Понеделник, 19 Ноември 2012    PDF Печати Е-пошта
МАРнет избира национален кириличен домејн за Македонија

index_copyМакедонските граѓани наскоро ќе може да користат интернет на  македонско кирилично писмо преку нов национален кириличен домејн. За таа цел Македонската академска истражувачка мрежа  МАРнет  на својата  веб страница (www.marnet.mk), денеска постави прашалник кој кириличен домејн најадекватно би ја претставувал Македонија во меѓународното интернет пространство.

Процесот на прибирање предлози ќе трае до 3 декември, по што тие ќе бидат разгледани од МАРнет и ќе се одредат низите кои ги задоволуваат пропишаните технички критериуми. Еден од најбитните услови е низата на карактери која што го означува интернационализираниот врвен домејн значајно да го претставува името на соодветната земја или територија, информираа на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на МАРнет Сашо Димитријевски.

За низа која значајно го претставува името на земјата се смета онаа која е на официјалниот јазик на земјата и го претставува целосното име, дел или некаква кратка форма на името на земјата. По определување на низите што ќе ги исполнуваат сите критериуми за да станат интернационализиран врвен кириличен домејн, ќе бидат ставени на гласање на веб страницата на МАРнет. По завршување на процесот на гласање, што ќе трае еден месец, а во кој ќе може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, здруженија или правни субјекти, предложената низа која ќе освои најголем број гласови ќе биде  ставена во официјалното барање за започнување на процесот за добивање на врвниот кириличен домен за Република Македонија до надлежната меѓународна организацијата ICANN.

Министерот Ивановски апелира граѓаните, невладините организации и сите институции да се вклучат во изборот за да се дојде до најадекватниот домен со кој  Република Македонија ќе биде препознатлива на интернет. Предлозите треба да бидат различни од постоечкиот латиничен домен .mк. Потребно е да се направи нова ознака и дали  тоа ќе биде мкд кирилично,  или .македонија или .маакд, останува на граѓаните,  но ИКАНН го бара доменот што ќе биде на мајчин јазик да биде различен од тој на латинично писмо. Се надевам дека граѓаните  ќе излезат со креативни решенија кои ќе бидат во интерес и на идентитетот и на Република Македонија, истакна Ивановски.

Според директорот на МАРНЕТ, основното правило на ИКАНН  за делегирање и добивање врвен домејн предвидува името со кое ќе се аплицира да произлезе од јавна расправа и тоа јасно да се покаже при процесот на аплицирање.

ICANN како организација што ги контролира домејн  кодовите на највисоко ниво од 2009 година овозможи покрај латинични  да се регистрираат домејн веб страници на повеќе  јазици. Македонија по изборот и регистрацијата ќе биде петта држава  во светот со регистриран кириличен домејн. Моментно свои кирилични национални домејни имаат регистрирано Руската федерација, Србија, Казахстан и Монголија.

Изборот на националниот кириличен домен што го спроведува МАРнет се одвива под мотото „Интернетот учи кирилица да го научиме заедно“.
 

На прво место

News image

Честитки за 10-годишното постоење

Во текот на вчерашниот ден, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја прослави својата 10-годишнина....

Историја

News image

Посебна и проширена држава Македонија

На седницата на Вториот комитет на рускиот цар Николај I, покрај другите, бил разгледан и Мемоарот н...

Иселеници

News image

Од патувањата по Беломорска Македонија (4)

Кога се искачивме по патот на кој има многу свиоци и угорн...

Култура и туризам

News image

До балчак

До балчак (англиски: To the Hilt) — македонски филм од 2014 година во режија на Столе Попов. Филмот ...

Фељтон

News image

Збор-два за христијанство (1. дел)

Во основното индиско верување постои еден познат израз –маја. Маја означува илузија,...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.