Среда, 02 Декември 2009    PDF Печати Е-пошта
Македонскиот Цар душан - како трн во око
mihail-barak-intro1Во Скопје во 1349 Стефан Душан издава свој Законик, кој, за жал, во оригинал не е зачуван, зачуван, меѓутоа зачувани се десетина преписи и од таму добиваме информации за оваа историска личност.
Душановиот законик започнува со зборовите "Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан, владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји".

Вака гласат загрепскиот (Хрватска), раваничкиот (Србија), софискиот (Бугарија) препис на Душановиот законик. Душановиот законик со Стефан Душан како македонски цар ќе се најде и во книгата на Љ. Стојановиќ: (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi. Knj. III, Beograd 1905, p. 41 (nbr.4949).)

Дури и познатата Едит Дурхам во своето дело "Висока Албанија", прво издание, отпечатено во далечната 1909 година зборува за Македонците, каде што го цитира Душановиот законик "Законик на Цар Душан Македонски, автократ на Србија, Бугарија, Унгарија, Влашка,..” (Edith Durham, "High Albania" First published in 1909, page 294. In London Edward Arnold Publishers to the India Office 1909).
mihail-barak1
Како што можеме да видиме, Цар Душан се прогласил за македонски цар, но не затоа што бил Македонец, туку за некој да се прогласи за цар, император во средновековието морало да ја земе круната на некое царство кое веќе претходно постоело. А кое би било тоа царство ако не Самуиловото!
Знаејќи уште и дека Косара, ќерката на Самоил се омажила за дукљанскиот кнез Јован Владимир, кој беше заробеник на Самоиловиот царски дворец. Сепак, на негова среќа, благодарение на љубовта на Косара, тој е помилуван и станува зет на Самоил,но и дел од фамилијата.

Има ли поголем доказ со кој ќе се оспори тврдењето на некои бугарски историчари дека цар Самоиловата држава била бугарска?

Според средновековните закони, царската круна можел да ја добие само од патријарх. Кога царот Душан завладеал со целата територија на Македонија во неговата држава се нашле две автокефални архиепископии Охридската и Пеќката. Набргу Душан решил да се прогласи за цар. Затоа било потребно Пеќката архиепископија да биде прогласена за патријаршија. Во ова бил помогнат и од Охридскиот архиепископ и од Трновскиот патријарх. Дошле и двата свети синоди како и трновскиот патријарх, и двајцата го прогласиле Јоаникиј II за патријарх, за потоа тројцата црковни великодостојници да го крунисаат Душан за цар. Учеството на Македонскиот поглавар - Охридскиот архиепископ се сметало како замена на цариградскиот патријарх, кој откажал да учествува на крунисувањето. Сите промени во српската држава и црква станувале со учество и благослов на Македонскиот архиепископ. Дали и во овој случај треба да замижиме кога истата таа македонска црква денеска е негирана?

Овој историски податок, во 19 век и сметал на тогашната српска интелегенција, која била во зародиш, па затоа и има бројни фалсификати на српските средновековни документи во нивното преобјавување во 19 век. Франц Миклошич, кој заедно со Вук Караџиќ во светот за прв пат објавуваа документи од средновековната српска историја, во монументалното дело “Monumenta Serbica“, титулацијата на Цар Душан од софискиот и  раваничкиот запис е пренесена како: „Стефан во Христа Бога верен цар грчки“ (F. Miklošič, Monumenta Serbica, str 154). Но, во спомантите преписи на Душановиот Законик, јасно стои "Стефан во Христа Бога верен цар македонски“. Од таму иде и нашиот сомнеж, дека секаде каде што е спомнато македонското име, српските историчари и преобјавувачи на српски средновековни документи од 19-от век, зборот “македонски“ го заменувале со “грчки“ или “ромејски“.

На ова да го надоврземе и историскиот факт за Цар Душан  објавен во најстарата историја за јужнословенските народи  “Historia Turcica“ (1502 година) од дубровчанецот Феликс Петанчиќ,  кој бил минијатурист и управник на Будимскиот скрипториум, а пред се одличен дипломат на дворот на Матија Корвин и Владислав Втори. Во  “Historia Turcica“ стои дека Цар Душан е цар на Македонците и Рашканите т.е. оригинално “Macedonum Rasianorum Caesar“ (Historia Turcica (1502), Municipal Library in Nuremebrg, 31.2). Феликс Петанчиќ (1455-1517) се смета за еден од најдобрите турколози на сите времиња.

За жал, Цар Душан во нашите учебници по историја е претставен како цар на Србите и Грците, т.е. онака како што пропагандата на нашите соседи ни ја сервира нашата историја уште од 19 век.
Понатаму, кралот Волкашин (таткото на Крали Марко) и неговиот брат Углеша во Синодиконот на бугарскиот цар Борил (Boril's Synodicon) од 14 век, е претставен како македонски крал.

Не знам која е причината што во нашите учебници по историја овој факт се премолчува и нашите деца учат дека сегашниве Македонци се чисти Словени, па почнале да се нарекуваат Македонци дури во 19-от век, т.е. ние сме нова нација која ете како Словени сме блиски до Србите и Бугарите, па можеме да се претопиме во нивните нации. Досега не сум видел друга нација, освен македонската, самата да се негира себеси и покрај историските пишани документи и факти за нејзиното постоење.
Помошен линк: http://www.dusanov-zakonik.co.yu/

mihail_barak
Михаил Барак
 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.