|
|
| Потреба за итна и неминовна поддршка за талентирани историчари со промоции на нивните дела |
|
Маладите македонски историчари кои потекнуваат од осамостојувањето на Република Македонија, со својот стручен и научен квалитет, ветуваат попрецизни, подетални и посеопфатни истрaжувачки трудовиод македонскиот праистоиски, антички, средновековен и современ историски период. За да има поголем и побрзефект македонската историја во овие тешки и денови на македонско национално и суверено признавање, потребна е помош и разбирањеод повеќето меѓународни претставнички тела на Меѓународната Заедница,апосебно од страна на Македонското опшество и владата на Република Македонија, со нејзините институции, првенствено Министерствата за образовние, наука и култура.
Што се однесува до помошта за младите македонски историчари од Република Македонија, дијаспората (македонското иселеништво) или од етничките делови на Македонија, треба да биде многу-многу поголема, отколку досега. „Македонска нација“ е најкомпетентно патриотско интернет издание за ширењетонизсветот инегово запознавање, првенствено со историјата на македонската националност и суверености е портал го уредуваат најодбраните - докажани патриоти, доследни и лојални на Илинденските идеали и Македонизмот. Ви ги препорачувам следните млади и талентирани македонски историчари, кои првенствено сум ги забележал со своите најнови историски македонски книги, статии, написи и коментари,а најмногу навеб страната„Македонска нација“: - Александар Донски, еден од најталентираните македонски историчари со петнаестина објавени историски книги и голем број на историски статии во познати издавачки куќи и медиумски изданија на македонски и на англиски јазик; - Олга Новачева (Враќање кон митовите); - Тихомир Каранфилов; - Александар Стефанов ( За толерантноста на Македонците); - Тренчо Димитриоски ( Новинар, писател, историчар-Големиот антички град Стибера кај село Чипигово); - Иван Алексов (Документи за Македонија и Македонците - од праисторијата до почетокот на 21 век); - Јован Поп Илиев Економов (Материјата на Веда Словена); - Васил Чулев (Македонски милеумски континуитет); - Гордана Димовска, лингвист и историчар од Мелбурн, Австралија; - Ристо Стефов, историчар со неколку книги и безброј историјски и национални статии и написи, Торонто, Канада; - Денис Тенев (Јазикот на Македонците); - Меланија Шерденковска (Архитектура на Клеопатриниот Египет во 31 г.п.н.е.); - Кире Филев (Дејствување на организацијата на ВМРО во Штип и Штипско 1946 год.); - Благојче Андонов (105 години од Епопејата на ножот); - Вангелко Лозиновски,Гордана Димовска (По трагите на античкиот Македонски јазик). Запазени историчари во други македонски изданија е Илија Колев (Љубчо Георгиевски и раскинувањето со нашите словенски корени), какои други млади историчари. Познавањето и примената на Македонскиот литературен јазик на овие млади македонски историчари, заедно со големиот број на историски дела од предходните светски генерации историчари, кои можат да се користат по светските библиотеки, универзитетските библиотеки, музеите и интернетот, во основа се гаранција за афирмација на македонската националност и сувереност. Желбата за изнесување на виделина на вистинската историја на Македонија и на Македонците, која е врежана длабоко во нивните македонски души, претставува гаранција за опстанокот и просперитетот на Македонизмот. Што се однесува за делата на постарата Македонска генерација, слободно можам да кажам дека, овие денешни млади генерации делумно можат да ги користат своите дела, пред македонската и светската јавност. Јасни се причините за недоволната искажаност и малиот број на публикувања на свои историски трудови напостарите македонски историчари, кои беа спречувани за правилното изнесување на историјата. Пречките доаѓаа од политички аспект во поранешниот едноумнен систем на владеењето, кои се истакнуваа против вистинскиот национален карактер на макдонците и на нашата историја. Исто така, причините беа и од недоволни услови за набавка историска литература или за користење на историски трудови од сите периоди на живеењето. За разлика од тоа време пред осамостојувањето, денес младите македонски историчари имаат услови да користат повеќе стручни и начни трудови, како историски книги или статии-написи од своите претходници, а и од светски реномирани автори на историски дела и трудови, кои авртентично и вистинито како ние, ја интерпретираат исо гордостја прикажуваат македонската историја. Предност за побрз ефектво прикажување на вистинската историја на Македонцитеи на Македонија, имаатмакедонските млади историчари, кои се служат и со еден или повеќе светски реномирани јазици. Македонските медиумски дневни, неделни и електронски изданија, треба почесто да им овозможуваат на авторите на стручни и научни дела,објавување на статии-написи, книги, брошури, учебници и прирачници од македонската историја. Тоа треба да го овозможуваат и постојните национални и политички македонски организации, специјално во дијаспората, кои имаат или треба да имаат финансиска поддршка.Ваков вид поддршка треба да дадатмакедонските општини, македонските православни општини и заедници од други христијански верски карактери во кои членуваат или припаѓаат дел од македонското иселеништво, како и окупираните и полуасимилираните македонци од етничките делови на Македонија. Македонските организации во своите списанија, билтени и информативни изданија, покрај македонскиот да користат иеден од светските јазици којсекојдневно го употребуваат во делови од нивните авторски дела, како од историски книги, исто така и статии и написи, кои се актуелни и поврзани со денешните акутни потреби на македонците и на Република Македонија. И за крај, сите млади историчаримеѓусебно треба да се почитуваат, а посебно да ги почитуваат претходните македонски историчари и автори на историски дела. Почитта треба да биде на прво место, посебно за тие македонци кои во првите години на осамостојувањето објавуваа на своја сметка и без профит, вложувајќи драгоцено време и финансиски средства, први историски книги, статии-написи и голем број патриотски и информативни материјали, поврзани со македонската историја, националност, вера, култура, македонски традиции од праисторијата до денес. Тоа ќе биде задоволствоза нив, а и стимуланс сесрднода ги помагаат и заштитуваат новите младимакедонски историчари. |



















