Среда, 25 Мај 2022   
И ОФИЦИЈАЛНО : СРПСКАТА ЦРКВА ЈА ПРИЗНА АФТОКЕФАЛНСОТА НА МПЦ-ОА

gg-stefan-porfirij

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 171)

1. Бурни настани се случија последниве недели на духовен/црковен план во нашата Македонија. На 9ти мај - според едни Денот на  Европа, кој пак други го слават како Ден на победата над фашизмот, од Цариграда, односно од Вселенската Патријаршија, стигна вест дека МПЦ -Охридска Архиепископија повеке не е "шизматичка", т.е. расколничка црква, а во четвртокот, минатата недела, во Белград двајцата поглавари на МПЦ-ОА и на СПЦ одржаа помирувачка (!) заедничка литургија со кој чин практично двете цркви не се повеќе во раскол. Дали тој чин практично значи дека МПЦ-ОА се откажа од самопрогласената афтокефалност (независност или самостојност) прогласена во далечната 1967 година, или тој чин ќе се смета како своевидна "меѓуфаза" до формалното канонско (!) признавање, најверојатно е така.

    1spc1

А во моментов кога го пишувам овој прилог денес, на 24 мај, на Денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, на свечената Боженствена литургија што се одржа во Соборната црква Св. Климент Охридски во Скопје Патријархот на СПЦ г. Порфириј ја соошшти радосната вест дека Светиот сабор на СПЦ  е д н о г л а с н о  донесол одлука да ја признае МПЦ-ОА за афтокефална! Сега преостанува СПЦ да ја извести цариградската Патријаршија и сите православни цркви ширум светот за својата одлука, а на 12ти јуни Архиепископот г.г. Стефан и владици од МПЦ-ОА ќе сослужуваат со Веселнскиот Патријарх г. Вартоломеј во Цариград Боженствена литургија со што и формално МПЦ-ОА е рамноправна со сите православни цркви во светот!!!

   Реков погоре дека ова се бурни настани, според мене очигледно многу добро сработени со тивка дипломатија од повеќе страни и фактори, но ќе ја искористам приликава да искажам некои свои мислења и впечатоци на што ме тера и мојата професионална интуиција и долгогодишно искуство. Како прво, морам да искажам дека гледам дека овие случувања се испишани со добро препознатлив фин ракопис на американската дипломатија. Да почнеме од Цариград, т.е. од Вселенската патријаршија. Познато е дека токму американската дипломатија и американските специјализирани агенции одиграа клучна улога за признавање на афтокефалноста на Украинската Православна црква со што таа целосно се одвои од патронатот, односно авторитетот и надлежностите од Руската Православна црква. Впрочем, американските специјализирани агенции се најзаслужни и за смената на поглаварот на Римокатоличката црква Јован Павле I, по кого - по нивен избор, беше устоличен полскиот Папата Јован Павле II, осведочен борец против комунизмот, што го собори режимот во Полска и остави многу силен белег на глобален план.

    Но, со право се поставува прашањето: а каква врска би имале американските агенции со поморувањето на МПЦ-ОА и СПЦ и признавањето на афтокефалноста на нашата црква!? Па секако дека има! Конкретно, на американската администрација и е од врвен приоритет да се сочува мирот и стабилноста во регионот на западниот Балкан, особено во контекстот на војната во Украина, и за таа цел вложуваат огромни напори да се избегнат било какви конфликти и да се разрешуваат постоечките проблеми. А црковниот проблем помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ, според нивните оценки, е полесно решлив. Расплетот, видовме, почна од Цариград (со актот од 9ти мај), се префрли во Белград, за со тајна дипломатија конечно се осведочивме на овој историски ден - 24 мај СПЦ преку беседата на поглаварот на СПЦ беше обзнанена одлуката на Светиот сабор на СПЦ за признавање на афтокефалноста на Македонската Православна црква - охридска Артиехпскопјија.

   Патем, не случајно за нов амбасадор на САД е повлечениот од пензија Кристофер Хил, репрезентативен претставник на американската "булдожер дипломатија", кој својата импозантна дипломатска кариера ја започна токму во Македонија, како амбасадор на САД и важи за голем пријател на нашата земја (Амбасадорот Хил беше категорички против промена на уставното име на нашата земја!), за да разрешува актуелни проблеми во регионов на западен Балкан. Интуицијата повторно ми говори дека амб. Хил претпоставувам дека најверојатно му има укажано на српскиот претседател Александар Вучиќ (којшто се соочува со огромен притисок од сите страни бидејки одбива да воведе санкции на Русија заради интервенцијата во Украина), дека може барем делумно да си ја олесни ситуацијата доколку се разреши барем црковниот спор помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ. (THANK YOU  U S A!!!) Вучиќ важи за прагматичен политичар и претпоставувам дека не му било тешко да го убеди патријархот на СПЦ Порфириј да га направи тоа што треба да го направи бидејки МПЦ-ОА е жива црква, со свои епархии и владици и СПЦ нема повеке што да бара во Македонија. На тој начин ем ќе си ја релаксира својата состојба (Вучиќ), ем ќе се разреши едно горливо прашање во регионот.

   Соопштението на Патријархот г. Порфириј беше поздравено со огромен аплауз и воодушевување од присутните на литургијата, но бројните верници кои на голем екран ја следеа процесијата внатре во храмот Св. Климент Охриудски во Скопје. Судејки по реакциите во јавноста и медиите, ваквиот став на СПЦ наиде на одоброување и во српската јавност, за разлика од јавноста во Бугарија, каде не беше случај!

