Среда, 30 Ноември 2011   
Измислувањето на бајката за „Словените” (Од монахот Фома до „Јужна Славиа”)

vasil-culev
Васил Чулев

По падот на „Берлинскиот ѕид” и релативната еманципација на голем број на нации кои излегоа од зад завесата на блоковската поделба - историјата наметната од бившите и сегашни империи во текот на последниве неколку векови полека но сигурно доживува сериозна ревизија и рецесија. Без блоковската цензура, голем број Европски нации почнаа да работат на враќање и повторно откривање на сопствената и општата Европска историја. Во последниве години, научници од Полска, Словенија, Чешка, Хрватска, Македонија, и т.н., како и од некои западни земји како Италија, Англија, Холандија, Германија, С.А.Д. и други, објавија завиден број на научни трудови и дисертации кои придонесоа за побрзо исправање и зацелување на хендикепираната Европска историја. Така, најпосле се почна со бришење на измислената фантастична „Голема Преселба на Народите”, непостоечката „Словенска прататковина зад Карпатите”, како и со деблокирање на апсурдната лингвистичка поделба на јазиците на „Центум” и „Кентум” јазични групи – со која намерно не може да се опфатат Македонските јазици. Наместо овие историски, археолошки и лингвистички неподржани и несфатливи конструкции се воздигна Парадигмата на Палеолитски Континуитет, Теоријата за Венетите како Пра-предци на Европејците и Лингвистичката Ревизија за Потеклото на Индо-Европската група на Јазици, која патеше од една огромна сива дупка што се протегаше долж „Патот на Килибарот” пресекувајки ја Европа на две, и која без никаква логична причина ги остави Македонските јазици надвор од секаква класификација.

Но за да разбереме зошто ова ни се случува мора прво да ги разбереме причините и последиците на Европската фалсификувана историја. Почнувајќи од една бајка:

Бајка за „ТРЕТИОТ РИМ”

Бајката за „Словените дојдени од зад Карпатите” влече свои корени од една друга, уште постара бајка - сказната за Москва како "Трет Рим" (или "Втор Цариград").

Во децениите веднаш по падот на Константинопол под Османлиска окупација во 1453 г. се изроди идеата за промоција на Москва како "Трет Рим", (или "Новиот Нов Рим"). Зачната во Твер, за време на владеењето на Борис од Твер, каде монахот Фома ја напиша „Eулогијата на благочестивиот голем кнез Борис Александрович”, беше спремно прифатена од црковните кругови на тогашните независни Руски кнежевства: Киевско, Московско, Псковско и Новгородско. Конкретните обиди за наметнување на оваа замисла почнаа за време на владеењето на кнезот Иван III од Русија, кој од тие причини стапи и во брак со Софиа Палеолог, внука на Константин XI, последниот византиски император. Иван преку овој брак сакаше да постигне да полага право како законски наследник на Источното Римско царство.

Почетната идеа на монахот Фома првпат беше јавно промовирана и изнесена во Панаѓурско (јавно) писмо составено од рускиот монах Филофеј од П'сков во 1510, на својот син Големиот Кнез Иван III Василевич. Со писмото тој прогласува: „Двата Рима се паднати. Третиот стои. И нема да има четврт. Никој не смее да го замени нашето христијанско царство!". Со оваа „обзнана” всушност беа и поставени лажните темели за тогаш сеуште непостоечките „Славјани”.

Филофеј и црквата во писмото за Иван III експлицитно го идентификуваа „Третиот Рим” со Московското Кнежевство и се потрудија да додадат и други измислени „факти”. Како на пример измислената генеалогија и божемното крвно сродство на Иван III Василевич, кој наводно потекнувал „наназад преку 15 генерации” од братот на Римскиот Император Август, со тоа „докажувајќи" дека Иван III бил наследник на Рим и Византија не само заради бракот, но и со крвно сродство. За да приказната има и други нагласени сличности - се спомнува дури и тоа дека и Москва се наоѓа на седум ридови, „исто како Рим”.

Но и покрај сценариото за Москва како „Трет Рим” (или „Нов Цариград”), на заговорниците им требаше и приказна со која би ги претвориле и широките народни маси во „Римјани” на новиот „Рим” Москва! И бидејки сфатија дека е невозможно на еден цел народ да му фалсификуваат Римско потекло - го измислија псевдонимот на следната голема лага на новото христијанско царство - „Славјаните"!

И така, по неколкуте прекини заради монголски, германски, полски и други инвазии, веќе во 17-от век во Русија се појавува „Пан-Славизмот”, движење создадено и директно финансирано од руската царштина, црква, академии и универзитети. Во прилог на оваа монтирана приказна се пријде и кон систематско менување на историјата која почна да трпи сериозни измени од „научните” и црковни кругови во Москва, кои подоцна ги прифатија и прилагодија на сопствените потреби и западните монархии и империи.

