата и се спасат во шумата. По смртта на Никола Добролитски, четата му понудила да го превземе војводството, но Кузо одбил и заминал за Бугарија, каде пристигнал во средината на јануари 1907 година.

Од Бугарија, Димитров заминал за Америка каде останал до Првата балканска војна во 1912 година. Димитров таму организирал доброволна чета од 30 души, која пристигнала во Солун, кој тогаш бил завземен од страна на грчките војници. Доброволците тргнале кон родните места, но биле запрени во Суровичево и не им било дозволено да продолжат, ако не се прогласат за Грци. Доброволците се вратиле во Солун, каде го предале оружјето во командата на бугарската армија и потоа одделно тргнале кон Костурско. Меѓутоа на 18 мај Кузо Димитров бил уапсен од грчките власти во Нестрам и однесен во Костур, каде командант на градот, поранешниот андартски капетан Малиос му рекол "Сите како вас ќе ве убијам ". Кузо уште два пати пати бил апсен од грчките власти, а неговото семесјтво малтретирано. Покрај теророт кој му бил вршен, во 1913 година умира мајката на Димитров, во 1914 година - жена му, во 1915 година - 15-годишната ќерка, а во 1916 година и неговиот 17- годишен син.

За време на Првата светска војна Димитров бил баран од грчката власти и вооружен пребегнал преку линијата на фронтот. Организирал во Битола доброволна чета од 30 души, но германското команда не му дозволила да влезе во Грција и преку Ресен бил испратен за Ура Малик, крај Корча, каде се приклучил на Седмиот коњички полк, а подоцна кон пристигнатиот партизански одред од 300 луѓе на Никола Лефтеров. Во 1917 година и покрај наредбата на Военото министерство на Бугарија за распуштање на доброволците, Кузо Димитров одбил и останал на фронтот.

По Првата светска војна Кузо Димитров се повлекол во Бугарија и работел како воденичар во Нови Пазар, Шуменско, каде починал по 1943 година.

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка опција која има и сила, знаење, мотивација и човечки потенцијал

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка опција која има и сила, знаење, мотивација и чове...

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.