|
|
| ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА СЕ ПРЕИМЕНУВА ВО ОПШТИНА АЛЕКСАНДРИЈА |
Пишува: Тодор ПЕТРОВОпштина Центар треба да се преименува во општина Александрија. Патем и не случајно, и Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски, креатори на Македонската држава и Империја, се во центарот на македонската метропола. Филип II Македонски бил татко на Александар III Македонски во бракот со Олимпија. Александар III Македонски (356—323 п.н.е.), бил крал на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е. Тој бил еден од најуспешните војсководители во историјата на човештвото. Александар ја покорил Персиската Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет и Месопотамија, и ги проширил границите на Кралството Македонија дури до Авганистан и Индија. Воден од мислата да создаде „светска држава“, Александар кон освоените култури се однесувал со почит, вклучувајќи немакедонци во неговата војска и администрацијата. Александар Македонски, за време на својот живот и своите походи основал или преименувал со името Александрија околу шеесет градови: Александрија во Египет, Искандарија во Ирак, Александрија Азијана во Иран, Александрија Аријана во Авганистан, Александрија Букефал на Џелум во Пакистан, Александрија на Кавказ во Авганистан, Александрија на Окс во Авганистан, Александрија Аракозија во Авганистан сега позната како Кандахар (скратено од Искандахар), Александрија на реката Инд во Пакистан, Александрија Есчат или "најдалечната" во Таџикистан, Алинда (Александрија на Латмос) претходно и потоа нарекувана Алинда во Карија денес во Турција, Кебрене (поранешна Александрија), Александрија Троас во Турција, Мерв во Туркменистан некогаш исто така се нарекувал Александрија. Со Александрија именувани се и други места после Александар III Македонски: во Австралија – Александрија (Северна Територија), Александрија (Нов Јужен Велс), Александрија (Викторија); во Канада – Александрија (Британска Колумбија), Александрија (Онтарио); во Обединетото Кралство – Александрија (Западен Данбартоншире, Шкотска); во САД – Александрија (Алабама), Александрија (Калифорнија), Александрија (Индијана), Александрија (Кентаки), Александрија (Лузијана); Александрија (Мисури); Александрија (Минесота); Александрија (Небраска); Александрија (Нов Хемпшир); Александрија (Њујорк); Брегот Александрија (Њујорк); Александрија (Охајо); Александрија (Пенсилванија); Александрија (Јужна Дакота); Александрија (Тенеси); Александрија (Вирџинија); Општина Александрија, порано во Колумбија а подоцна во Вирџинија; Александрија Township (Канзас); Александрија Township во Општина Даглас (Минесота); Александрија Township (Њуџерси); Александрија Township (Северна Дакота); Западна Александрија (Охајо). Со Александрија именувани се градовите: Александропол во Ерменија, Александрија дел Карето во Италија, Александрија во Италија, Александрија Eastern Cape во Јужна Африка, Александрија во Префектура Иматија во Грција, Александрија во Јамајка, Александрија во Романија, Александриум (антички локалитет) во Палестина. Со слични имиња се следните градови: Искендерун (поранешна Александрета) во Турција, Алексадрополи во Грција, село Александрија во Бугарија, Александар Невски Лавра (Александро-Невскаја) манастир во Русија, Олександрија во Украина. Името на општина Центар асоцира географски центар на македонската метропола. И само општина Центар во Републиката нема име. Името на општина Центар во општина Александрија треба да се иницира со Закон за изменување на Законот за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа. Името е достојно за централната општина на македонската метропола, имајќи предвид дека и скулптурите на Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски се наоѓаат на подрачјето на оваа општина, од левата и десната страна на реката Вардар. |
Пишува: Тодор ПЕТРОВ