За да ја избришат претходната историја што не се вклопуваше во нивниот план, руската и другите европски империи почнаа масовно и насилно да бришат цели нации и епохи кои не се вклопуваа во нивните проекции. Така е измислена и „големата преселба на народите” со цел да се избрише секаков континуитет на било каква нација на Европското тло пред нивното владеење. Според оваа теорија од 5-6 век па наваму сите се дојдени од некаде и никој не е од никаде, па дури и ако некој тргне да бара нечие потекло според оваа теорија - ќе се соочи со „Мрачниот Среден Век” за кој речиси „ништо не се знае".

Кога успеаја да создадат еден таков хаос до тој степен што сите се мрднаа - е тогаш пристапија кон поделба на обезличените нации и територии и создавање на нивни колонии: Словениа, Хрватска, БиХ и Албаниа (создадени од Австро-Унгарија), Бугариа и Србија (од Русија), Грција (од Англија,Франција,Русија и Германија), Германиа (создадена од Св.Римско царство), Италиа (од Наполеон), и т.н.

Така, во текот на 18-от и 19-от век, на Македонскиот полуостров се појавија цела една нова категорија на измислени нации: албанци, босанци, бугари, грдси, словени, срби, црногорци, и т.н., кои не постоеле во минатото. На пример: „србскиот” Цар Душан во официјалните документи од негово време и во познатиот „Законик на Цар Душан” е – „Македонски”! Преименувањето и појавата на сите овие фантазмагорични нови „народи” беше изрежирана од големите сили кои грчевито се бореа едни против други за превласт во Европа. Во текот на нивната повеќевековна борба за империалистичка превласт во Европа менуваа територии и наметнуваа влади, склопуваа сојузи, заговори и измами, создаваа и уништуваа цели народи и земји, без никаква историска, културна, или скраја било - етичка оправданост. Да не заборавиме – само во 20-от век на Македонскиот полуостров имаше 2 Светски, 3 Балкански и 1 „граѓанска” војна!

Во таа грчевита борба за превласт, посебно место зазема заговорот на Европските монархии против Турција и Франција на Наполеон на крајот од 18-от век. И тоа од разбирливи причини: првите беа Муслимани, а вторите представуваа прва „демократска” држава во Европа - директна смртна закана за монархиите. И згора на се - Османлиите и Франција на Наполеон беа во сојуз!

„ГРЧКИОТ ПРОЕКТ”

Во 1787 година, беше потпишан и забележaн таен договор меѓу Русија и Австро-Унгарија. Тој е познат како „Грчкиот Проект”, и не беше ништо помалку од нацрт шема за поделба на Турција меѓу двете сили .

Заплетот, како што е предложено од страна на Русија, беше да се создаде независна држава под името „Дачиа” која ќе ја приграби и Молдавија, Влашка и Бесарабија, со православен принц на власт. Русија требаше да го добие и Oчаков, на брегот меѓу Буг и Дњепар, како и некои острови во архипелагот, а Австрија требаше да ја анексира соседната Турска провинција.

Но, ако Турчинот требаше да биде протеран од Европа, тогаш и старото Источно Свето Римско царство мораше да биде возобновено, а на престолот требаше да биде поставен внукот на Катерина - Константин, кој ќе се откаже од сите негови права во Русија, за двете империи да не би можеле да се обединат под иста круна.

Австрија се согласи под услов таа, исто така, да добие дел од Венециските имоти во Молдавија, а Венециа да биде обештетена со дел од новото Источно Свето Римско царство.

Плановите на Руската царица, Немица од Анхалт, Катерина II (родена Софиа Августа Фредерика) и Австро-Унгарската круна им ги помати Француската Револуција, и „Грчкиот Проект” се одложи за речиси половина век за да биде заеднички реализиран од Англија, Франција, Немачка и Русија, но без обновено Источно Свето Римско Царство.

„ЈУЖНА СЛАВИА”

Со создавањето на новите нации на Македонскиот полуостров се создадоа и нови проблеми. Новите „нации”, иако измислени, пројавија сопствени „национални” амбиции! За повторно да ги задушат и овие новокомпонирани обиди за осамостојување на нациите создадени токму од нив - големите сили дел од нив ги затворија во една заедничка кула од песок - „Кралството на Србите, Хрватите и Словенците”. Неможејќи ни на овој начин да ги пригушат нив и поразнебитените босанци, херцеговци, црногорци и – вечните македонци, се обидуваат уште еднаш и сите пак ги преименуваат во - „Југославиа”…

И на крај секогаш ни останува повторно и сеуште неодговорено прашањето: Каде ли се „Северославиа”, „Истокославиа” и „Западославиа”?

 

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Култура и туризам

News image

Македонска сага“ на Гоце Марков во трка за победа за италијанскиот конкурс за поезија „Ил Парнасо

„Македонска сага“ на Гоце Марков во трка за победа за италијанскиот конкурс за поезија „Ил Парнасо“ ...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.