Среда, 23 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
Обичаи на денот на змиите во село Орман, Скопско

zmijaНа 22 март (9 март, стар стил) во селото Орман, Скопско се изведува следниов обичај со змиите. Пред се треба да се спомене дека во тоа село длабоко се верува дека на тој ден змиите излегуваат од дупките за прв пат таа пролет и стојат надвор на припек цел ден и пак се прибираат за да дочекаат уште потопли денови. Се смета дека тие ќе излезат дури и ако времето не е добро.  „Утре да бараш змија не ќе најдиш, денеска само искачат навонка“. „Овој ден е ден на змиите.“. – кажуваат во своите објаснувања селаните. Уште се верува дека на тој ден змиите не касаат па дури и да каснат не се отровни. Затоа можат да бидат фаќани. Освен тоа народот верува дека ако тој ден змијата се допре до облеката на човекот тој човек ќе биде среќен преку годината и тоа токму во тој поглед во кој се смета за несреќен. И затоа тој ден некои луѓе одат по карпите и бараат пред ручек да фатат змии и ги пуштаат да минат преку крпи, шамии, ризи и друга облека на таквите луѓе. Главно жените држат до тие верувања, особено жените што немаат деца или тие што саат да имаат уште деца. За таа цел во селото Орман на околу 300 метри југозападно од него по патот кон селото Вучидол, при каменестиот рид до патот, каде што според населението имало многу змии или како што велат е „цел змијарник“ откако некои мажи ќе фатат утрото една или неколку змии, се собираат млади и стари моми, момци и женети, та кој сака или има нужда, постила некаква крпа или облека на патот, а мажите што ја фатиле змијата, ја пуштаат од страна во правец на посланите облеки. Сите гледаат дали ќе мине змијата преку нив. Ако мине добро е, а ако не мине сопствениците си ги преместуваат облеките пред неа и тоа го прават дотогаш додека змијата најпосле мине. Тоа е можно зашто во тие рани денови на пролетта змиите се движат бавно и мрзеливо.

На тоа место во селото Орман уште утрината доаѓаат моми, момци, жени, мажи и од соседните села: Вучидол, Ново село, Бардовци, Кучково, Жостово, Чучер, Брзада и други села од Црногоријата. Тие не идат само за да си го задоволет љубопитството. Идат, исто така, и граѓани од Скопје што веруваат.

На тоа место се собира голем собор. Кон 10 часот пред ручек пристигнуваат и месните музиканти – зурли и тапани, па дури и „банди“ и покрај тие што се занимаваат со лазењето на змиите се развива кршно оро. Сите пристигнуваат празнично променети. Веселбата трае до ручек т.е. до 1-2 часот по падне, по кое се растура.

Токму така стана обичајот и денес (22. март 1943). (...)

Во минатото, пред дваесетина години, обичајот почнувал со песни од страна на девојките и невестите пред дупките, во кои живеат змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле со кавали и шупелки. И во едните и во другите случаи верувале дека змиите биле привлекувани или од песните или од свирките и излегувале надвор та ги фаќале. Сета веќе не го прават тоа.

Фатените змии обично пепелашки, откако ќе заврши обичајот ги пуштаат на слобода во околните камења на ридот. „На денот на змиите, на Младенци, змија не се убива, греота е!“ Така направија и денеска и на никој начин не се согласија да ја убијат кога им предложив. „На друг ден може, ама денеска не! – ми рекоја.

На друго место во Скопско овој обичај не се прави.

Запишал Христо Вакарелски, бугарски истражувач,  на 22 март 1943 година.
(Подготви Марко Китевски)
 

На прво место

News image

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (27)

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВ...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.