   После денешниот историски чин за македонската јавност остануваат отворени некои прашања. На пример, 1. Што станува со одлуката од 1967 година за прогласување на афтокефалност на МПЦ? Дали таа останува како една епизода во историјата на МПЦ?; 2. Под кое име ќе биде евентуалниот томос (акт) за афтокефалност на МПЦ-ОА од Цариоградската и Српската Патријаршија; 3. Дали СПЦ ќе инсистира да има свои епархии во Rепублика Mакедонија со свои свештеници и архиереи и сл.

   Портпаролот на МПЦ-ОА, митрополитот г. Тимотеј во неколку наврати рече дека на томос за афтокефалност можеме да очекуваме до крајот на овој месец мај, и да веруваме дека тоа конечно и ќе се случи!

2. Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија за 2021г. што го подготви известувачот Ирфан Ќучук, пратеник од Бугарија. Иако македонското МНР го пофали извештајот, сметам дека тој е лош бидејки во него се прифатени некои од бугарските шовинистички и негаторски ставови кон Македонија. Да се разбереме: немам никакви илузии дека во ЕУ  сега преовладува непријателски став кон Македонија, иако нејзини високи претставници при нивните посети на нашата земја ни продаваат демагогии дека сме биле добри во реформите, дека напредуваме по речиси сите основи и слично, но во пракса нејзиниот однос кон нашата земја е се поагресивен, и притисоците се посилни да потклекниме кон шовинистичките и неприфатливи барања за нас на Софија.

   Се прашувам: како ЕП го одбра токму Илхан Ќучук, евро-пратеник од Бугарија (од тамошното турско малцинство) која го блокира и условува членството на Македонија во ЕУ за известител токму за Македонија? Па зарем тоа не е класичен конфликт на интереси? И каков извештај можеме да очекуваме од тој пратеник???

   Некој во Стразбург и Брисел очигледно однапред ги темпирал работите поаѓајќи од интересите на Софија, ама да не ја забораваме и Атина.

   Што е поблиску датумот на ЕУ самитот на крајот на француското претседателство (втора половина на јуни), се поочигледно е дека и овој пат нема да добиеме датум за првата меѓувладина конференција и почеток на преговори за членство, на што не уверуваа од сегашнава влада на СДСМ и ДУИ. Не верувам дека тоа ќе се случи ниту во блиска иднина! Затоа и јас јавно се придружувам на оние дома и во дијаспората што се залагаат да го раскиниме фамозниот Договор за пријателство со Бугарија, која сега јавно е наш најголем непријател, а да градиме сообраќајници и да развиваме трговија со нив, бидејки ништо друго во моментов не ни преостанува!

   Би резимирал со следново што повеќати веќе е истакнато: Бугарија не е сама во она што го прави кон Македонија!!! Таа само ја прифати улогата на дворски шут и црна овца во (Евро)фамилијата и одработува за други (во прв план за Грција) страни. Но зачудува што целата ЕУ го прифати овој манир на однесување неводејќи сметка дека овие блокади постануваат и безбедносно прашање! А ќе ги потсетам бирократите во Брисел дека Македонија, за жал, беше повод за две Балкански војни, а некои сметаат индирекно дури и за Првата светска војна која почна со атентатот во Сараево, но големите сили и нашите соседи едвај чекаа повод повторно да се судрат поради нивното незадоволство од поделбите на Македонија!

    Во меѓувреме македонското МНР официјално соопшти дека МНР на Грција дендијас ке ја посетел нашата земја деновиве во рамките на мини-балканска турнеја. И, што да очекуваме од оваа посета/ Би рекол: ништо посебно особено не од политичар чија прва изјава кога дојде на таа функција беше: "Ќе ги примораме скопјаните (!) да се откажат од македонизмот низ процесот на преговори за членство во ЕУ"!

   Верувам дека Дентијас во типично византијски (грчки/данајски) стил ќе дојде да не фали колку сме добри и спремни за членство во ЕУ, а зад грб ќе не блокира преку земји-членки. Но, го уверувам и него, а и неговите спонзори дека залудни им се напорите за да не однародат и обезличат. Издржавме вековно ропство, а ќе ги издржиме и овие садистички и нецивилизирани притисоци на нашата земја која толку многу дала и ја задолжила европската култура и цивилизација!

3.  На традиционалното чествување на Денот на македонските и сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј 24 мај во Рим присуствување и бројна македонска делегација (се чудам за толкавата бројност во ера на драстично штедење што очигледно не важи за актуелната власт), а македонските известуваќи од случувањата во Рим особено внимание посветија на приемот на Премиерот Димитар Ковачевски кај Папата Францис. Во таа прилика Ковачевски се појави со неговата ќеркичка што е вон сите протоколи и преставува класична злоупотреба на функцијата.

   Премиере, не може ќерка ти да биде дел од званична владина делегација!!! Ти практично ја прошверцува ќеркати за да може на државна сметка да се прошета до Рим и Ватикан. Да си ги платиш од свој џеб трошоците за нејзиниот пат и сместување во вечниот град за да дадеш личен пример за граѓаните на државата што ја претставуваш која е во овие проблеми и заради владата што лично и твојот претходник ја преставување, се ваша заслуга!!!

1martin1 М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Научно патување на етнографот А. Стоилов во Драмско, Кавалско и Правишко

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.