Среда, 18 Мај 2011    PDF Печати Е-пошта
Православните црковни објекти во Тресонче

petar-i-pavleЖителите на Тресонче биле православни верници уште од најраните денови на населувањето на Мијаците на планината Бистра. Близината на манастирот "Свети Јован Бигорски" отсекогаш вршел големо влијание врз воцрковувањето на жителите од Мала Река, а преку тој манастир Мијаците развивале и директни врски со светогорските манастири на Атос, а особено со манастирот "Зограф" ("Свети Ѓорѓи"), каде во минатото се замонашувале голем број Мијаци и Македонци воопшто.

Според проучувањата, во Тресонче до сега не се пронајдени остатоци од постоење на другите религии пред христијанството, а со тоа не се пронајдени ниту остатоци од пагански храмови или светилишта. Сепак, во народните обичаи се зачувани голем број нехристијански обреди кои се својствени за целата територија на Македонија, а се поврзуват со разните адети кои се практикуваат спроти големите православни празници.

Во Тресонче моментно постојат два централни православни храма кои се под надлежност на Дебарско-киче вската епархија на Македонската православна црква: “Свети Петар и Павле” и “Свети Никола”, но на околу еден километар западно од селото во месноста “Штали” се наоѓа и малиот храм посветен на “Света Петка” (фото - лево), а под врвот Брзовец на север во една карпа се наоѓа и едно светилиште посветено на празникот "Водици". Во маалото Врлевци постоело уште едно светилиште или мало храмче посветено на “Свети Илија”. Таму денеска има само еден голем бигорски крст во чија средина тресончани си поставиле икона на тој светител.

Во денешни дни во тресонечките цркви, за жал, не се служат богослужби и литургии. Тоа се случува највеќе еден пат годишно, односно на "Петровден" во храмот “Свети Петар и Павле”.

 

Оваа црква е доминантен објект во селото. Иако е помала и понова од другиот храм “Свети Петар и Павле”, таа е поставена на самиот влез во селото, како своевиден чувар и заштитник на Тресонче.

Се наоѓа во непосредна близина на Ленишча, на западните падини од селото. Градена е кон крајот на 19 или во почетокот на 20 век. Претставува мал, складно граден објект, по концепција еднокорабен, со централно поставена купола на низок тамбур. Ориентацијата на храмот е исток (олтарна апсида) - запад. Самата содржина на објектот претставува минимален простор за вршење верски обреди и ги содржи следните елементи:

  • Влез директно во објектот
  • Централен дел - наос
  • Олтарна апсида со ниши за проскомидија и ѓаконикон, одделени од наосот со иконостас
  • Хорска галерија на запад

Над централниот дел е поставена куполата над осумаголен тамбур, на височина од 4.5 метри над слемето на покривот. Забележителни се конзолните испусти на јужниот ѕид над влезната врата, што укажува на тоа дека на јужниот дел од храмот постоел наткриен простор - трем, кој денес не постои.

Во левиот западен агол од наосот се постевани дрвени скали кои водат до хорската галерија. Исто така, до оваа галерија може да се дојде и преку директен влез однадвор, од кај куќата на Дуншуровци.

Во внатрешната декорација и обликување на просторот видно место зазема иконостасот кој е се уште добро зачуван, а исто така има и мали остатоци од фрескоживописот кој пак е во доста лоша состојба. Отворите на осмоаголниот тамбур придонесуваат за придушено базиликално осветлување.

Според начинот на градење, храмот "Свети Никола" е граден со камен (највеќе во бигор), без малтерисување се до покривот, додека на изведбата на самиот тамбур е посветено поголемо внимание. Тој е граден со попрецизно клепани блокови од бигор фугирани со малтер. Камени клепани блокови бигор се употребени и за обликување на прозорските отвори и врати. Белината на бигорот јасно ги отцртува овие елементи и до ден денеска му дава свежина на објектот.

Во денешни дни прозорските отвори во призмениот дел се затворени со дрвени капаци од внатре, но сé уште постојат заштитните решетки од ковано железо, со убави барокни форми.

Примарниот кровен покривач бил изведен од камени плочи, но денеска храмот е целосно препокриен со пластифициран ребрест лим.

Имајќи ги предвид непроценливите вредности на архитектонското наследство од црковни објекти во Тресонче, експертите сметаат дека досегашната грижа на државата за нив е премала или никаква. Сите интервенции за заштита на храмот “Свети Никола” се плод на грижата на тресончани и на семејствата кои живеат околу него.
 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.