Вторник, 24 Мај 2011    PDF Печати Е-пошта
Претседателот Иванов на аудиенција кај папата Бенедикт Шеснаести

benedikt_ivanov1-1Ватикан уште еднаш ја изрази поддршката кон нашиот народ. Македонија по 43. пат ја продолжува традицијата на чествувањето на сесловенските просветители Кирил и Методиј што папата Бенедикт Шеснаесети особено го потенцира како и значењето за ширењето на христијанството, изјави претседателот Ѓорге Иванов денеска во Рим по приемот од поглаварот на Римокатоличката црква во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

- Ние како државна и црковна делегација дадовме највисоко значење на ова и на тој начин ги продолжуваме овие традиции меѓу Светиот Престол и Македонија и ја негуваме оваа взаемна почит, рече Иванов.

Како што јави известувачот на МИА, претседателот посочи дека папата Бенедикт Шеснаесети е посебно импресиониран од тоа што Македонија е позната по верската толеранција и почитување на различностите. Римокатоличкиот поглавар, како што рече претседателот Иванов, е добро упатен и во состојбите на нашата држава и притоа се интересирал до каде е проблемот за името со  Грција. Токму затоа станало збор и на тет-а-тет средбата на претседателот со папата кој сакал да дознае повеќе детали.

На ауденцијата претседателот Иванов на папата му подари бронзен релјеф со библиска тема, а тој му возврати со златен медалјон од Понтификатот. - Папата беше воодушевен, а неговата елаборација за подарокот импресивна за тоа како изгледа тоа дело, рече Иванов.

Релјефот е тежок 250 килограми, изработен од македонскиот скулптор Маријан Камиловски, а излеан во Фиренца. Темата е инспирирана од сон на Свети Павле кога му се јавува Македонец и го повикува да дојде во Македонија. На тој начин, појаснува скулпторот, христијанството преку Македонија почнува да се шири во Европа.

Ова е втора средба на претседателот Ѓорге Иванов со папата Бенедикт Шеснаести за еден месец. Првата беше по повод беатификацијата на папата Јован Павле Втори. Во Ватикан претседателот Иванов денеска имаше средба и со кардиналот Франческо Монтеризи.

На аудиенција кај папата присуствуваа и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и заменик директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Антон Серечи, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и митрополит европски г. Пимен, како и бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов.

Владиката Петар рече дека МПЦ и Ватикан ги врзуваат повеќе релации меѓу кои е и чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј. Она што е важно за денешно време, како што посочи митрополитот Петар, е фактот што папата и Ватикан даваат поддршка и можност наши дипломирани студенти да доаѓаат на постдипломски студии на Универзитетот „Грегоријана“ во Рим за што искажа благодарност и упати поздрави од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Попладнево, според програмата, македонската делегација во придружба на кардиналот Франческо Монтеризи ќе ја посетат базиликата „Сан Паоло“, каде ќе положат цвеќе на гробот на Свети Павле, а вечер, во рамки на културните содржини на манифестацијата, во театарот „Де Серви“ ќе се изведе претставата за Мајка Тереза, насловена „Светица на темнината“.
 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.